Connect with us

Технологија

Хакирани веб страниците на Министерството за Здравство и Министерството за Образование

Media Press

Published

на

Официјалната веб-страница на Министерството за здравство не функционира, станува збор за хакерски напад кој синоќа ја сруши и официјалната веб страница на Министерството за Образование .

Од таму соопштуваат дека не функционираат ниту службените мејлови на вработените во институцијата.

Целата одговорност за хакерските напади ја презеде групата која стои зад профилот„anonopsmkd“, која исто така ја презеде и одговорноста и за паѓањето на страницата на Тајм.мк.

„Сите медицински лица кои во моментов се во болниците и се борат 24/7 за сите македонци заболени со ковид-19, ви симнуваме капа и ви се поклонуваме до земја. Секоја чест“, напишаа хакерската група AnonOpsMKD.

Технологија

Презентиран новиот дигитален македонски туристички водич во рамки на Проектот за локална и регионална конкурентност

Media Press

Published

на

Во насока на зголемување на искористеноста на капацитетите во секторите туризам и угостителство, денес Сојуз на стопански комори на Македонија организираше презентација за дигитален маркетинг во туризмот и практична обука за користење на новата дигитална платформа „Македонски Туристички Водич“, како дел од активностите на потпроектот „Промоција на информатички технологии за развој на туризмот“, финансиран во рамки на Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК).

„Во изминатиот период континуирано со членовите на Сојузот се согледуваа предизвиците со кои се соочени во време на криза, со цел изнаоѓање на соодветни мерки за поддршка и ублажување на нејзините ефекти врз стопанството. Потребата од дигитализација се покажа за неопходна при адаптација на новите услови, со сите пропратни алатки и можности во секојдневното работење на компаниите. Организиравме презентација за поддршка и зголемување на искористеноста капацитетите во секторите туризам и угостителство, со цел да се зголеми искористеноста на дигиталната платформа „Македонски туристички водич“. Искрено се надевам дека оваа платформа ќе биде најпрепознатлива платформа за сите релевантни податоци за туризмот од нашата држава.“, изјави Владимир Граматиков, претседател на Туристичко-угостителска комора на Македонија при Сојуз на стопански комори на Македонија.

На презентацијата учесниците се запознаа за состојбата и трендовите во туризмот во последната деценија и состојбите од аспект на дигитализацијата, со цел трансформација на туристите од „пасивна публика“ во активни учесници кои креираат содржина, соработуваат и допринесуваат за туризмот. Потенцирана беше важноста што голем дел од туристите знаат што бараат и имаат потреби и желби за специјализирани туристички производи, кои најчесто ги бараат преку интернет. Затоа учесниците се запознаа со информациите и можностите за зголемување на користењето на дигиталниот маркетинг, креирање и промоција на различни содржини, оптимизацијата и можностите, трендовите и препораки за маркетинг преку социјалните мрежи.

Дополнително беше презентирана новата веб ГИС апликација за развој на туризмот „Македонски туристички водич“ која претставува интеграција на просторни податоци релевантни за туризмот и овозможува корисниците да може да пребаруваат разни категории и податоци за туризмот.

Преку апликацијата www.tourism.mk секој може да пронајде локација од интерес, да го испланира своето патување, да генерира рута од една до друга точка, да идентификува интересни попатни локации на таа рута и да ја истражи околината. Презентацијата е реализирана во рамки на Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК), финансиран од Европската Унија администриран преку Светската Банка, а се спроведува преку Кабинет на Заменик Претседателот на Владата задолжени за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции.

Прочитај повеќе

Технологија

Системот за пораки на Facebook, Instagram и WhatsApp се спојува во една апликација

Media Press

Published

на

Од „Facebook“ уште претходната година најавија дека апликациите „Messenger“, „WhatsApp“ и „Instagram“ ќе бидат споени во заедничка платформа за размена на пораки.

Веќе корисници во САД забележуваат дека после ажурирање на апликацијата „Instagram“ на најголемите оперативни системи iOS и Android им се менува изгледот на вградениот систем за размена на пораки.

После ажурирањето, освен изгледот на апликацијата се добиваат и опциите од „Messenger“
односно реакции со емотикони на пораки и одговарање на специфични пораки како во „WhatsApp“.

Со ова започнува фазата на тестирање на дологорочниот план на „Facebook“. Односно, спојување на сите платформи за пораки во една со цел да се овозможи полесна комуникација меѓу нив. Според плановите на „Facebook“, целиот систем се очекува да стапи во функција во текот на 2020 година.

Прочитај повеќе

Технологија

Најновата технологија на брзо полнење допринесува до 50% полнење на батеријата за пет минути

Media Press

Published

на

Qualcomm® Quick Charge™ технологијата е број еден метод за брзо полнење. Петата серија на оваа технологија е најбрзото светско комерцијално решение кое носи неверојатни резултати со полнење на телефоните до 50% за околу пет минути со нови технологии и безбедносни карактеристики.

Од компанијата истакнуваат дека Qualcomm® Quick Charge™ 5 во споредба со претходната генерација доаѓа со 70% поголема ефикасност и многу поголема брзина на полнење на батеријата. Ова се однесува на “dual charging” решението, кое всушност батеријата ја дели на две 2250mAh ќелии, кои се поврзани за да се зголеми напонот.

Оваа технологија доаѓа со два пати поголеми брзини и многу нивоа на заштита. Поставени се осум нивоа на наднапонска заштита, три нивоа на термичка заштита и три нивоа на прекуструјна заштита во системот на полнење.

Прочитај повеќе