Connect with us

Избори 2020

Чаракчиев: Најавуваме нова развојна економија и повисоки плати

Виолета | Media Press

Published

on

Нова развојна  економија  и повисоки плати  најави  на Прес конференција  кандидатот за пратеник од Радовиш од СДСМ и коалицијата Коле Чаракчиев.

„СДСМ е посветена на интересите на граѓаните и на развојот на домашната економија, обезбедување на здрава животна средина и заштита на здравјето на граѓаните“ додаде Чаракчиев.

Избори 2020

Пријавувањето за гласање на заболените од Ковид-19 и на болните трае до полноќ на 08 јули

Виолета | Media Press

Published

on

Лицата со ковид-19 и во самоизолација или во карантин, болните, немоќните и  лицата со хронични болести за гласањето на предвремените парламентарни избори на 15 јули  можат да се пријават најкасно до  вечерва (8 јули) на полноќ.

Лицата позитивни на коронавирусот или во изолација, освен со полномошник, за гласање ќе можат да се пријават и преку апликацијата поставена на веб – страната на ДИК https://izolacija.sec.mk/.

Покрај копија од лична карта, лицата со ковид-19 или во самоизолација до ОИК или преку апликацијата треба да достават и копија од решението за карантин или самоизолација издадено од Државен санитарен и здравствен инспекторат. Лицата чии резултати ќе бидат позитивни после 8 јули или ќе бидат ставени во самоизолација по овој датум, нема да може да се пријават за гласањето кое за нив ќе се спроведе од посебни избрачки одбори на 13 јули.

Болните, немоќните и хронично болните ќе гласаат на 14 јули. И тие до ОИК треба да се пријават за гласање со доставување на соодветна документација.

Според последните податоци што ДИК ги објави на 6 јули напладне биле пријавени само 19 лица со ковид-19 и 1.1129 болни и немоќни лица за гласање на 13 и 14 јули.

Рокот за гласање на лицата во домашен притвор завршува на 11 јули.

На 9 јули, завршува рокот за пријавување на набљудувачи на изборите.

Кампањата трае до 12 јули на полноќ, по што настапува тридневен молк поради гласањето кое овој пат поради пандемијата со ковид -19 започнува во понеделникот и тоа со лицата со ковид-19.

Continue Reading

Избори 2020

Актовности на Македонски концепт во предизборната кампања со средби со граѓани

Виолета | Media Press

Published

on

Носителот на листа за пратеници од Македонски концепт за ИЕ1 заедно со кандидатите за пратеници за ИЕ2, како дел од теренските активности – средби со граѓани ги посетија пазарот во Бутел, Бит Пазар и Стара скопска чаршија. 

„Не може да се опише разочараноста кај граѓаните кои преку разговор ја споделија со нас. Немаат надеж за подобра иднина во државата.

Не е проблемот само во Владата, туку во целиот политички систем кој си игра со животот на граѓаните 30 години наназад. Луѓето веруваа дека со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ од власт, СДСМ ќе донесе промени. Напротив, ништо не се промени. Но овој пат Македонски концепт нуди избор. Јас сум уверен дека на 15 јули граѓаните ќе го направат вистинскиот избор и наместо да останат дома или да поништуваат гласачки ливчиња, одлучно ќе заокружат 10ка. Затоа што глас за 10ка значи глас за промена, глас за гаранција дека оваа власт ќе ја казниме, а нема да дозволиме ниту обнова на бандитизмот од минатото”, изјави Петар Богојески, лидер на Македонски концепт и носител на листа за пратеници за ИЕ1.

Continue Reading

Избори 2020

Продолжува предизборната кампања, партиите имаат уште шест дена да се претставуваат пред граѓаните

Виолета | Media Press

Published

on

Остануваат уште шест дена политичките партии и коалициите кои ќе учествуваат на предвремените парламентарни избори на 15 јули, да ги претстават своите изборни програми пред граѓаните. Кампањата завршува на 12 јули  во недела, во 24 часот кога и официјално почнува предизборниот молк.

„За висок економски раст потребни се силни институции. Во периодот 2020-2023 година ВМРО-ДПМНЕ ќе работи на интензивирање на економскиот раст преку изградба на силни институции, одржување на високи капитални инвестиции од буџетот, посилна инвестициска активност на домашниот приватен сектор, но и преку нови странски инвестиции и раст на извозот“ порача Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски  при вчерашната посета на општинити во струмичкиот регион, Ново Село, Босилово и Василево.

„Таму ќе најдете поголема просечна плата, како да дојдеме до неа за 25 проценти од тоа што е денес. Таму ќе најдете како до поголеми пензии, најмалку 20 проценти поголеми пензии од тоа што е денес. Враќање на старото законско решение кога пензијата растеше два пати годишно, а не како што тоа денес се случува кога едно покачување добија пензионерите поредизборно мислејќи дека изборите ќе се случат во април“, истакна Мицковски.

Во програмата ќе најдете вели Мицкоски, како до четири милијарди евра инвестиции и како да дојдеме до најнизок данок во Европа од осум проценти и нула данок за секој оној што ќе вработи лице до 29 години

СДСМ презентацијата на програмата вчера ја насочи пред се кон политиките за младите. Лидерот Зоран Заев најави дека преку конкретни, ефикасни, структурни мерки и политики, се обврзуваат стапката на младинска невработеност до 2024 година да ја донесат под 17 проценти. За таа цел, потенцира тој, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за оваа година продолжува со рекорден буџет за 2020 година од 1,3 милијарди денари и тој буџет ќе продолжи да расте.

„Обезбедуваме поврат на персонален данок за сите нововработени до 29 години во првите две години од работењето. Ова се пари кои одат директно на сметките на младите, односно повисоки плати за 10 посто веднаш. Мерката за три илјади денари месечен младински додаток во производството за вработени млади лица до 23 години со завршено најмалку средно образование продолжува и понатаму“, порача Заев.

Караванот на коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ денеска својата програма ќе ја претстави пред граѓаните во Гостивар и Делчево, додека коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ „Обнова на Македонија“ ги продолжува своите изборни активности во Лозово, Свети Николе и Велес.

Кандидатот на ДУИ за прв премиер Албанец, Насер Зибери, пак, на вчерашната прес-конференција пред Владата на која презентираше делови од својата програма изрази очекување неговата кандидатура за премиер да биде поддржана од припадници на сите етнички заедници.

Алијансата за Албанците и Алтернатива од Куманово ги повикаа гласачите да ги поддржат на 15 јули и истакнаа дека е време за промени во албанското општество во државата.

Партијата „Интегра“ пред гевгеличани вчера вети редуцирање на јавната администрација, нова транспортна стратегија со 956 километри брза железница по која за еден час ќе се стигнува до секоја точка,

Continue Reading