Connect with us

Радовиш

По два месеци нов случај на Ковид -19 во Радовиш, 2 нови случаи и во Струмица

Виолета | Media Press

Published

on

Од изработените 1545 тестови за 24 часа  денеска 199 со позитивен наод.  По речеи два месеци се појави нов случај и во Радовиш. Од 02 мај кога  на веќе регистрираните 4 лица, тестовите беа негативни, до денеска  немаше регистрирано нов случај.

 Од вкупно регистрираните  199, само во Скопје има 90 нови случаи. По него следува Свети Николе во кое, како ново КОВИД жариште во земјава изминатово деноноќие се заразиле уште 24 лица. Двоцифрена бројка има и во Куманово, Тетово и Струга. Во уште 14 други градови бројот на нови заболени е под 10.

199 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19

Скопје-90,Свети Николе-24, Куманово-17, Тетово-12, Струга-12, Штип-9, Дебар-6, Гостивар-5, Охрид-4, Прилеп-3, Пробиштип-3, Кичево-3, Битола-2, Кавадарци-2,Струмица-2, Ресен-2,   Радовиш-1, Крушево-1, Демир Хисар-1.

Изминатите 24 часа 120 пациенти се оздравени од ковид 19

Починати се 8 лица,четири пациенти од Тетово, двајца од Струга и по еден од Скопје и Штип. Тројца од нив, меѓу кои и 24-годишникот починале на Инфективна. Вкупната бројка скокна на 376.

Во моментов 3519 лица се заразени од корона вирусот. Над 1800 од нив се во Скопје. Поради новонастанатиот кластер во Свети Николе бројката на активни случаи сега е троцифрена и изнесува 105. Во уште шест други градови бројот на моментално КОВИД позитивни се движи од 131 до 323.

Состојбата со хоспитализацијата на нови пациенти во болниците стабилна. На Инфективната клиника се примени 6 нови. Таму вкупно се лекуваат 87 пациенти. Од 96-те пациенти во „8 Септември“, 14 се новопримени. Во болницата во Козле се лекуваат 21 возрасен пациент, три дечиња со утврдено присуство на вирусот, а четири деца во болницата се со мајки кои чекаат резултати од тестирањата.

Радовиш

Изграден новиот паркинг простор за потребите на училишниот и општинскиот линиски превоз во Општина Радовиш

Виолета | Media Press

Published

on

Заврши изградбата на новиот паркинг простор за потребите на училишниот и општинскиот линиски превоз во Општина Радовиш, со што конечно  се решава проблемот со паркирањето на комбињата на такси превозниците кои вршат превоз на патници и ученици од населените места од општината. Со паркингот кој го изгради Општина Радовиш со сопствени средства, се зголемува безбедноста во сообраќајот и заштитата на учениците.

Такси превозниците, сеуште го користат паркинг просторот  пред Здравствениот дом во Радовиш, за што често беа критикувани дека го окупираат паркингот наменет за вработените во здравствениот дом и за пацинетите.

 Неколку пати беа и преместувани на други локации, покрај реката и пред спортската сала, но тоа не им одговараше на патници и повторно се враќаа на паркингот пред Здравствениот дом во Радовиш.

Тие деновиве прашуваат од кога ќе можат да го користат новоизградениот паркинг, притоа поздравувајќи го овој потег на општината и на градоначалникот Герасим Конзулов што конечно им се решава проблемот со паркирањето.

Од Општината велат дека се потребни некои завршни активности околу обележувањето на паркингот и истиот наскоро ќе можат да го користат превозниците за потребите на училишниот и локалниот линиски превоз

Со изведбата на паркингот кој е во непосредна близина на СОУ „Коста Сусинов“ ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот пред училиштето и заштитат учениците кои користат организиран училишен превоз, а сепак е во близина и на здравствениот дом за што најчесто имаат потреба граѓаните кои доаѓаат од населените места.

Continue Reading

Радовиш

Повредени припадници на армијата во сообраќајна несреќа на патот Радовиш-Штип

Виолета | Media Press

Published

on

Утринава  околу седум часот на патот Штип-Радовиш, кај местото викано „Осми километар“, се случила сообрачајна несреќа во која учествувале автобус и комбе.

Станува збор за автобус во кој се превезувале припадници на Армијата, кои од своите градови патувале на работните места во Скопје.

Неофицијално според очевидци на несреќата, околу 15-тина лица биле повредени и се хоспитализирани во болницата во Штип. Според првичните информации повредните не се во животна опасност.

Continue Reading

Радовиш

ЦЕФЕ Македонија реализира тридневни обуки во Радовиш за претрпиемништво и бизнис планирање

Виолета | Media Press

Published

on

 Во рамките на проектот “Креирање на центри за претприемништво во Источна Македонија“ во Радовиш  се реализира тридневни  обуки за претприемништво и бизнис планирање. Обуките  се одржуваат во организација на ЦЕФЕ Македонија, а под покровителство на американската амбасада во Скопје.Главна цел на овие обуки е да ги обучи  младите и да им даде знаења  за започнување самостоен бизнис.

Главан цел на овие обуки е да ѓи обучи и да им даде знаења и вештини за бизнис активностите како и подигање на свеста на кандидатите за можностите кои ги нуди започнувањето самостоен бизнис“, рече Пр. Д-р Оливера Ѓоргиева Трајковска, декан на Економски факултет во Штип.

Обуките се наменети за сите потенцијални и постоечки претприемачи (за да ги надоградат своите бизнис перформанси), вработени во организации кои го помагаат претприемништвото (за да можат да ги разбираат потребите на прпетприемачите и да овозможуваат подобра околина за нив), едукатори, креирачи на политики, родители, вработени, студенти, средношколци, невработени, како и лица со помалку можности!

На обуката по претприемништво,  се усовршуваат вештини од генерирање и селекција на идеи, преку организација, маркетинг, истражување на пазарот, финансирање, се до креирање на бизнис план.

„Според досегашното искуство и направените истражувања, ЦЕФЕ методологија, која што веќе 30 години се реализира, покажува дека праксата е најдобриот учител за стекнување бизнис компетенции и отварање на нови работни места. Околу 45% од учесниците на овие обуки отвориле сопствен бизнис“, вели Емилија Митева Кацарски професор на Економски факултет при УГД -Штип

Младите кои на крајот од обуките се стекнаа и со  сертификат за претприемништво и бизнис планирање, задоволно од ваквите обуки кои им  овозможуваат да ги остварат своите бизнис идеи.

Continue Reading