Connect with us

Радовиш

Ќе се започне со изградба на локалниот пат Прналија-Супурге

Media Press

Објавено на

Министерството за транспорт и врски во склоп на проектот за поврзување на локални патишта го објави тендерот за локалниот пат Прналија-Супурге во должина од 3 км.

Тендерот е објавен на 18.07.2020 и трае до 18.08.2020 година.

Целиот проект ќе се гради во 5 фази.

Почеток ОПШТИ РАБОТИ

  • Поставување на траса и изработка на цртежи
  • Изработка на план за контрола на квалитет
  • Дополнителни геотехнички истражувања и лабораториски тестирања
  • Дислокација на објекти 
  • Изработка на проект на изведена состојба
  • Изработка или подобрување на објекти за чувствителните групи на корисници
  • Одржување на сообраќајна сигнализација за време на изведба на градежните работи.
  • Изработка на Сообраќаен проект за времен режим на сообраќај

Прва фаза ПРИПРЕМНИ РАБОТИ

  • Обележување и осигурување на трасата
  • Дислокација на бандери
  • Сечење на асфалтна конструкција за спој со постоечки асфалт нормално и паралелно на осовината при вклопување со постоечкиот асфалт, сечење со пила до 20 см.
  • Рачно премачкување на слоевите помеѓу стар и нов асфалт со битуменска емулзија ПБ-200 

Втора фаза ДОЛЕН СТРОЈ

  • Ископ на хумус и насипан материјал со транспорт во депонија
  • Ископ на земја во широк откоп на траса со попречно буткање складирање до 60 см
  • Ископ на земја во широк откоп на траса со транспорт во депонија
  • Набивање на подтло
  • Изработка на насип од земјан материјал
  • Изработка на постелица-планум на долен строј
  • Планирање на косини

Трета фаза ОДВОДНУВАЊЕ

  • Ископ на канавки (утовар и транспорт до депонија)
  • Изработка на бетонски канавки МБ40 на подлога од песок 30/30/30
  • Изработка на БЦП комплет со армирано бетонска глава и казанче ф-800

Четврта фаза ГОРЕН СТРОЈ

  • Набавка, транспорт и вградување на тампонски слој од дробен камен Д=30 см
  • Изработка на БНХС 16 А д=7.0 см.
  • Изработка на банкини со механичка стабилизација од дробен камен од д=30 см.
  • Изработка на асфалтни риголи БНХС 16А (50см/д=7 см.) комплет со рабник 18/24 врз подлога од бетон МБ 20

Петта фаза ВЕРТИКАЛНА И ХОРИЗОНТАЛНА СИГНАЛИЗАЦИЈА

  • Набавка и поставување на насочници
  • Набавка и поставување на знаци за опасност – комплет – со страна 60 см
  • Набавка и поставување на знаци за изричита наредба – комплет 
    – со страна 60 см
    – со дијаметар 60 см

Радовиш

Малолетник физички ја нападнал неговата мајка

Media Press

Published

на

На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА

Avatar

Published

на

МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:

ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)

УСЛОВИ ЗА РАБОТА:

Пријатна и колегијална работна средина

Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа

3 слободни дена во неделата

Одлична / Екстра плата

Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:

078/314-801

МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.

Прочитај повеќе

Радовиш

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш

Media Press

Published

на

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.

Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.

Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.

Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.

Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Прочитај повеќе