Свет

Коронавирусот усмрти повеќе од 659.000 луѓе во светот, богатите земји склучуваат договори за набавка на вакцина

Респираторната болест која ја предизвикува новиот коронавирус SARS-CoV-2, усмрти повеќе од 659.000 луѓе во светот и ги опустоши економиите во голем број држави. Досега не е одобрена ниедна вакцина за Covd-19.

Велика Британија потпишала договор за набавка на 60 милиони дози на можната вакцина за Covid-19 која ја развиваат компаниите „Sanofi“ и „GlaxoSmithKline“, пренесува Reuters. Станува збор за првиот договор на двете компании за испораки на експерименталната вакцина за Covid-19 на некоја земја

Како што соопштуваат компаниите, доколку клиничките резултати бидат позитивни, се очекува одобрение од регулативното тело за нивната вакцина во првата половина од 2021 година. Уште пред вакцините да бидат произведени случени се зделки вредни милиони евра.

Обединетото кралство обезбеди 30 милиони дози од потенцијалната вакцина на „БиоНтех“ и на „Фицер“, има и засебна зделка со „АстраЗенека“ за 100 милиони дози. „АстраЗенека“ исто така има договори со уште четири држави од ЕУ – Франција, Италија, Холандија и Германија, за купување на вкупно 400 милиони дози.

САД пак склучија три договори – со „БиоНтех“ и „Фицер“ (вреден безмалку две милијарди долари) за 600 милиони дози, со „АстраЗенека“ за 300 милиони дози и со „Новавакс“ за 100 милиони дози.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago