Connect with us

Европа

Бугарскиот Парламент не изгласа недоверба на Владата на Борисов

Александар | Media Press

Published

on

Голем број Бугарски граѓани во текот на изминатите денови протестираат на улиците на Софија барајќи оставка од Борисов и главниот државен обвинител, кои ги обвинуваат за корупција.

На расправата не беше присутен премиерот Борисов, кој беше во Брисел на Самитот на европските лидери на ЕУ за европскиот фонд за обнова на економијата на земјите најпогодени од коронакризата, како и двајцата од тројца министри чии оставки ги имаше побарано премиерот, заедно со реконструкција на владата.

Предлогот за изгласување недоверба на владата го отфрлија 124 од 237 пратеници во парламентот, 102 пратеници гласаа „за“, додека 11 беа воздржани.

прикажи повеќе
Advertisement

Европа

Задолжителен ПЦР тест не постар од 48 часа за влез во Србија

Александар | Media Press

Published

on

Кризниот штаб на Србија донесе одлука да овозможи влез на Македонските граѓани кои патуваат во Србија со негативен ПЦР тест, не постар од 48 часа.

Заедно со Македонија, оваа одлука важи и за Хрватска, Бугарија и Романија. Одлучено е и да престанат сите рекстрикции кои се однесуваа на граѓаните од Црна Гора – изјавила Српскиот епидемиолог Дарија Кисиќ.

Негативен ПЦР тест не е потребен на српските државјани кои доаѓаат од наведените држави.

Денес исто така и Црна Гора ги отвара границите за Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Албанија

Continue Reading

Европа

Црна Гора ги отвара границите за Македонските граѓани

Александар | Media Press

Published

on

Од утре се отвараат границите за Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Македонија. Ова го изјавил директорот на инсистутот за јавно здравје на Црна Гора, д-р. Бобан Муѓоша во утринска емисија „Боите на утрото“.

За влез во државата најверојатно ќе биде потребен негативен ПЦР тест.

Дополнително тој додал дека се влезени во фаза во која е контролирана, но сеуште е висока локалната трансмисија на вирусот. На барање на туристичката индустрија се отвараат и границите.

Директорот на ИЈЗ истакнал дека очекуваат до крајот на следната недела да имаат конкретни препораки и протоколи за отварање на училиштата.

Continue Reading

Европа

Министрите за надворешни работи на ЕУ на состанок за отпочнување пристапни преговори за Македонија

Александар | Media Press

Published

on

Министрите за надворешни работи на ЕУ до пладне формално треба да го потврдат отпочнување на пристапните преговори со Македонија и со Албанија што беа финализирани на амбасадорско ниво.

Поради состојбата со пандемијата на коронавирусот, министрите ќе се состанат преку видеоконференција, што ги усложнува процедурите, но не се очекува промена на одлуката усогласена на амбасадорско ниво.

Формалното отворање на поглавјата ќе биде означено на меѓувладина конференција, откако Европската комисија ќе изготви преговарачка рамка, која исто така треба да биде усвоена од страна на земјите членки.

Одлуката треба да биде политички потврдена на Европскиот Совет во четврток. Нацрт заклучокот предвидува првата меѓувладина конференција да се одржи „што е можно поскоро“, но засега нема прецизирано датум. 

Со оглед на неизвесноста поради коронавирусот, никој не сака да прецизира датуми за сега. Во пресрет на овој процес и Македонија ќе треба да ја подготви својата преговарачка позиција.

Continue Reading