Connect with us

Радовиш

Апел од Општина Радовиш за одговорно однесување и заштита од пожари

Александар | Media Press

Published

on

Градоначалникот Герасим Конзулов апелира до сите граѓани да се однесуваат одговорно и да ги превземаат сите неопходни мерки за заштита од пожари.

  • Да не се пали оган на отворен простор и во шума
  • Да не се пали стрништа и меѓи
  • Да не се фрла шишиња и стаклен отпад
  • Да не се пали отпад и друг горлив материјал

Сите опасни и незаконски дејствија да се пријават на 193 или 192.

Радовиш

17 радовишани во изминатото деноноќие заработиле казна поради не носење заштитна маска, Владата размислува за зголемување на казните

Виолета | Media Press

Published

on

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (23/24.09.2020), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 50 лица не ја почитувале меркат, од кои 18 вo Гевгелија, 17 во Радовиш, 8 во Валандово и 7 во Струмица и ќе следуваат соодветни мерки.

Владата размислува дали да го зголеми износот на казните за неносење маски за заштита од  КОВИД-19, обемот на работа на полицијата во таа насока е зголемен и ќе има се повеќе контроли и во угостителските објекти и на собирите на граѓаните, информира денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Continue Reading

Радовиш

Во Радовиш, промоција на проектот „Ослободи го умот од корупција“, по повод Светскиот ден за борба против корупцијата

Виолета | Media Press

Published

on

Во центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш денеска беше извршена промоција на проектот „Ослободи го умот од корупција“  или како што е наречен  „Развој“, по повод Светскиот ден за борба против корупцијата, 9 декември. Проектот е подржан од ЕЛС општина Радовиш во соработка со Министерството за локална самоуправа и Здружението „Театар-Боеми“ и истиот започна со реализација на интерактивната претстава „Хепи Хипо Шоу“ – како прва предвидена активност.

„Проектот е составен од интерактивна театарска претстава, докумантарен филм, истражување, научна студија и социјална мрежа за долгорочно суштинско надминување на корупцијата во нашата земја“, рече раководителот на проектот д-р Нелко Нелковски.

„Се надевам дека со реалзиацијата на овој проект, сите заедно ќе дадеме значаен придонес како за нашата општина така и за државата“, рече директорката на Центарот за Култура Ацо Караманов, Изабела Ангелова.

Здружението на граѓани Театар „Боеми“ ќе спроведе дванаесетмесечен проект за едукација на претставници на релевантни институции во земјата и избрани младински претставници за градење на правично и демократско општество без корупција.Во иднина ке следува формирање на локален Совет, анализирање на Програмите за развој на општината и уште многу предвидени развојни активности во проектот.

На крајот од промоцијата, пред Центарот за култура „Ацо Караманов“ беше засадено дрво – јавор, кое значи дрво на животот и кое симболично ќе биде дрво на развојот на општината.

Continue Reading

Радовиш

Ињево доби две нови улици, со што значително се промени урбаниот изглед на селото

Виолета | Media Press

Published

on

Општина Радовиш продолжува со реализација на инфраструктурни проекти како градот така и во наслените места. Деновиве беа асфалтирани и целосно завршени двете нови улици во Ињево, а за овие три години во с.Ињево се направија три нови улици. Селото доби нов изглед со вложување во уличната инфраструктра, вели градоначалникот Герасим Конзулов.

Со изградбата на овие улици значително се подобрија условите на жителите од ова населено место и целосно им е олеснета пристапноста до своите домови. Како што информираат од општината во овој период во тек е изградбата на улици и во други населени места како и во градот Радовиш.

Continue Reading