Избори 2020
Со маска, средство за дезинфекција и дистанца, ДИК со герила акција во Скопје, повика на безбедно гласање
Published
4 години agoна
By
Media Press„Караванот на Државната изборна комисија денеска беше во скопските општини Сарај, Шуто Оризари, Чаир и на плоштад „Македонија“ во центарот на Скопје со нивната герила акција. ДИК повика на безбедно гласање со делење на едукативните брошури кои што во нив содржат маска и средство за дезинфекција, како и насоки за тоа како може безбедно да се гласа на претстојните Предвремени парламентарни избори.
Флаерите на ДИК содржат упатства за заштита од корона вирусот во текот на гласањето, па затоа интересот за материјалите од страна на граѓаните беше голем. Низ општините Гази Баба, Шуто Оризари, Сарај и на плоштадот „Македонија“ многумина од граѓаните заинтересирано ги прифаќаа материјалите кои што ги делеше Државната изборна комисија. Поставени беа и големите поставки, големото стаклено ѕвоно и гелот за дезинфекција со цел да се приближат пораките за безбедно гласање до гласачите“, информираат од ДИК.
Поврзани содржини
Еколошка акција за генерално чистење на училишните простории и училишниот двор, во ООУ Никола Карев од Радовиш
Државната изборна комисија потврди дека сите кандидатски листи за претседател на државата се доставени навремено
ДИК објави, досега никој од кандидатите за претседател ги нема собрано потребните 10 илјади потписи од граѓаните
Од денеска започнува собирањето на потписи за кандидати за претседател и пратеници
ЈЗУ Здравствен дом Радовиш, продолжува акцијата за делење на вода, мерење на притисок и шеќер и во наредните денови
Голем интерес од страна на пензионерите во Радовиш, да си го проверат своето здравје
Избори 2020
Истече рокот за поднесување приговири до ДИК, Левица поднесе 1.982 приговори
Published
4 години agoна
јули 18, 2020By
Media PressПред истекот на рокот, Левица поднесе 1.982 приговори. Како што објави партијата на Фејсбук, приговорите се поради изборни нерегуларности и за да си ги повратат тројцата пратеници.
„На десет минути пред истекот на законскиот рок, во архивата на ДИК, Левица ги поднесе своите 1.982 писмени ПРИГОВОРИ (уредно спакувани во четири регистратори) – за да си ги повратиме тројцата украдени пратеници!“, стои во објавата.
Избори 2020
Три дена по изборите ДИК објави нов закучок, поради како што велат исправка на техничка грешка
Published
4 години agoна
јули 18, 2020By
Media PressДИК го објави заклучокот со кој се врши исправка на технички грешки во заклучокот од 16.07.2020 година.
Според новите бројки, зголемен е бројот на граѓани кои гласале и бројот на неважечки ливчиња. Во заклучокот стои дека всушност гласале 943.750 гласачи. Од нив 912.186 се важечки ливчиња, а бројот на неважечки ливчиња е 31.564. Измена има и кај бројот на неупотребени гласачки ливчиња кој од завчерашните 869.889 се зголеми за 624 и сега изнесува 870.513.
Во четвртокот пак ДИК соопшти дека гласале 942.334 гласачи, или за 1.416 помалку од денеска објавеното, а од нив 31.466 биле неважечки.
Според направената исправка излегува дека бројот на неважечки ливчиња е зголемен за 148.
Избори 2020
Двајцата кандидати за пратеници од Радовиш од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, влегуваат во групата од по десет пратеници во 4 ИЕ, кој се останатите од Југоистокот
Published
4 години agoна
јули 17, 2020By
Media PressНеофицијално излезноста на предвремените парламентарни избори конечно можат да се видат на веб-страницата на Државната изборна комисија. Според овие податоци излезноста на овие избори била 51,34 отсто од гласачите. Гласале 931.369 граѓани.
Неофицијално владејачката коалиција на СДСМ „Можеме“ освоила најмногу гласови и 46 пратенички места. СДСМ освоила 327.329 гласови, по што следи коалицијата на опозициската ВМРО- ДПМНЕ „Обнова за Македонија“ со 315.344 гласови и 44 места во парламентот со 120 места.
Според резултатите кои вчера ги соопшти претседателтот на ДИК Оливер Деркоски, ВМРО ДПМНЕ и СДСМ ќе освојат по десет пратенички места во четвртата изборна единица.
Од Југоистокот, ВМРО ДПМНЕ ги добива пратениците: Дајанчо Евтимов од Василево, Ели Панова од Струмица, Здравко Трајанов од Радовиш, Ангелина Петкова од Гевгелија и Јадранка Поцкова од Струмица.
Во превите десет на СДСМ, влегуваат: лидерот на партијата, Зоран Заев од Струмица, Марија Костадинова од Гевгелија, Костадин Костадинов од Струмица и Никола Чаракчиев од Радовиш.
Откако вчера беше усвоен заклучокот за конечните изборни резултати од предвремените парламентарни избори во Македонија, започнаа 48-часовните рокови за приговори за спроведувањето на изборите и за сумирањето на резултатите. На нив Државната изборна комисија ќе треба да одговори во рок од 72 часа.