Македонија

РСБСП: Се организира летна школа за млади мотоциклисти

Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ги повикува сите млади да се приклучат на едукативната акција насловена како „Летна школа за млади мотоциклисти“.

Акцијата ќе се состои од два дела:
– Теоретска настава која ќе биде организирана online;
– Полагање на тест за познавање на сообраќајните правила и прописи.

Право на учество имаат сите лица на возраст од 16 до 18 години кои не поседуваат возачка дозвола од АМ категорија.    ­­­­­

Рокот за поднесување на апликацијата ќе биде отворен до 05.08.2020 година, пријавата се поднесува е-маил адресата: edukacija@rsbsp.org.mk.

Од РСБСП известуваат дека секој од учесниците кои ќе се пријават за учество ќе добијат соодветни материјали за учење. Исто така ќе добијат дополнителни информации за начинот и времето за следење на online наставата и тестирањето.

Ќе бидат доделени ваучери за полагање на АМ категорија за најдобрите 5 кандидати од тестирањето. Најдобрите 15 (вклучително и првите 5 кои добиле ваучер за полагање) ќе добијат ваучер за бесплатна обука во автошкола за АМ категорија и истите ќе бидат со времетраење од една година односно ќе треба да се искористат до 31 август 2021 година.

Сите прашања поврзани со едукативно превентивната акција „Летна школа за млади мотоциклисти“ заинтересираните лица може да ги достават  на следнава e-mail адреса: edukacija@rsbsp.org.mk

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago