Економија
Од утре започнува предвремената исплата на пензиите
Published
4 години agoна
By
Media PressМинистерството за труд и социјална политика известува дека исплатата на пензии за месец јули почнува од вторник, 28 јули.
Сите пензионери кои не користат картички, пензијата ќе можат да ја подигнат од филијалите и експозитурите на банките во четири групи поделени според висината на пензијата:
– Во вторник, на 28.07.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;
– Во среда, на 29.07.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;
– Во четврток, на 30.07.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
– Во петок, на 31.07.2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.
Пензионерите кои користат картички, средствата можат да ги користат од утре, вторник 28 Јули. Тие можат да подигнат пари од банкомат, да ги користат средствата за плаќање на ПОС терминали и електронски плаќања
Поврзани содржини
Министерот Велковски во Радовиш: Пензионерите се оставени да преживуваат со по 13.000 до 14.000 денари
По отворањето на клуб на пензионери во с.Ракитец, отворен клуб на пензионери и во Долни Липовиќ
Здравствен дом – Радовиш потпиша Меморандум за соработка со ЗПОРК, повеќе бесплатни прегледи во 2024 за пензионерите
Пензиите ќе се зголемат за околу 6%, за толку се обезбедени средства во Буџетот со прераспределбата
Демократскиот сојуз предлага минималната пензија да изнесува 300 евра
Тренчевска порача дека барањата на пензионерите ќе бидат разгледани, ќе се разговара за сите отворени прашања
Економија
Се зголемуваат цените на горивата од ноќеска на полноќ
Published
4 недели agoна
март 25, 2024By
Media PressМалопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,979 ден/кг и сега ќе изнесува 44,776 ден/кг.
Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува.
Спред тоа, од 26.3.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 95 – 85,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 98 – 87,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) -77,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) -76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС- 44,776 (денари/килограм)
Економија
По зголемувањето од 78% повторно зголемување на платите на функционерите од 300 до 500 евра
Published
2 месеци agoна
февруари 23, 2024By
Media PressНово покачување на функционерските плати. Ова зголемување ќе биде во зависност од позицијата а се работи за средства од 300 до 500 евра.
Со новото зголемување, претседателот на државата ќе зема околу 3 илјади евра плата, слична сума ќе има и премиерот, додека пратениците над 2 илјади евра.
Зголемување на функционерските плати ќе има редовно секоја година бидејќи Уставниот суд ја укина фиксната основица, па сега, како расте просечната плата, така ќе растат и платите на министрите, судиите, обвинителите, градоначалниците, односно на вкупно 1.060 функционери.
Додека повеќето граѓани земаат минимална плата од околу 400 евра функционерите земаат пет пати повисока плата од обичниот работник, а цените во трговските и во услужните дејности се за сите исти. Затоа постои незадоволство кај граѓаните, кое го изразуваат само во меѓусебни разговори и во коментари на социјалните мрежи. Младите таквиот револт го изразуваат со иселување во странство, во потрага по подобар живот.
Економија
Од утре поевтинуваат бензините и дизелот
Published
6 месеци agoна
октомври 9, 2023By
Media PressЕУРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1) од полноќ поевтинуват за три, а бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за 2,50 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Според тоа, новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 83 денари, на Екстра лесното масло за домаќинство 82 денара. ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 81, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 83,00 денари за литар.
За 0,886 денари се намалува и цената на Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 45,087 денари.