Connect with us

Избори 2020

Двајцата кандидати за пратеници од Радовиш од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, влегуваат во групата од по десет пратеници во 4 ИЕ, кој се останатите од Југоистокот

Виолета | Media Press

Published

on

Неофицијално излезноста на предвремените парламентарни избори конечно можат да се видат на веб-страницата на Државната изборна комисија. Според овие податоци излезноста на овие избори била 51,34 отсто од гласачите. Гласале 931.369 граѓани.

Неофицијално владејачката коалиција на СДСМ „Можеме“ освоила најмногу гласови и 46 пратенички места.  СДСМ освоила 327.329 гласови, по што следи коалицијата на опозициската ВМРО- ДПМНЕ „Обнова за Македонија“ со 315.344 гласови и 44 места во парламентот со 120 места.

Според резултатите кои вчера ги соопшти претседателтот на ДИК Оливер Деркоски, ВМРО ДПМНЕ и СДСМ ќе освојат по десет пратенички места во четвртата изборна единица.

Од Југоистокот, ВМРО ДПМНЕ ги добива пратениците: Дајанчо Евтимов од Василево, Ели Панова од Струмица, Здравко Трајанов од Радовиш, Ангелина Петкова од Гевгелија и  Јадранка Поцкова од Струмица.

Во превите десет на СДСМ,  влегуваат:  лидерот на партијата, Зоран Заев од Струмица, Марија Костадинова од Гевгелија, Костадин Костадинов од Струмица и Никола Чаракчиев од Радовиш.

Откако вчера беше усвоен заклучокот за конечните изборни резултати од предвремените парламентарни избори во Македонија, започнаа 48-часовните рокови за приговори за спроведувањето на изборите и за сумирањето на резултатите. На нив Државната изборна комисија ќе треба да одговори во рок од 72 часа.

Избори 2020

Истече рокот за поднесување приговири до ДИК, Левица поднесе 1.982 приговори

Виолета | Media Press

Published

on

 Пред истекот на рокот, Левица поднесе 1.982 приговори. Како што објави партијата на Фејсбук, приговорите се поради изборни нерегуларности и за да си ги повратат тројцата пратеници.

„На десет минути пред истекот на законскиот рок, во архивата на ДИК, Левица ги поднесе своите 1.982 писмени ПРИГОВОРИ (уредно спакувани во четири регистратори) – за да си ги повратиме тројцата украдени пратеници!“, стои во објавата.

Continue Reading

Избори 2020

Три дена по изборите ДИК објави нов закучок, поради како што велат исправка на техничка грешка

Виолета | Media Press

Published

on

ДИК го објави заклучокот со кој се врши исправка на технички грешки во заклучокот од 16.07.2020 година.

Според новите бројки, зголемен е бројот на граѓани кои гласале и бројот на неважечки ливчиња. Во заклучокот стои  дека всушност гласале 943.750 гласачи. Од нив 912.186 се важечки ливчиња, а бројот на неважечки ливчиња е 31.564. Измена има и кај бројот на неупотребени гласачки ливчиња кој од завчерашните 869.889 се зголеми за 624 и сега изнесува 870.513.

Во четвртокот пак ДИК соопшти дека гласале 942.334 гласачи, или за 1.416 помалку од денеска објавеното, а од нив 31.466 биле неважечки.

Според направената исправка излегува дека бројот на неважечки ливчиња е зголемен за 148.

Continue Reading

Избори 2020

Спасовски: Организиравме здравствено – безбедни кристално чисти, фер и демократски избори

Виолета | Media Press

Published

on

Техничкиот премиер Оливер Спасовски смета дека предвремените парламентарни избори се фер и демократски. Тој потенцира дека државата покажала дека е заслужено членка на НАТО и е заслужено пред почеток на преговорите со ЕУ.

„Упатувам и благодарност до институциите вклучени во организацијата и спроведувањето на изборите и на вработените во овие институции, кои беа на висина на одговорностите и спроведоа здравствено безбедни избори.

Посебна благодарност упатувам до Комисијата за заразни болести за донесените оперативно – успешни протоколи, со коишто е заштитено јавното здравје.

Победник од вчерашните избори е секој гласач, секој учесник во изборниот процес и пред и над сè, победник е Република Северна Македонија.

Нашата држава покажа дека е заслужено членка на НАТО и е заслужено пред почеток на преговорите со ЕУ.  

Како народ, како Влада и како држава, покажавме уште еднаш, европски вредности – на дело.

Организиравме здравствено – безбедни, мирни, фер, слободни и демократски, европски избори, како што и доликува на една држава којашто е на чекор до почеток на преговорите со Европската унија.

Ќе влезат во демократската меморија на нашата земја предвремените парламентарни избори 2020 година, преку коишто покажавме како навистина се сака својата земја, како се чуваат постигнувањата, како се обезбедуваат нови аргументи за интеграциските перспективи на земјата.

Овие, кристално чисти, фер и демократски избори се уште еден доказ, дека кога има демократска политичка определба и кога има демократска организација, има и чисти демократски резултати, одраз исклучиво на слободно изразената граѓанска волја“, вели Сапсовски во изјавата.

Continue Reading