Connect with us

Струмица

Библиотеката во Струмица започна со работа и ги очекува своите редовни посетители

Виолета | Media Press

Published

on

ЛУБ”Благој Јанков Мучето – Струмица, од 06.07.2020 година (понеделник) повторно почнува да работи со корисници.

Во согласност со мерките и препораките од Владата на РСМ по предлог заклучоци од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, донесе одлука за отпочнување со работа на библиотеките.

ЛУБ”Благој Јанков Мучето – Струмица, ќе продолжи да работи со задолжително почитување на протоколот за работа на библиотеки.

ВАЖНИ УПАТСТВА ЗА КОРИСНИЦИТЕ

Задолжително носење лична заштитна опрема на лицето, што подразбира каква било форма на заштита која ги покрива пределот на носот и устата: маска, марама или шал. Корисникот може да влезе во библиотеката само со лични заштитни средства.

Дезинфекција на рацете пред влегување во библиотека (средството за дезинфекција е обезбедено од библиотеката).

Одржување на физичко растојание од 2 метри
Во библиотеката истовремено може да влезе по еден корисник во секој оддел.

Библиотеката ќе ги следи мерките на надлежните органи и соодветно ќе ги прилагодува и менува постојните мерки на заштита. Библиотеката навремено ќе ги информира корисниците за сите промени преку соопштенија на влезот, преку официјалната веб страна и на профилот на фејсбук.

РАБОТНО ВРЕМЕ
Понеделник до Петок

Работата со корисниците ќе се одвива во две смени:

Прва смена 8.00. – 11.30 часот
Пауза за дезинфекција на просторот 11.30 – 12.00 часот
Втора смена 12.00 – 16.00 часот

РАБОТА СО КОРИСНИЦИ

Само за враќање и позајмување книги
Обновување на членството и запишување на нови корисници.
Читалните нема да работат до донесување на новите упатства.

ВРАЌАЊЕ НА БИБЛИОТЕЧНА ГРАЃА ( КНИГИ)

Корисниците ќе можат да ги вратат книгите и да позајмат нови.
Вратените книги посебно се одвојуваат и во следните 72 часа нема да бидат достапни за позајмување.
Библиотеката нема да го евидентира пропишаниот рок за враќање на позајмените книги во периодот кога не работеше со корисници

прикажи повеќе
Advertisement

Струмица

Актуелната состојба со заболени од корна вирус во Струмица, повод за одржување состанок на Локалниот совет за превенција

Виолета | Media Press

Published

on

Почитување на законите и протоколите на Владата во пандемија на КОВИД-19, беше темата на одржаниот состанок на Локалниот совет за превенција на кој присуствуваа и сопственици на угостителски објекти и претставници на повеќе државни и општински инспекциски служби и институции во Струмица.

Градоначалникот Коста Јаневски рече дека овој состанок бил свикан поради зголемениот број на заболени со Ковид -19 во Општина Струмица, со цел да се разговара со претставниците на надлежните институции и угостителите  и да се донесат дополнителни  заклучоци и предлози за да се превенира во актуелната сосотојба со корона вирусот. Главен заклучок како што рече Јаневски бил да се преземат по ригорозни мерки и контроли за почитување на мерките за заштита и дополнителни критериуми кој ќе мора да ги почитваат локалите.

Во Струмица, со месеци имаше многу мал број на ново регистрирани случаи на Ковид 19. Во последните петнаесетина дена состојбата се смени ,а бројот на нови случаи значително се зголеми. За неколку дена беа регистрирани и неколку смртни случаи. Од почетокот на пандемијата во Струмица се регистрирани 191 случај од кои 122 се активни.

Continue Reading

Струмица

Ќе се гради експресен пат Струмица – Валандово

Виолета | Media Press

Published

on

Јавното претпријатие за државни патишта ја подобрува патната инфраструктура во регионот. Ќе се гради експресен пат Струмица – Валандово – спој со А1 во должина од 25 километри.

На ден 25.09.2020 година (петок) со почеток во 11 часот во просториите на домот на АРМ ќе се одржи презентација и јавна расправа по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животна средина за овој проект.

Јавното претпријатие за државни патишта ги повикува сите заинтересирани институции, невладини организации и поединци да присуствуваат на јавната расправа.

Continue Reading

Струмица

Повредени две лица во сообраќајна несреќа која се случи доцна синоќа, на раскрсницата кај Василево

Виолета | Media Press

Published

on

На 20.09.2020 во 00.30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистрален пат А-4 Струмица -Радовиш, поточно на раскрсница за село Василео била случена сообракајна незгода помегу патничко возило „ауди“ со струмички регистерски ознаки, управувано од Ј.В. (18) од село Василево, патнилко возило „бмв“ со англиски регистерски ознаки, управувано од Ѓ.Д. (25) од село Ангелци и паркирана полуприколка „шмитз“ без регистерски ознаки.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците во патничкото возило „ауди“ Д.Ѓ. (20) и Г.Д. (19) и двајцата од село Василево, струмичко, кои биле пренесени во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициска станица Струмица.  

Continue Reading