Македонија
На работа се враќаат само родителите на деца до 10 години кои се ученици и вработените во институциите надлежни во изборниот процес
Објавено на
Од
Media Press
Според одлуката на Владата, на работните места и во редовен работен процес се враќаат само родителите на деца вклучени во воспитно-образовниот процес во училиштата и вработените во институциите надлежни и со зголемен обем на работа за време на изборниот процес
На 74-тата седница одржана вчера, Владата донесе
Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за мерки за спречување на
внесување и ширење на КОВИД-19 со која го прифати предлогот на Комисијата за
заразни болести, со кој од категориите на лица кои се ослободени од работа и
работни активности – родители на деца до 10 годишна возраст, во овој период да
се вратат на работните места само родителите на децата кои се вклучени во
воспитно-образовниот процес во училиштата, имајќи предвид дека учебната
2019/2020 година е завршена.
Дополнително, со оваа одлука на своите работни
места и во редовен работен процес се враќаат сите вработени во институциите кои
за време на претстојните предвремени избори за пратеници во Собранието, имаат зголемен обем на работа во делокругот на
нивната надлежност поврзана со изборниот процес (на пример: Државната изборна
комисија, Основниот и Вишиот управен суд и други), и кои досега по различни
основи беа опфатени и ослободени од работни активности со мерките и препораките
на Владата.
Поврзани содржини

Влада: Професионализмот во медиумите не е опција, туку обврска

Прочистувачи на воздух за 49 општини меѓу кои и Општина Радовиш, обезбедени од Владата

Потпишани договорите за „Реконструкција со пренамена на Стоковната куќа (втора фаза)и договор за „Реконструкција на културен дом „Ацо Караманов“ во Радовиш

Мицкоски: Ова е тежок и многу тажен ден за Македонија

Владата смета дека е потребен нов државен авион, СДСМ за најавата вели дека е скандалозна и забегана

Што се е предвидено во Предлог-одлуката за прераспределба на Буџетот во 2023 година

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

