Радовиш
ЈП „Плаваја“ со препораки за управување со отпад за лица во карантин или изолација
Објавено на
Од
Media Press
Имајќи ја во предвид состојбата со ширењето на вирусот SARS COV-2 во нашата општина, а во согласност со протоколите кои се усвоени за спречување на заразата и ширењето на болеста Ковид-19, ЈП „Плаваја“ издава препораки за управување со отпад за лица во карантин или изолација.
- Личниот отпад (хартиени марамчиња, крпи за чистење, маски или ракавици) се одлага безбедно во вреќи за еднократна употреба!
- Вреќите со отпад се препорачува да се наполнети 2/3 од нивниот капацитет, спакувани во втора вреќа и запечатени, се безбедни за одлагање во вообичаениот контејнер за отпадоци во домакинството
- Другиот отпад од домакинствата се отстранува како и вообичаено
Сите семејства кои се во карантин или самоизолација доколку имаат потреба од дополнителна помош или информации во врска со постапувањето со отпадот може да се јават на телефонскиот број 071-396-024.
ЈП„Плаваја“ им посакува лесно и брзо закрепнување на сите наши сограѓани кои ја имаат болеста Ковид-19, а на останатите да ги почитуваат мерките и препораките и да останат во добро здравје.
Поврзани содржини

JАВНОЗДРАВСТВЕНИ ПРЕПОРАКИ ЗА БРЕМЕНИТЕ ЖЕНИ ПРИ ТОПЛО ВРЕМЕ

ЈП Плаваја со факти и докази дека редовно се одржува депонијата во Радовиш

ЈП ПЛАВАЈА СО ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО КОРИСНИЦИТЕ

ЈП ПЛАВАЈА: ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО КОРИСНИЦИТЕ ОД НАСЕЛБА КУКЛЕВИЦА И РАКЛИШ

Кривична пријава против седум лица од Струмица поради „загрозување на животната средина со отпад“

ЈП Плаваја: Со вода за пиење наводнувал 3–4 декари тутун со распрскувачи
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

