Connect with us

Радовиш

Отворен летниот спортски камп во природа „Плачковица 2020“ во Радовиш

Виолета | Media Press

Published

on

Од денеска  летниот спортски камп „Плачковица 2020“ во Радовиш ја прими првата група  ученици, кои ќе  поминат едно поинакво и незаборавно искуство на планина.

 Организатори  на кампот се професорите по физичко образование Дарко Коцев и Наде Ристов. Според она што го дознаваме од организаторите во првата група има 44 деца, од 06 до 15 годишна возраст.

Во кампот се ангажирани и волонтери од Црвен Крст  од Радовиш, како и алпинистот Зоран Мајсторски како познавач на планинарење.

Во програмата има предвидено палење  логоров оган,  спортски игри, адреналински парк, забава со песни и игри,  друштвени игри и други активности со кои ќе им бидат исполнети овие три дена на децата во кампот.

Истиот е организиран поради ситуацијата  со корона вирусот и неможноста да се замине на класичен одмор, па да им се понуди на младите еден друг вид на одмор на планина за кој организаторите се надеват дека ќе премине во традиција.

Кампот е сместен во склоп на планинарскиот дом Џумаја и ќе тре по три дена, петок, сабота и недела, три викенда по ред, а по потреба може да се органзира уште еден викенд. За учество во кампот се плаќа по 3000 денари со кои им е обезбедено превоз, шаторско сместување и храна за учесниците која се подготвува во планинарскиот дом Џумаја.

„Децата ги очекува незаборавно планинарско искуство“ велат органзиаторите кои ни ветија дека по викендот ќе ни го раскажат нивното прво искуство во летниот спортски камп во природа Плачковица 2020, како и искуството на децата.

Радовиш

Како е поделен Радовиш по урбани заедници, ЈП Плаваја објави графички приказ

Виолета | Media Press

Published

on

Јп Плаваја на барање на своите корисници објави  графички приказ за опфатот на урбаните заедници во Радовиш, на кој јасно се гледа кој дел од градот во која урбна заедница прупага што е особено важно при одредени известување за прекин на водоснабдувањето.

„Објавуваме две слики на кои е објаснета реонизацијата со зборови и графички. На графичкиот приказ, поради големината на опфатот не се прикажани имињата на улиците“ велат од ЈП Плаваја.

Според описот граница на Прва урбана заедница се улица „8-ми Септември“ десна страна од стариот базен ди улица „Партизанска“.

Граница на Втора урбана заедница, од улица „Партизанска“ десна страна на градот, улица „8-ми Септември“ десна страна до пречистителна станица.

Трета урбана заедница граничи со улица Партизансак лева страна од градот, улица „Калузлиска“ десна страна, улица „ВС Бато“, улица „8-ми Септември“ лева страна и Раклиш.

Четвртата Урбана Заедница опфаќа, улица „Илинденска“, улица „Шаин маале“ до улица „Калузлиска“ лева страна, улица „Партизанска“ лева страна од градот и улица „8-ми Септември“ лева страна.

И граници на Петта урбана заедница Улица „Михајло Апостолски“ (и над неа), улица „8-ми Септември“ лева страна и улица „Илинденска“.

Continue Reading

Радовиш

Изграден новиот паркинг простор за потребите на училишниот и општинскиот линиски превоз во Општина Радовиш

Виолета | Media Press

Published

on

Заврши изградбата на новиот паркинг простор за потребите на училишниот и општинскиот линиски превоз во Општина Радовиш, со што конечно  се решава проблемот со паркирањето на комбињата на такси превозниците кои вршат превоз на патници и ученици од населените места од општината. Со паркингот кој го изгради Општина Радовиш со сопствени средства, се зголемува безбедноста во сообраќајот и заштитата на учениците.

Такси превозниците, сеуште го користат паркинг просторот  пред Здравствениот дом во Радовиш, за што често беа критикувани дека го окупираат паркингот наменет за вработените во здравствениот дом и за пацинетите.

 Неколку пати беа и преместувани на други локации, покрај реката и пред спортската сала, но тоа не им одговараше на патници и повторно се враќаа на паркингот пред Здравствениот дом во Радовиш.

Тие деновиве прашуваат од кога ќе можат да го користат новоизградениот паркинг, притоа поздравувајќи го овој потег на општината и на градоначалникот Герасим Конзулов што конечно им се решава проблемот со паркирањето.

Од Општината велат дека се потребни некои завршни активности околу обележувањето на паркингот и истиот наскоро ќе можат да го користат превозниците за потребите на училишниот и локалниот линиски превоз

Со изведбата на паркингот кој е во непосредна близина на СОУ „Коста Сусинов“ ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот пред училиштето и заштитат учениците кои користат организиран училишен превоз, а сепак е во близина и на здравствениот дом за што најчесто имаат потреба граѓаните кои доаѓаат од населените места.

Continue Reading

Радовиш

Повредени припадници на армијата во сообраќајна несреќа на патот Радовиш-Штип

Виолета | Media Press

Published

on

Утринава  околу седум часот на патот Штип-Радовиш, кај местото викано „Осми километар“, се случила сообрачајна несреќа во која учествувале автобус и комбе.

Станува збор за автобус во кој се превезувале припадници на Армијата, кои од своите градови патувале на работните места во Скопје.

Неофицијално според очевидци на несреќата, околу 15-тина лица биле повредени и се хоспитализирани во болницата во Штип. Според првичните информации повредните не се во животна опасност.

Continue Reading