Connect with us

Политика

Измени на партискиот Статут на ВМРО-ДПМНЕ

Александар | Media Press

Published

on

Политичката партија „ВМРО-ДПМНЕ“ следејќи ги современите искуства на големите европски десничарски партии, со одлуки на највисоките тела, на Извршниот и на Централниот комитет, се определи за измени на партискиот Статут со што се воведува најголем степен на демократија во носењето на партиските одлуки.

„Новите измени се револуционерни во насока на поголема демократија во водењето на партијата, повеќе право на одлучување на комитетите и членовите во водењето на политика. ВМРО-ДПМНЕ се одлучи за непосреден избор на претседател и раководство на Општинските Комитети директно од членството, понатаму демократски избор на идни државни функционери, кандидати за градоначалници.

Во насока на прогресивност и демократизација, се воведуваат нови органи и тела партијата, Унија на ветерани, како и форум на интелектуалци, а се  ограничува и правото на реизбор на претседател на партијата и на други функционери.“ – појасни на прес конференција Ружица Николовска

Таа дополнува дека во овој статут се потенцира важноста на рамномерната застапеност на жените и мажите во рамки на органите и телата на партијата, како и воедно застапеноста на младите во внатрепартиските структури.

Се ограничува мандатот на Претседателот на партијата, Претседателите на Општинските Комитети, како и на претседателите и членовите на сите органи и тела кои се бираат на Конгрес, во новиот Статут им го ограничува нивниот мандат на 4 години, при што максимум на истата функција, еден од овие функционери може да се задржи најмногу три мандати и тоа под услов да третиот мандат е избран од страна на партиските органи и тела со 2/3 мнозинство и со овој Статут, мандатот на сите останати партиски функционери во сите органи и тела на партијата се ограничува на 2 години.

Новиот Статут на партијата не предвидува почесни членови и почесни претседатели на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија

Именувани замениците-министри во Владата, на предлог на претседателот Заев

Виолета | Media Press

Published

on

На предлог на претседателот  Зоран Заев, Собранието ги именуваше замениците-министри во Владата.

– Башким Хасани, е избран за заменик на министерката која раководи со Министерството за одбрана,
– Назим Буши, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за внатрешни работи,
– Димитар Ковачевски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за финансии,
– Агим Нухиу, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за правда,
– Илхан Рахман, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците,
– Фатмире Исаки, за заменичка на министерот кој раководи со Министерството за надворешни работи,
– Зоран Маневски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за економија,
– Трајан Димковски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,
– Илир Хасани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за здравство,
– Арафат Шабани, за заменик на министерката која раководи со Министерството за образование и наука,
– Енвер Хусејин, за заменик на министерката која раководи со Министерството за труд и социјална политика,
– Зоран Димитровски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за локална самоуправа,
– Седат Сулејмани, за заменик на министерката која раководи со Министерството за култура,
– Александар Бајдевски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за информатичко општество и администрација,
– Беким Реџепи, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за транспорт и врски и
– Христина Оџаклиеска, за заменичка на министерот кој раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање.

На именувањето на замениците на министрите во Владата, му претходеше обраќање на претседателот на Владата Зоран Заев, во кое тој образложувајќи ја предлог-листата со 16 заменици-министри, изрази уверување дека предложените кандидати, совесно и со најголема посветеност и одговорност, ќе ги извршуваат своите работни обврски согласно законот и определбите на Владата на РС Македонија за остварување на нејзината Програма и за остварување на стратешките интереси на држвата, како и интересите на сите нејзини граѓани.

„Сега е време да доработиме и да сработиме. Да ја исполниме нашата обврска да го испорачаме ветеното. Заедно со вас пратениците, со граѓаните, да продолжиме да пишуваме успешни страници за иднината, на нашата демократија и заедно да го чекориме патот до подобра иднина за сите“, истакна премиерот Заев на собраниската седница, на која ја претстави листата на заменици-министри во Владата.  

Continue Reading

Македонија

[Левица]: Поднесени осум тужби против Собранието на РМ

Виолета | Media Press

Published

on

Политичката партија Левица со Соопштение до јавноста за поднесените тужби пред Управен суд за поведување управен спор заради непочитување на процедурата за верификација на мандатите на осум пратеници во кое се вели:

„Политичката партија Левица и нашите двајца пратеници во Собранието на Република Македонија, во законски предвидениот рок од 30 дена, поднесоа осум поединечни тужби пред Управниот суд против Собранието на РМ, како јавен орган, за поведување управен спор заради непочитување на процедурата за верификација на мандатите на следниве осум пратеници: Бедри Фазли и Фисниќе Бектеши Шаќири од ДУИ, и Драгица Ѓавочанова, Зеќир Рамчиловиќ, Белкиса Зеќири, Славјанка Петровска, Снежана Калеска Ванчева и Мирослав Богдановски од владејачката коалиција „Можеме“.

Тужбите, со кои се бара поништување на овие спорни поединечни управни акти и враќање одново на процедурата за верификација, се поднесени врз освнова на чл. 3, ст. 1, ал. 4–5, а во врска со чл. 4, ст. 1, ал. 1 од Законот за управните спорови (2019), а како причина за утужувањето се наведени и документирани апсолутно суштествени и неотстранливи процесни повреди на постапката – т.е. бидејќи во постапката која му претходеше на носењето на актите флагрантно се прекрши процедурата за верификација на мандатот на нов пратеник за остаток од мандатот, кој доаѓа на местото на друг пратеник од истата кандидатска листа и воопшто не се постапи според правилата на постапката кои се детално регулирани со закон и со Деловникот на Собранието.

Во прилог на оваа наша теза, дека има неотстранливи „грешки во чекори“ во процедурата, говори и фактот што самото Собрание на РМ, по нашите процедурални интервенции на пленарната седница, си ја увиде својата флагрантна грешка и повреда на чл. 17 од Деловникот, па после првата спорна тура на вакви осум контроверзни верификации, веќе во следните два идентични случаја на верификација на остаток на мандат (на пратениците Емилија Рамбабова и Диме Велковски) – го поправи своето недопустливо однесување, доставувајќи не коректен Извештај од непостоечката Верификациона комисија, туку од надлежната Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања – што, пак, доведува до еклатантна повреда на уставното начело на владеење на правото и правната сигурност, затоа што за една иста пропишана фактичка и правна ситуација недозволиво се воведува различна парламентарна пракса, т.е. два сосема различни механизми на верификација“, стои во Соопштението од Левица.

Continue Reading

Македонија

Пендаровски: Состојбата во земјата и регионот е стабилна, дискусија за безбедносните импликации поврзани со воведување на 5Г технологијата кај нас

Виолета | Media Press

Published

on

Вчера беше одржа 8-та седница на Советот за безбедност во кабинетото на претседателот на државата Стево Пендаровски.

На седницата, покрај постојаните членови на Советот,  претседателот на Собранието и претседателот на Владата, беа присутни министрите за одбрана, внатрешни и надворешни работи и членовите на СБ, професорите Трајан Гоцевски, Ветон Љатифи и Ненад Марковиќ. А на покана на претседателот Пендаровски присуствуваа и директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, директорот на Оперативно-Техничката Агенција ОТА, Зоран Ангеловски и началникот на Генералштабот на Армијата на Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

На седницата на Советот беше разговарано за политичко-безбедносната состојба во земјава по членството во НАТО.

„Главна точка на дневниот ред, не и единствена, на 8-та седница на Советот беше политичко-безбедносната состојба и во земјава и во регионот. Ова истовремено беше и прва седница на Советот за безбедност на која се дискутираше на оваа тема откако станавме членка на НАТО во март оваа година.

Претставниците од надлежните служби и министерства реферираа за внатрешната безбедносна динамика и нашето опкружување. Советот заклучи дека состојбата во земјата и регионот е стабилна и дека нема индиции дека би можел да биде загрозен нашиот територијален интегритет и суверенитет. Надлежните институции во континуитет ги следат сите ситуации кои потенцијално би можеле да прераснат во посериозен безбедносен проблем, вклучувајќи тука и евентуален нов бран на бегалска, односно мигрантска криза.

Сепак, најголемата криза со која сме и денес соочени е пандемијата на КОВИД-19, се разбира не само кај нас, туку и во светот, значи на глобално ниво. Пандемијата продира во сите сектори, здравствен, економски, социјален, се разбира безбедносен. За првпат во земјава имавме во изминатиот период прогласена вонредна состојба, а претставниците и на полицијата и на Армијата имаа дополнителен и сосема поинаков ангажман и задачи и во најголем дел работеа во поддршка на цивилните структури во справување со кризата предизвикана од коронавирусот.

Пандемијата останува најважниот предизвик за нашето општество и во следните месеци, со влијание и врз економијата и врз здравството, но не очекуваме, според денес направените и презентирани проценки, дека ќе има развој кој би влијаел на општата безбедност во земјата.

Безбедносните служби, се разбира, ќе продолжат да ги следат и понатаму и анализираат трендовите и во земјата и во регионот – она што може да има влијание и врз нас, сите безбедносните закани и потенцијални ризици за националната безбедност и за тоа ќе продолжат да го информираат државниот врв и Советот за безбедност. Во оваа смисла е важно да се одбележи дека и нововоспоставениот Совет за координација на службите е функционален, има своја редовна динамика на средби и активности.

Втора точка на дневниот ред за која дискутиравме беше врзана со безбедносните импликации поврзани со воведување на 5Г технологијата кај нас. Сега како членка на НАТО сме обврзани стриктно да ги следиме сите безбедносни протоколи на Алијансата, и тоа како во однос на безбедносниот беграунд на лицата, на луѓето кои работат на чувствителни места во државниот апарат, така и во однос на воведувањето на дигитални технологии и корпорации како нивни носители кои имаат цели и вредности кои се некомпатибилни со целите и вредностите на западната Алијанса. Во тоа смисла беше заклучено дека во овој домен, Владата и другите надлежни институции треба доследно да ги применуваат правилата и препораките на организацијата каде што сме веќе членка, се разбира, со сите права,обврски и одговорности кои од тоа произлегуваат.

Сосема конкретно во однос на втората точка да ви пренесам дека беше заклучено министерството за надворешни работи да започне со подготовка на меморандум за разбирање, сличен според содржината, според формата со она што веќе беше потпишано од некои држави во нашето опкружување и подалеку во Европа – членки на Алијансата, со кој ќе се наведат прецизно нашите обврски во однос на сопственичката структура на компаниите, евентуалната државна поддршка која тие ја имаат – колку тие се од овој аспект компатибилни со работите кои ги спомнав предмалку, бидејќи се разбира дека мора да ги следиме препораките на организацијата каде што сакавме да влеземе толку долго и конечно тоа го успеавме на 27 март оваа година“, рече Пендаровски во своето обраќање.

Continue Reading