Советот на Општина Радовиш ја одржа 43 седница, уште на почетокот се разви дискусија околу дополнувањето на дневниот ред
Советот на Општина Радовиш ја одржа 43 седница со дневен ред од само 6 точки и една дополнителна точка. Пред усвојувањето на дневниот ред советниците Бојан Митевски и Горан Поцев предложија надополнување на дневниот ред со уште две точки: Предлог за покачување на платите на пожарникарите за 40% за период од два месеци, за нивните активности во текот на корона кризара и Предлог- одлука за доделување на линии за вршење на превоз на патници.
По вербалната доскусија беше дадена пауза од 15 минути за
советниците да се договорат, но договор не беше постигнат и точките не беа ставени на дневен ред. Потоа
седница продолжи со првата точка, Советнички парашања.
Според
предвидениот дневен ред потоа следуваа точките: Предлог одлука за намалување на
даночна основа за пресметување на
данокот на имот, данок на наследство и данокот на подарок за 50%
Предлог одлука за
целосно ослободување од плаќање комунална такса за фирмите регистрирани како
даночнни обврзници во даночниот регистар во општина Радовиш
Предлог одлука за намалување на висината на надоместокот
за уредување на градежно земјиште во општина Радовиш за 50% од вредноста на
сумата за период од јуни до декември 2020 година
Предлог одлука за
давање на позитивно мислење за предлог-договорот за воспоставување на јавно
приватно партнерство за давање на енергетски услуги за јавно осветлување и
овластување на Градоначалникот на Oпштина Радовиуш за потпишување на договорот
Предлог програма за измена и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште, одржување на комунални објекти и локални патишта за 2020 година во Oштина Радовиш и како дополнителна точка од дневниот ред беше предвидена: Извештај за реализација на програмата за уредување на градежно земјиште и уредување на комунални објекти и локални патишта.