Connect with us

Избори 2020

Пријавувањето за гласање на заболените од Ковид-19 и на болните трае до полноќ на 08 јули

Avatar

Published

на

Лицата со ковид-19 и во самоизолација или во карантин, болните, немоќните и  лицата со хронични болести за гласањето на предвремените парламентарни избори на 15 јули  можат да се пријават најкасно до  вечерва (8 јули) на полноќ.

Лицата позитивни на коронавирусот или во изолација, освен со полномошник, за гласање ќе можат да се пријават и преку апликацијата поставена на веб – страната на ДИК https://izolacija.sec.mk/.

Покрај копија од лична карта, лицата со ковид-19 или во самоизолација до ОИК или преку апликацијата треба да достават и копија од решението за карантин или самоизолација издадено од Државен санитарен и здравствен инспекторат. Лицата чии резултати ќе бидат позитивни после 8 јули или ќе бидат ставени во самоизолација по овој датум, нема да може да се пријават за гласањето кое за нив ќе се спроведе од посебни избрачки одбори на 13 јули.

Болните, немоќните и хронично болните ќе гласаат на 14 јули. И тие до ОИК треба да се пријават за гласање со доставување на соодветна документација.

Според последните податоци што ДИК ги објави на 6 јули напладне биле пријавени само 19 лица со ковид-19 и 1.1129 болни и немоќни лица за гласање на 13 и 14 јули.

Рокот за гласање на лицата во домашен притвор завршува на 11 јули.

На 9 јули, завршува рокот за пријавување на набљудувачи на изборите.

Кампањата трае до 12 јули на полноќ, по што настапува тридневен молк поради гласањето кое овој пат поради пандемијата со ковид -19 започнува во понеделникот и тоа со лицата со ковид-19.

Избори 2020

Истече рокот за поднесување приговири до ДИК, Левица поднесе 1.982 приговори

Avatar

Published

на

 Пред истекот на рокот, Левица поднесе 1.982 приговори. Како што објави партијата на Фејсбук, приговорите се поради изборни нерегуларности и за да си ги повратат тројцата пратеници.

„На десет минути пред истекот на законскиот рок, во архивата на ДИК, Левица ги поднесе своите 1.982 писмени ПРИГОВОРИ (уредно спакувани во четири регистратори) – за да си ги повратиме тројцата украдени пратеници!“, стои во објавата.

Прочитај повеќе

Избори 2020

Три дена по изборите ДИК објави нов закучок, поради како што велат исправка на техничка грешка

Avatar

Published

на

ДИК го објави заклучокот со кој се врши исправка на технички грешки во заклучокот од 16.07.2020 година.

Според новите бројки, зголемен е бројот на граѓани кои гласале и бројот на неважечки ливчиња. Во заклучокот стои  дека всушност гласале 943.750 гласачи. Од нив 912.186 се важечки ливчиња, а бројот на неважечки ливчиња е 31.564. Измена има и кај бројот на неупотребени гласачки ливчиња кој од завчерашните 869.889 се зголеми за 624 и сега изнесува 870.513.

Во четвртокот пак ДИК соопшти дека гласале 942.334 гласачи, или за 1.416 помалку од денеска објавеното, а од нив 31.466 биле неважечки.

Според направената исправка излегува дека бројот на неважечки ливчиња е зголемен за 148.

Прочитај повеќе

Избори 2020

Двајцата кандидати за пратеници од Радовиш од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, влегуваат во групата од по десет пратеници во 4 ИЕ, кој се останатите од Југоистокот

Avatar

Published

на

Неофицијално излезноста на предвремените парламентарни избори конечно можат да се видат на веб-страницата на Државната изборна комисија. Според овие податоци излезноста на овие избори била 51,34 отсто од гласачите. Гласале 931.369 граѓани.

Неофицијално владејачката коалиција на СДСМ „Можеме“ освоила најмногу гласови и 46 пратенички места.  СДСМ освоила 327.329 гласови, по што следи коалицијата на опозициската ВМРО- ДПМНЕ „Обнова за Македонија“ со 315.344 гласови и 44 места во парламентот со 120 места.

Според резултатите кои вчера ги соопшти претседателтот на ДИК Оливер Деркоски, ВМРО ДПМНЕ и СДСМ ќе освојат по десет пратенички места во четвртата изборна единица.

Од Југоистокот, ВМРО ДПМНЕ ги добива пратениците: Дајанчо Евтимов од Василево, Ели Панова од Струмица, Здравко Трајанов од Радовиш, Ангелина Петкова од Гевгелија и  Јадранка Поцкова од Струмица.

Во превите десет на СДСМ,  влегуваат:  лидерот на партијата, Зоран Заев од Струмица, Марија Костадинова од Гевгелија, Костадин Костадинов од Струмица и Никола Чаракчиев од Радовиш.

Откако вчера беше усвоен заклучокот за конечните изборни резултати од предвремените парламентарни избори во Македонија, започнаа 48-часовните рокови за приговори за спроведувањето на изборите и за сумирањето на резултатите. На нив Државната изборна комисија ќе треба да одговори во рок од 72 часа.

Прочитај повеќе