Избори 2020
ВМРО -ДПМНЕ од Штип: Доаѓаат најдобрите 4 години во историјата на државата
Објавено на
Од
Media Press
Лидерот на ВМРО -ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Штип. „Зборувавме со претставниците од реалниот сектор, од бизнисот. Луѓето се прилично задоволни од сето она кое што ВМРО-ДПМНЕ го има вклучено во овие 1000 решенија содржани во 360 страни „Проект – обнова“. Се повеќе луѓе се приклучуваат и застануваат позади Обновата. Тоа се чувствуваше и првиот ден, уште од Охрид. Но, еве и потврда тука во Штип дека поддршката е голема за реформите коишто ги предвидува ВМРО-ДПМНЕ, вели Мицкоски.

„Денеска сме во посета на Штип, на последниот ден од кампањата, што туку завршивме со трибината со здравствени работници, односно со медицинскиот персонал, ни се придружија и огромна благодарност со проф. д-р Сашко Кедев и доцент доктор Игор Николов.
Разговаравме овде со медицинскиот персонал кои се пред се проблемите со кои се соочуваат последните неколку години, но и секако да им ја претставиме докторите и медицинскиот персонал што е она што новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ планира да го направи во здравството и целиот здравствен систем, која ќе биде визијата, како ќе се движи развојот и да кажам трансформацијата во здравството.
Она што имам да го порачам на штипјани, она што имам да го порачам на сите граѓани од Република Македонија, луѓе кренете ги главите исправете ја кичмата, буквално ставете ги насмевките на вашите лица бидејќи доаѓаат најдобрите 4 години во историјата на државата“ вели Игор Јанушев, во изјава за медиумите .
Поврзани содржини

На 30 и 31 октомври Штип повторно ќе пее со 41. издание на „Макфест“

25 години од загинувањето на осум припадници на резервниот состав на Армијата кај месноста Љуботенски бачила

До крајот на април ќе се знаат новите претседатели на општинските комитети на ВМРО -ДПМНЕ, најави Ковачки

ВМРО -ДПМНЕ: Прашањата за дрогата СДС нека ги постават кај познатиот сопственик на фабрика за марихуана Зоран Заев

ВМРО – ДПМНЕ: Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата каде се поништуваат сите аранжмани и политики на владата на Заев поврзани со мигрантите

Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ освои 550 советнички места, и има најмногу советници во 59 општински совети и Советот на Град Скопје
Избори 2020
Истече рокот за поднесување приговири до ДИК, Левица поднесе 1.982 приговори
Published
6 години agoна
јули 18, 2020By
Media Press
Пред истекот на рокот, Левица поднесе 1.982 приговори. Како што објави партијата на Фејсбук, приговорите се поради изборни нерегуларности и за да си ги повратат тројцата пратеници.
„На десет минути пред истекот на законскиот рок, во архивата на ДИК, Левица ги поднесе своите 1.982 писмени ПРИГОВОРИ (уредно спакувани во четири регистратори) – за да си ги повратиме тројцата украдени пратеници!“, стои во објавата.
Избори 2020
Три дена по изборите ДИК објави нов закучок, поради како што велат исправка на техничка грешка
Published
6 години agoна
јули 18, 2020By
Media Press
ДИК го објави заклучокот со кој се врши исправка на технички грешки во заклучокот од 16.07.2020 година.
Според новите бројки, зголемен е бројот на граѓани кои гласале и бројот на неважечки ливчиња. Во заклучокот стои дека всушност гласале 943.750 гласачи. Од нив 912.186 се важечки ливчиња, а бројот на неважечки ливчиња е 31.564. Измена има и кај бројот на неупотребени гласачки ливчиња кој од завчерашните 869.889 се зголеми за 624 и сега изнесува 870.513.
Во четвртокот пак ДИК соопшти дека гласале 942.334 гласачи, или за 1.416 помалку од денеска објавеното, а од нив 31.466 биле неважечки.
Според направената исправка излегува дека бројот на неважечки ливчиња е зголемен за 148.
Избори 2020
Двајцата кандидати за пратеници од Радовиш од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, влегуваат во групата од по десет пратеници во 4 ИЕ, кој се останатите од Југоистокот
Published
6 години agoна
јули 17, 2020By
Media Press
Неофицијално излезноста на предвремените парламентарни избори конечно можат да се видат на веб-страницата на Државната изборна комисија. Според овие податоци излезноста на овие избори била 51,34 отсто од гласачите. Гласале 931.369 граѓани.
Неофицијално владејачката коалиција на СДСМ „Можеме“ освоила најмногу гласови и 46 пратенички места. СДСМ освоила 327.329 гласови, по што следи коалицијата на опозициската ВМРО- ДПМНЕ „Обнова за Македонија“ со 315.344 гласови и 44 места во парламентот со 120 места.
Според резултатите кои вчера ги соопшти претседателтот на ДИК Оливер Деркоски, ВМРО ДПМНЕ и СДСМ ќе освојат по десет пратенички места во четвртата изборна единица.
Од Југоистокот, ВМРО ДПМНЕ ги добива пратениците: Дајанчо Евтимов од Василево, Ели Панова од Струмица, Здравко Трајанов од Радовиш, Ангелина Петкова од Гевгелија и Јадранка Поцкова од Струмица.
Во превите десет на СДСМ, влегуваат: лидерот на партијата, Зоран Заев од Струмица, Марија Костадинова од Гевгелија, Костадин Костадинов од Струмица и Никола Чаракчиев од Радовиш.
Откако вчера беше усвоен заклучокот за конечните изборни резултати од предвремените парламентарни избори во Македонија, започнаа 48-часовните рокови за приговори за спроведувањето на изборите и за сумирањето на резултатите. На нив Државната изборна комисија ќе треба да одговори во рок од 72 часа.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

