Здравје
Регистрирани се 164 нови случаи на ковид-19, 5 починати лица
Објавено на
Од
Media Press
Министерството за здравство
информира дека во последните 24 часа се направени 1612 тестирања, а
регистрирани се 164 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-59, Свети Николе-23, Куманово-12, Дебар-18, Штип- 17, Гостивар-9, Тетово, Струга и Кичево -6, Кавадарци, Пробиштип-2, Прилеп,
Битола, Ресен и Демир Хисар-1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени
лица од: Скопје-42, Штип-7, Струга-4, Охрид-6, Кавадарци-3, Свети Николе-2, Ресен-7,
Тетово Неготино и Велес.
Починати се 5 лица, тројца пациенти од Скопје, еден од Тетово
и еден пациент од Ресен.
Во ГОБ „8 септември“ починаа двајца пациенти на возраст од 35
и 65 години. Во ОБ Битола почина пациент од Ресен на возраст од 70 години. Во
КБ Тетово е починат пациент на 51 година. Вон болнички услови е починат пациент
на 77 години.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од
почетокот на епидемијата изнесува 8786, бројката на оздравени пациенти е 4676,
на починати е 406, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува
3704. Денес се евидентира еден контролен тест и една исправка кај оздарвени
лица од вчерашните.
Во моментов најголем број на случаи има во Скопје- 4141, активни 1837. Во Штип активни се 213. Во општините од Југоистокот во Гевгелија активни 3 (2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци, еден е од Дојран) • Струмица активни 16 , во Радовиш 11 активни.
Досега во земјата се направени вкупно 83216 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Поврзани содржини

За претседателот Глигоров Европа беше национална цел, порача Филипче, на синоќешниот свечен настан по повод 35 години од независноста, во организација на СДСМ

Трипуновски: Ограничена маржа на цената на ѓубривата за заштита на домашното земјоделско производство

63 празни столчиња и по една бела роза на нив, една година од трагедијата во Кочани

Никој ништо не знае, 13 дена нема одговор како 5 тони дрога поминале граница

ВМРО -ДПМНЕ: Прашањата за дрогата СДС нека ги постават кај познатиот сопственик на фабрика за марихуана Зоран Заев

Бачев: ЛИНЕАРНО ИЛИ ПРОЦЕНТУАЛНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕНЗИИИТЕ
Здравје
Предупредувачки знаци на заборавеност
Published
4 недели agoна
октомври 22, 2026By
Media Press
Експертите изјавија дека ако некое лице не може да се сети дури и на едноставни зборови, тоа е веќе причина за загриженост
Благите паузи во меморијата, како на пример бавно сеќавање на имиња или некои детали можат да се случат и на возраст помеѓу 30-40 години, но тоа станува очигледно по 50-60 години.

Експертите предупредуваат дека треба да се вклучи алармот кога заборавеноста почнува да се случува во секојдневниот живот. Заборавеност, дезорентација на познати места и тешкотии при изнаоѓање вообичаени зборови.
Стресот, недостаток на сон или депресија можат да влијаат на меморијата. Недостатокот на витамини Б12 или Д, како и од дисфункција на тироидната жлезда може да предизвика слични симптоми.
Во таков случај важно е веднаш да се консултирате со невролог, кој ќе ја процени вашата когнитивна функција во целост и здравјето.
Здравје
ЗОШТО ТРЕБА ДА ОДИТЕ 100 ЧЕКОРИ ПО ЈАДЕЊЕТО
Published
4 недели agoна
октомври 22, 2026By
Media Press
Експертите наведуваат дека 100 чекори по јадењето му помагаат на телото подобро да ја апсорбира гликозата и да ја одржува активноста без интензивни вежбања.
Редовно одење помага во согорувањето на енергијата, го ублажува чувството на тежина по јадење и ве одржува во форма.
Подобра апсорпција и контрола на гликозата (Шеќерот во крвта)
- Мускулна апсорпција: Кога јадеме, нивото на гликоза во крвта се зголемува. Кога мускулите се соодветно активирани (дури и со лесно одење), тие почнуваат да ја влечат гликозата од крвта за да ја користат како енергија.
- Помало оптоварување на панкреасот: Овој процес се случува независно или со помала потреба од инсулин, што го спречува наглиот скок на шеќерот во крвта (glycemic spikes) и го намалува заморот што често се јавува по јадење.
2. Поддршка на дигестивниот систем
- Краткото и лесно движење ја стимулира перисталтиката (кревањето и работата на цревата), што помага храната побрзо и поефикасно да се преработи.
- Го намалува чувството на подуеност, тежина во стомакот и ризикот од појава на киселини (рефлукс).
3. Лесна активност без замарање
- За разлика од интензивниот тренинг (кој не се препорачува веднаш по оброк бидејќи ја пренасочува крвта од дигестивниот систем во големите мускули), лесното чекорење не го оптоварува стомакот, а сепак го одржува метаболизмот активен.
Дали 100 чекори се доволни?
Иако 100 чекори се одличен начин да се прекине долгото седење веднаш по јадење, повеќето здравствени студии покажуваат дека најоптимални резултати за намалување на шеќерот во крвта се постигнуваат со:
- 2 до 5 минути лесно одење (што изнесува околу 250 – 500 чекори);
- Идеално во рок од 30 до 60 минути по оброкот, кога нивото на шеќер во крвта го достигнува својот пик.
Здравје
Еве зошто не треба да се става парче лимон во пијалак
Published
9 месеци agoна
февруари 18, 2026By
Media Press
Кришка лимон во чаша вода или во некој друг пијалак е вообичаена работа. Меѓутоа, дали некогаш сте помислиле дека притоа внесувате многу повеќе материи во својот организам и тоа непосакувани?
Во текот на истражувањето кое го спроведе Journal of Environmental Health истражувачите прегледале 76 лимони собрани од 21 ресторан кои ги посетиле 43 пати.
Откриле дека дури 70 отсто од кришките лимони содржат микроорганизми.
Примероците ги земале откако пијалакот бил послужен, значи пред да се испие или некој друг физички контакт. За потеклото на микробите научниците можеле само да шпекулираат.
– Иако е познато дека лимонот има некои антибактериски својства, резултатите покажале дека широкиот спектар на микроорганизми може да опстане дури и на неисечен лимон.
Сопствениците на рестораните и кафулињата треба да бидат свесни дека заедно со лимонот во чашата ставаат потенцијално патогени микроорганизми – се наведува во студијата.
Филип Тиерно, професор по микробиологија и патологија во медицинскиот сектор НЅУ Лангон, спроведе десетина слични истражувања.
Откри дека дури половина од лимоновите кришки се загадени со човечки фекалии поради директен допир со прстите.
Имено, забележал дека многумина работат во нехигиенски услови, а освен тоа во допир се со други намирници или миеле чаши, а потоа ја допирале храната и лимонот без ракавици и без претходно да ги измијат рацете.
На лимонот можат да се пренесат бактерии и ако не се измијат рацете по одење во тоалет, кивање или кашлање.
Тиерно вели дека постои можност комзументот да се разболи поради тоа, но тврди дека не постои голем ризик.
Слични микроби најдени се и во шишенцата за сол, бибер, масло и кечап, како и на приборот за јадење.
Извор: https://denar.mk/42373

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

