Connect with us

Избори 2020

Продолжува предизборната кампања, партиите имаат уште шест дена да се претставуваат пред граѓаните

Виолета | Media Press

Published

on

Остануваат уште шест дена политичките партии и коалициите кои ќе учествуваат на предвремените парламентарни избори на 15 јули, да ги претстават своите изборни програми пред граѓаните. Кампањата завршува на 12 јули  во недела, во 24 часот кога и официјално почнува предизборниот молк.

„За висок економски раст потребни се силни институции. Во периодот 2020-2023 година ВМРО-ДПМНЕ ќе работи на интензивирање на економскиот раст преку изградба на силни институции, одржување на високи капитални инвестиции од буџетот, посилна инвестициска активност на домашниот приватен сектор, но и преку нови странски инвестиции и раст на извозот“ порача Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски  при вчерашната посета на општинити во струмичкиот регион, Ново Село, Босилово и Василево.

„Таму ќе најдете поголема просечна плата, како да дојдеме до неа за 25 проценти од тоа што е денес. Таму ќе најдете како до поголеми пензии, најмалку 20 проценти поголеми пензии од тоа што е денес. Враќање на старото законско решение кога пензијата растеше два пати годишно, а не како што тоа денес се случува кога едно покачување добија пензионерите поредизборно мислејќи дека изборите ќе се случат во април“, истакна Мицковски.

Во програмата ќе најдете вели Мицкоски, како до четири милијарди евра инвестиции и како да дојдеме до најнизок данок во Европа од осум проценти и нула данок за секој оној што ќе вработи лице до 29 години

СДСМ презентацијата на програмата вчера ја насочи пред се кон политиките за младите. Лидерот Зоран Заев најави дека преку конкретни, ефикасни, структурни мерки и политики, се обврзуваат стапката на младинска невработеност до 2024 година да ја донесат под 17 проценти. За таа цел, потенцира тој, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за оваа година продолжува со рекорден буџет за 2020 година од 1,3 милијарди денари и тој буџет ќе продолжи да расте.

„Обезбедуваме поврат на персонален данок за сите нововработени до 29 години во првите две години од работењето. Ова се пари кои одат директно на сметките на младите, односно повисоки плати за 10 посто веднаш. Мерката за три илјади денари месечен младински додаток во производството за вработени млади лица до 23 години со завршено најмалку средно образование продолжува и понатаму“, порача Заев.

Караванот на коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ денеска својата програма ќе ја претстави пред граѓаните во Гостивар и Делчево, додека коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ „Обнова на Македонија“ ги продолжува своите изборни активности во Лозово, Свети Николе и Велес.

Кандидатот на ДУИ за прв премиер Албанец, Насер Зибери, пак, на вчерашната прес-конференција пред Владата на која презентираше делови од својата програма изрази очекување неговата кандидатура за премиер да биде поддржана од припадници на сите етнички заедници.

Алијансата за Албанците и Алтернатива од Куманово ги повикаа гласачите да ги поддржат на 15 јули и истакнаа дека е време за промени во албанското општество во државата.

Партијата „Интегра“ пред гевгеличани вчера вети редуцирање на јавната администрација, нова транспортна стратегија со 956 километри брза железница по која за еден час ќе се стигнува до секоја точка,

Избори 2020

Истече рокот за поднесување приговири до ДИК, Левица поднесе 1.982 приговори

Виолета | Media Press

Published

on

 Пред истекот на рокот, Левица поднесе 1.982 приговори. Како што објави партијата на Фејсбук, приговорите се поради изборни нерегуларности и за да си ги повратат тројцата пратеници.

„На десет минути пред истекот на законскиот рок, во архивата на ДИК, Левица ги поднесе своите 1.982 писмени ПРИГОВОРИ (уредно спакувани во четири регистратори) – за да си ги повратиме тројцата украдени пратеници!“, стои во објавата.

Continue Reading

Избори 2020

Три дена по изборите ДИК објави нов закучок, поради како што велат исправка на техничка грешка

Виолета | Media Press

Published

on

ДИК го објави заклучокот со кој се врши исправка на технички грешки во заклучокот од 16.07.2020 година.

Според новите бројки, зголемен е бројот на граѓани кои гласале и бројот на неважечки ливчиња. Во заклучокот стои  дека всушност гласале 943.750 гласачи. Од нив 912.186 се важечки ливчиња, а бројот на неважечки ливчиња е 31.564. Измена има и кај бројот на неупотребени гласачки ливчиња кој од завчерашните 869.889 се зголеми за 624 и сега изнесува 870.513.

Во четвртокот пак ДИК соопшти дека гласале 942.334 гласачи, или за 1.416 помалку од денеска објавеното, а од нив 31.466 биле неважечки.

Според направената исправка излегува дека бројот на неважечки ливчиња е зголемен за 148.

Continue Reading

Избори 2020

Двајцата кандидати за пратеници од Радовиш од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, влегуваат во групата од по десет пратеници во 4 ИЕ, кој се останатите од Југоистокот

Виолета | Media Press

Published

on

Неофицијално излезноста на предвремените парламентарни избори конечно можат да се видат на веб-страницата на Државната изборна комисија. Според овие податоци излезноста на овие избори била 51,34 отсто од гласачите. Гласале 931.369 граѓани.

Неофицијално владејачката коалиција на СДСМ „Можеме“ освоила најмногу гласови и 46 пратенички места.  СДСМ освоила 327.329 гласови, по што следи коалицијата на опозициската ВМРО- ДПМНЕ „Обнова за Македонија“ со 315.344 гласови и 44 места во парламентот со 120 места.

Според резултатите кои вчера ги соопшти претседателтот на ДИК Оливер Деркоски, ВМРО ДПМНЕ и СДСМ ќе освојат по десет пратенички места во четвртата изборна единица.

Од Југоистокот, ВМРО ДПМНЕ ги добива пратениците: Дајанчо Евтимов од Василево, Ели Панова од Струмица, Здравко Трајанов од Радовиш, Ангелина Петкова од Гевгелија и  Јадранка Поцкова од Струмица.

Во превите десет на СДСМ,  влегуваат:  лидерот на партијата, Зоран Заев од Струмица, Марија Костадинова од Гевгелија, Костадин Костадинов од Струмица и Никола Чаракчиев од Радовиш.

Откако вчера беше усвоен заклучокот за конечните изборни резултати од предвремените парламентарни избори во Македонија, започнаа 48-часовните рокови за приговори за спроведувањето на изборите и за сумирањето на резултатите. На нив Државната изборна комисија ќе треба да одговори во рок од 72 часа.

Continue Reading