Connect with us

Свет

МАСОВЕН ПРОТЕСТ ВО БЕЛГРАД, ПОЛИЦИЈАТА СО ПАЛКИ И СОЛЗАВЦИ, ГРАЃАНИТЕ СО ШИШИЊА И ФАКЕЛИ

Виолета | Media Press

Published

on


По најавите на српскиот претседател Александар Вучиќ за воведување на полициските час и нови мерки за спречување на ширењето на инфекцијата со коронавирус, следеа неколку часовни протести по улиците на Белград.

Протестот, во кој учествуваа илјадници демонстранти, брзо ескалираше во насилство. Српските медиуми јавуваат дека има повредени по неколку лица од двете страни.
Српската опозиција повика на нов протест денес во 18 часот.
„Протест против полицискиот час е лудо политичко злоставување на режимот против граѓаните на Србија“, соопшти Алијансата за Србија на социјалната мрежа, истакнувајќи дека заштитните маски и одржувањето на далечината се задолжителни.
https://twitter.com/SavezZaSRB/status/1280567175833681922?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1280567175833681922%7Ctwgr%5E&ref_url=https%3A%2F%2Fdnevnik.hr%2Fvijesti%2Fkoronavirus%2Fprosvjedi-u-beogradu-policija-pendrecima-pretukla-muskarce—612236.html

Полицијата во протестот употребила солзавци и палки, а демонстрантите вратиле со јајца, шишиња, камења. Неколку полициски автомобили беа запалени, неколки излози скршени, запалени контејнери, срушени сообраќајни знакови.
Во текот на ноќта полицијата добила и засилување, оклопни возила, жандармерија со коњи и специјални сили тргнале да ги расчистуваат улиците.

Свет

Шведската Влада не препорачува децата да се вакцинираат против Ковид-19

Виолета | Media Press

Published

on

Шведските експерти сметаат дека децата го пренесуваат вирусот на ограничен начин, па затоа  шведската Влада нема да препорача вакцинирање за коронавирусот на децата под 18-годишна возраст.

Шведските здравствени власти им ја препорачуваат вакцината на возрасните, особено на оние кои се од ранливите групи и на постарите лица, пренесе Си-Ен-Ен.

Главниот шведски епидемиолог, Андерс Тегнел, објасни дека Шведска работи според принципот на доброволна вакцинација, а тоа било случај и за време на минатите пандемии, кога биле вакцинирани голем број луѓе.

Continue Reading

Свет

Видео од кое секој може да извлече поука

Виолета | Media Press

Published

on

Голема гледаност и безброј коментари предизвика водеото во кое се гледа како девојче со гума е прилично одалечено од брегот, однесено од морските бранови и како се обидува крајбрежната стража да му помогне. Поука за младите родители кога се на одмир да не ги оставаат децата сами во вода, бидејќи природата знае да биде и немилосрдна. За среќа девојчето беше спасено навреме.

Continue Reading

Свет

Трамп најави дека е одобрена терапија со крвна плазма во третманите на заразените со корона вирусот

Виолета | Media Press

Published

on

Федералната агенција за лекови (ФДА) итно ја одобрила употребата на крвна плазма на излекувани пациенти со Ковид-19 во третманите со заразените со корона вирусот, соопшти Американскиот претседател Доналд Трамп.

„Ова е навистина историски ден. Станува збор за моќна терапија која овозможува трансфузија на многу силни антитела од крвта на оздравени пациенти за да им помогнат на пациентите кои се борат со инфекцијата. Резултатите покажуваат дека овој третман е исклучително успешен – порача Трамп и ги повика луѓето кои се излекувале од Ковид-19 да даруваат крвна плазма.

Во САД веќе починаа повеќе од 176.000 луѓе, а заразени се речиси 5,7 милиони лица со корона вирус – повеќе од било која друга земја во светот.

Continue Reading