Connect with us

Избори 2020

Македонски концепт за исходот од парламентарните избори 2020: Честитки на граѓаните на Република Македонија за учеството на изборите

Виолета | Media Press

Published

on

„Честитки на граѓаните на Република Македонија за учеството на предвремените парламентарни избори 2020 година. Благодариме на сите вас, кои ја дадовте и не ја дадовте вашата поддршка за нашите граѓански листи. Сите заедно да продолжиме да се бориме за европската иднина на нашата Македонија.

Иднината на Македонски концепт е во опозиционо дејствување во насока на организирање широка кредибилна опозициона понуда, со цел силен коректив на старо – новата Влада. Од нас ќе ја имаат полната поддршка за интеграциските процеси во ЕУ, но и кредибилна критика на сето она кое не е во насока на државниот интерес на нашата држава. 

Македонија и граѓаните на Македонија се уште треба да се изборат за нормалност во државата и за демократија, каде секој со секого ќе биде еднаков и ќе има еднаква можност да се докаже. Се уште живееме во контролирана демократија и тоа го потврдуваат и резултатите од вчерашното гласање.

Мноштвото од нашите гласови се во неважечките ливчиња, благодарение на соработката на господин Зоран Заев и господин Христијан Мицкоски, да не дозволат по никоја цена факторизација на нормална политичка опција во земјата, без разлика на тоа кој од нив двајца ќе биде победник. За истото, од наша страна до ДИК е поднесен приговор бр. УП110-82 од 16.07.2020 година, со кој бараме увид во сите неважечки ливчиња, со цел да ја констатираме голата вистина за изборни манипулации на овие избори. Во очекување на одговор од ДИК, без голема надеж за праведна одлука од нивна страна, истакнуваме дека сме наполно свесни дека ние живееме во контролирана демократија, во која партиите одлучуваат кој ќе победи, а не ние граѓаните!

Им честитаме на сите нови членови на Собранието на Република Македонија, им посакуваме успешна работа, со желба да бидат вистински коректив на извршната власт.

Македонија гласаше за континуитет, за продолжување на она кое го живееме во последниве 30 години. Од тука, им честитаме на победниците од коалицијата „Можеме“, особено на ДУИ, кои се најголеми победници на овие избори. СДСМ и ВМРО ДПМНЕ изгубија огромен број гласови, но останаа да бидат носители на изборната волја на граѓаните.

Ви благодариме за честа да бидеме дел од овие историски моменти за Македонија!

Продолжуваме одлучно по патот по кој тргнавме, кон фер општество и држава во која сите ние сме Македонци!“ стои во соопштението од Македонски концепт.

Избори 2020

Истече рокот за поднесување приговири до ДИК, Левица поднесе 1.982 приговори

Виолета | Media Press

Published

on

 Пред истекот на рокот, Левица поднесе 1.982 приговори. Како што објави партијата на Фејсбук, приговорите се поради изборни нерегуларности и за да си ги повратат тројцата пратеници.

„На десет минути пред истекот на законскиот рок, во архивата на ДИК, Левица ги поднесе своите 1.982 писмени ПРИГОВОРИ (уредно спакувани во четири регистратори) – за да си ги повратиме тројцата украдени пратеници!“, стои во објавата.

Continue Reading

Избори 2020

Три дена по изборите ДИК објави нов закучок, поради како што велат исправка на техничка грешка

Виолета | Media Press

Published

on

ДИК го објави заклучокот со кој се врши исправка на технички грешки во заклучокот од 16.07.2020 година.

Според новите бројки, зголемен е бројот на граѓани кои гласале и бројот на неважечки ливчиња. Во заклучокот стои  дека всушност гласале 943.750 гласачи. Од нив 912.186 се важечки ливчиња, а бројот на неважечки ливчиња е 31.564. Измена има и кај бројот на неупотребени гласачки ливчиња кој од завчерашните 869.889 се зголеми за 624 и сега изнесува 870.513.

Во четвртокот пак ДИК соопшти дека гласале 942.334 гласачи, или за 1.416 помалку од денеска објавеното, а од нив 31.466 биле неважечки.

Според направената исправка излегува дека бројот на неважечки ливчиња е зголемен за 148.

Continue Reading

Избори 2020

Двајцата кандидати за пратеници од Радовиш од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, влегуваат во групата од по десет пратеници во 4 ИЕ, кој се останатите од Југоистокот

Виолета | Media Press

Published

on

Неофицијално излезноста на предвремените парламентарни избори конечно можат да се видат на веб-страницата на Државната изборна комисија. Според овие податоци излезноста на овие избори била 51,34 отсто од гласачите. Гласале 931.369 граѓани.

Неофицијално владејачката коалиција на СДСМ „Можеме“ освоила најмногу гласови и 46 пратенички места.  СДСМ освоила 327.329 гласови, по што следи коалицијата на опозициската ВМРО- ДПМНЕ „Обнова за Македонија“ со 315.344 гласови и 44 места во парламентот со 120 места.

Според резултатите кои вчера ги соопшти претседателтот на ДИК Оливер Деркоски, ВМРО ДПМНЕ и СДСМ ќе освојат по десет пратенички места во четвртата изборна единица.

Од Југоистокот, ВМРО ДПМНЕ ги добива пратениците: Дајанчо Евтимов од Василево, Ели Панова од Струмица, Здравко Трајанов од Радовиш, Ангелина Петкова од Гевгелија и  Јадранка Поцкова од Струмица.

Во превите десет на СДСМ,  влегуваат:  лидерот на партијата, Зоран Заев од Струмица, Марија Костадинова од Гевгелија, Костадин Костадинов од Струмица и Никола Чаракчиев од Радовиш.

Откако вчера беше усвоен заклучокот за конечните изборни резултати од предвремените парламентарни избори во Македонија, започнаа 48-часовните рокови за приговори за спроведувањето на изборите и за сумирањето на резултатите. На нив Државната изборна комисија ќе треба да одговори во рок од 72 часа.

Continue Reading