Спорт

Давидовски на прво место во виртуелната ТЦР трка во Золдер

Пред почетокот на официјалниот старт на сезоната во ТЦР Европа, возачите тренираат и се одржуваат во форма и од својот дом на тој начин што се приклучуваат на организираните виртуелни трки кои претходно се организираа и во Формула 1.

Во последната виртуелна трка на патеката Золдер во Белгија, доминираше Македонецот Виктор Давидовски, кој постави најдобро време на оваа патека со освоено прво место и триумф по 14 извозени кругови. Во претходните две трки извозени во Италија, Давидовски заврши на 5 и 9 место.

Виктор Давидовски заврши на првото место на подиумот, веднаш зад него со три секунди задоцнување заврши Жил Магнус, додека на третото место со 10 секунди доцнење заврши Лука Филипи.

Стартот на возбудливите трки во ТЦР Европа е закажан за месец август, започнувајќи со првата трка во Ле Кастелет, Франција од 21 до 23.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago