Радовиш

Поставени советнички прашања на одржаната седница на советот на Општина Радовиш

Одржана 44 редовна работна седница на Советот на општина Радовиш, во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш .За истата беше предвиден дневен ред од 14 точки и шест точки дополнување.

На почетокот пред усвојувањето на дневниот ред од страна на советничката група од ВМРО ДПМНЕ и од независните советници, реагираа на тоа дали претседателот на Советот Коле Чаракчиев има право да ја води седницата, бидејќи е избран за пратеник на одржаните избори. По што им беше приложено  одреден  докумант, со кој се докажува дека до одржувањето на конститутивната седница  на Собрание за врификација на претенички мандати,   тој може да ја води седницата.  По што се разви кратка дискусија, за тоа кој ќе биде претседател на Советот во наредниот период, при што беше констатирано  дека идниот претседател, треба да се избере со гласање на советниците на наредната седница.

Советникот Трјче Ивановски излезе со предлог да се формира комисија за проценка на штета на земјоделските посеви  погодени од последното невреме, кое ги зафати наслените места Војславци и Ињево. На што претседателот Чаракчиев рече дека комисијата е формирана и треба само да се побара да излезе на терен.

По усвојувањето на дневниот ред како прва точка беше предвидено советнички прашања во која беа поставени неколку прашања од советниците пред се од интерес за сите граѓани.

Во продолжение  беа разгледани и усвоени неколку годишни извештаи и предлог одлуки, како Годишен извештај за работа на Центарот за развој на ЈПР за 2019, Кварталниот извештај за реализација на Буџетот на Општина Радовиш  за вториот квартал од 2020 година,  а беа донесени  и неколку Предлог одлуки.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago