Радовиш
Општина Радовиш повторно ќе поставува системи за дезинфекција на возилата на влезот од градот
Објавено на
Од
Media Press
Кризниот штаб за заштита и спасување на Општина Радовиш на 22.07.2020 година одржа состанок за разгледување на новонастанатата состојба со враќањето на вирусот Ковид-19 во општината и ги донесе следните заклучоци и активности:
- Поставување на два системи за дезинфекција на возилата на двата влеза во градот т.е кај булеварот „Александар Македонски“ и влезот кај поранешната Јака Табак (Монополот);
- Аеросолна дезинфекција на сите улици во градот и населените места;
- Вработените во угостителските и трговските објекти како и сите останати се должни да ги почитуваат мерките за заштита и задолжително да носат лична заштитна опрема;
- Трговците во градскиот пазар се должни да носат лична заштитна опрема и максимално да ги почитуваат мерките за физичко дистанцирање.
Се апелира до граѓаните да покажат одговорност за заштита на личното и колективното здравје на нашата заедница со максимално почитување на мерките.
Поврзани содржини

На три лица од Југоисточниот регион кои вчера возеле без возачка дозвола полицијата им ги одзела возилата

Состанок на Кризниот штаб во Општина Конче, по повод периодот со високи температури, упатен апел и до граѓаните

Акција на Интерпол во 77 држави против криминал со моторни возила

На граничните премини за влез и за излез од државата се чека околу 30 до 40 минути

Расте бројот на Ковид- позитивни и во Радовиш, 13 нови случаи во денешната евиденција, во Струмица 47

Во контроли на СВР Струмица за пречекорувања на брзината казни за 76 возачи во регионот
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

