Connect with us

Гевгелија

Уапсен жител на с. Миравци под сомнение за кривично дело „фалсификување на исправа“

Александар | Media Press

Published

on

Од Министерството за Внатрешни Работи известуваат дека околу 22:00 часот ноќта на 19.07.2020 на автопатот А1 кај клучка Миравци полициски службеници го лишиле од слобода Д.П.

Табличките кои биле поставени на возилото Даеву Ланос кое го управувал Д.П. биле од возило Мерцедес. Воедно Д.П. управувал возило без да поседува возачка дозвола.

„На 19.07.2020 во 22.00 часот на автопат А1 – клучка Миравци, полициски службеници го лишиле од слобода Д.П.(54) од с.Миравци, гевгелиско, кој без да поседува возачка дозвола управувал патничко возило „даеву ланос“, со гевгелиски регистарски ознаки.

При контрола на возилото било констатирано дека регистарските ознаки кои ги користел биле од патничко возило „мерцедес“, сопственост на  В.Ф. од с.Миравци, поради што постои основано сомнение дека е сторено кривично дело „фалсификување на исправа“.

Лицето било предадено на полициски службеници од Одделение за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при РЦ за ГР „Југ“ за понатамошна постапка.“ – Стои во соопштението од МВР

Гевгелија

Приведен дилер на марихуана од гевгелиско

Виолета | Media Press

Published

on

Полицијата од Гевгелија приведе дилер на марихуана.  Насадите биле откриени во атарот  на село Миравци, на место викано „Лаго“. На три локации на растојание од околу 50-60 метри полициски службеници откриле 60 стебла од растението Канабис Сатива. Приведениот,  24 годишен жител од селото Миравци сам ја одгледувал марихуаната.

Од страна на полициски службеници од Надворешната камцеларија за криминалистички работи Гевгелија преземени се мерки и активности со цел расчистување на случајот. Пријавениот С.К. на 08.09.2020 во 18.10 часот, на местото викано „Лаго“, атар на с. Миравци, на лице место бил затекнат од полициски службеници како неовластено одгледува растение Канабис Сатива. По извршен претрес во негова торба биле пронајдени свежо набрани цветни завршетоци во завршна фаза на вегетација од три стебла од растението Канабис Сатива. По наредба на јавен обвинител истиот ден бил извршен претрес во домот и помошните простории на пријавениот.

Против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело – неовластено производство и продажба на дрога, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена. 

Continue Reading

Гевгелија

Советот на Општина Гевгелија ќе ги разгледува барањата на гевгелиските училишта за организирање настава

Виолета | Media Press

Published

on

      Советот на Општина Гевгелија, утре, со почеток во 10 часот, на својата 49 вонредна седница, ќе расправа и ќе ги разгледува доставените барања на училиштата во Гевгелија за начинот на реализација на воспитно-образовниот процес за време на пандемија од Корона вирус, согласно просторните условите на училиштата. 

            „По задолжението од Министерството за образование, училиштата изготвија барања со образложување на условите за изведување настава со физичко присуство. Направените согледувања укажуваат дека училиштата во Општина Гевгелија, покрај условите за организирање на наставата со физичко присуство на учениците од прво до трето одделение, постојат услови од 1 октомври, се разбира, согласно протоколите, да се организира настава со физичко присуство на учениците и во другите одделенија. Но, и за организирање на комбинирана настава, со физичко присуство и со онлајн настава која ќе се менува секоја недела“, велат од општината.

            Откако Советот ќе ги разгледа барањата на училиштата, истите ќе бидат доставени до Владата на РСМ која по увидот на посебната работна група, формирана од надлежните министерства, ќе одлучува за барањата.  

Continue Reading

Гевгелија

Стопанството во општина Гевгелија трпи значителни загуби поради затворените граници со соседна Грција

Виолета | Media Press

Published

on

 Гевгелиските стопанственици,  одржаa работна средба со министерот за здравство, Венко Филипче и вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Бетиќи, на барање на градоначалникот  Сашо Поцков.

„По заедничката дискусија заедно со претставниците од сите стопански дејности, констатиравме дека стопанството во општината трпи значителни загуби поради затворените граници со соседна Грција и протокот на Грците кои значително влијаеја врз локалниот економски развој.

Од страна на министерот Филипче беше ветено дека ќе биде разгледана можноста да се отворат границите и овој проблем да биде разрешен во најбрз период. Исто така, информираше дека Општата болница со проширена дејност во Гевгелија ќе биде опремена со апарат за брзо тестирање.

Вицепремиерот за економски прашања, Бетиќи, го најави 4 сет економски мерки на Владата на РСМ за ублажување на последиците од Корона-кризата кој ќе почне да се реализира од крајот на идната недела, а неколку предлога на стопанствениците ги нотираше ветувајќи дека ќе бидат вметнати во сетот мерки, во зависност од можностите на Буџетот на државата, вели градоначалникот Сашо Поцков, кој изразува благодарност на министерот Филипче и вицепремиерот Бетиќи за нивното гостување и нивниот слух за проблемите со кои се соочува Општина Гевгелија!

Continue Reading