Connect with us

Конче

Утре ќе се одржи инфо ден од програмата ИПАРД 2014 – 2020 во Општина Конче

Avatar

Published

на

Општина Конче ќе биде домаќин на инфо ден– како дел од програмата ИПАРД 2014 – 2020 организиран од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Истиот ќе се одржи утре, односно на  28.07.2020 година (вторник) во дворот на Општина Конче со почеток во 11:00 часот.
„Воедно ги покануваме сите засегнати страни да учествуваат, со цел да се надгради нивното знаење и како крајна цел да се добијат квалитетни апликации за ИПАРД програмата согласно јавните повици кои се во тек (МЕРКА 1)“ стои во известувањето од  Подрачното одделение од Радовиш.
Од каде ги покануваат земјоделците, преработувачите, земјоделското стопанство и сите останати потенцијални корисници на ИПАРД програмата, да земат учество на инфо деновите, заради поголема информираност.

Настанот ќе биде организиран согласно протоколот според кој  се одржуваат овие настани. Истиот е изготвен според упатствата на Владата усвоени со Уредба за време на пандемија и препораките на Комисијата за заразни болести.

Конче

Градоначалникот на Општина Конче со апел до граѓаните да не ги ОПОЖАРУВАТ (палат) своите земјоделски површини и пошумени имоти

Avatar

Published

на

Градоначалникот на Општина Конче Златко Ристов, со апел до граѓаните да не ги ОПОЖАРУВАТ (палат) своите земјоделски површини и пошумени имоти.

„Почитувани граѓани на Општина Конче , би сакал да упатам апел до сите граѓани кој што обработуват земјоделски површини и сите оние граѓани кои од други причини имаат потреба да се движат по шумските делови и земјоделските површини , да не ги ОПОЖАРУВАТ (палат) своите земјоделски површини и пошумени имоти . Како резултат на таквата негрижа во вчерашниот ден беше предизвикан шумски пожар од кој беше предизвикана огромна материјална штета на дабова шума во м.в ,,Брестиви дол” , атар на село Габревци!!!“ стои во апелот од градоначалникот Ристов.

Прочитај повеќе

Конче

Поставување на нова урбана опрема во населените места во Општина Конче

Avatar

Published

на

Општина Конче деновива започна со поставување на нова урбана опрема во населените места во општината. Според градоначалникот Златко Ристов ќе биде поставена урбана опрема во централните подрачја на сите населени места со цел да се подобрат условите на граѓаните.

Прочитај повеќе

Конче

Голем број на посетители на Изложбата на aвторката Лејла Куртов “Рурална жена низ објективот” во Општина Конче

Avatar

Published

на

Вчера во Домот на Култура во Општина Конче се одржа првата самостојна изложба на дигитална фотографија со која авторката Лејла Куртов полека но сигурно ги крши стереотипите на нашето општество за тоа што претставува руралната жена.

На изложбата на авторката Лејла “Рурална жена низ објективот” која се одржа во домот на културата во Општина Конче, присутни беа голем број посетители.

Настанот беше збогатен со настап на КУД Конче, како и вкусните специјалитети со кои Општина Конче се гордее.

Покрај фотографиите , посетителите имаа прилика да видат и краток Документарен филм на кој се прикажани културните богатства на оваа Општина, но и животните приказни на овие моќни жени .

Овој настан беше предводен од Модераторот Златко Јанкулов и презентерката на “Животните приказни на руралните жени” Катерина Василева .

Авторката вели дека ова е само еден убав почеток , а инспирацијата за нови настани и изложби ја црпи од преголемото културно богатство кое го поседува Општина Конче.

Прочитај повеќе