Connect with us

Спорт

Извлечени паровите за Првата Македонска Фудбалска Лига

Media Press

Published

on

Денеска во просториите на Фудбалската федерација на Македонија се одржа извлекувањето на тимовите за натпреварувачката сезона 2020/21 во првата македонска фудбалска лига.

Извлечени беа натпреварувачките парови за распоредот на сите натпревари за новата сезона. во ПМФЛ учествуваат 12 клубови и на извлекувањето се изготви распоредот во сите 22 кола од ова натпреварување.

Тимските двојки во првото коло се:

Шкупи – Шкендија
Македонија ЃП – Работнички
Беласица – Силекс
Пелистер – Академија Пандев
Вардар – Борец
Ренова – Струга

Првото коло натпревари ќе се играат на 9 Август со што стартува новата сезона на првата македонска фудбалска лига

Спорт

Закажани термините за Европското првенство во фудбал

Media Press

Published

on

Новиот распоред за Европското првенство во фудбал е потврдено заедно со 12 градови во кои ќе се играат натпреварите.

Според грепките одредени се и групите во кои ќе се натпреваруваат репрезентациите:

Група А: Турција, Италија, Велс и Швајцарија
Група Б: Данска, Финска, Белгија и Русија
Група Ц: Холандија, Украина, Австрија и Македонија
Група Д: Англија, Хрватска, Шкотска и Чешка
Група Е: Шпанија, Шведска, Полска и Словачка
Група Ф: Унгарија, Портуалија, Франција и Германија

Нашата репрезентација ќе одигрува натпревари во групата Ц на 13, 17 и 21 Јуни.
Натпреварот против Аустрија ќе се одигрува во Букурешт на 13 Јуни во 18:00 часот
Натпреварот против Украина ќе се одигрува во Букурешт на 17 Јуни во 15:00 часот и
Натпреварот против Холандија ќе се одигрува во Амстердам на 21 Јуни во 18:00 часот

Continue Reading

Спорт

Претседателот на Србија, Вучиќ, го честиташе пласманот на македонската фудбалска репрезентација на Европско Првенство

Media Press

Published

on

Српскиот претседател Александар Вучиќ, на македонските репрезентативци им честиташе голема победа над Грузија со резултат 1:0. Со оваа победа Македонија за првпат ќе се натпреварува во Европското првенство во фудбал.

„Им честитам на сите граѓани на Северна Македонија за историскиот успех и пласманот на фудбалската репрезентација на Европското првенство. Ние, граѓаните на Србија, со сето срце ќе бидеме со вас“ – напиша претседателот Вучиќ на фејсбук

Заедно со пораката, Вучиќ на фејсбук и инстаграм постави заедничка слика од знамињата на Македонија и Србија

Continue Reading

Македонија

Историски успех на Македонската фудбалска репрезентација, сите фудбалери ќе бидат наградени со по 10 000 евра

Media Press

Published

on

Голем број граѓани  синоќа во Скопје и во останатите градови во Македонија, со нивните автомобили излегоа низ улиците на градот за да ја поздрават фудбалската репрезентација и да го прослават историскиот успех, пласманот на Европското првенство. Пресуден беше голот на струмичанецот Горан Пандев. Од сите страни  можеше да се слушнат навивачки песни, но и скандирање на името на капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев.  

Историски успех на Македонската фудбалска репрезентација! Браво момци, се гордееме со вас! #ОдимеНаЕвропско! напиша претседателот Стево Пендаровски на социјалните мрежи.

Премиерот Зоран Заев кој синоќа ја пречека Македонската фудбалска репрезентација на граница,најави дека сите членови на фудбалската репрезентација ќе бидат наградени со по 10.000 евра.

„ Голема е радоста што вечерва ја преплави целата земја.Оваа радост ја донесоа македонските фудбалски јунаци кои ги оставија срцата на теренот во Тбилиси и донесоа победа која македонската историја не ја памети до сега, со што Македонската фудбалска репрезентација ќе учествува на Европското фудбалско првенство.

Целата држава, сите македонски граѓани ја споделуваат радоста за успехот на фудбалската репрезентација.Еден гол за сите, една победа за сите! Така е кога заедно играат Македонци, Албанци, Турци… во исти дресови, под исто знаме и за заедничката татковина. Ова покажува дека само заедно можеме еден за сите, сите за еден.Јас и првиот вицепремиер Артан Груби сме овде да ја споделиме радоста и да ви укажеме чест и да ви соопштиме дека во името на Владата и на граѓаните, сите членови на фудбалската репрезентација ќе бидат наградени со по 10.000 евра.

Ова е успех достоен за големо славење, но должен сум да апелирам и да замолам и вие да го направите истото и да апелирате и во овој момент да се почитуваат мерките за заштита од КОВИД-19 кои забрануваат собири“, истакна Заев.

„Победа вредна 30 години и историски резултат. Честитки за јунаците кои со срце, вложена сила и талент покажаа дека Македонија може големи работи. Македонија ви се поклонува. Колку сме, толку сме, токму сме. Ние сме Македонци.Напред Македонијо!“ напиша лидерот на ВМРО -ДПМНЕ Христијан Мицкоски на социјалните мрежи.

🇲🇰

Continue Reading