Connect with us

Македонија

Одобрен предложениот протокол за јавни настани, концертите ќе се одржуваат со 50% капацитет и со заштитни маски

Александар | Media Press

Published

on

Протоколот за организирање јавни настани, кој минатата недела е предложен од претставници на Здружението на музичари и на организатори на настани е одобрен од страна на Комисијата за заразни болести, – изјави денеска Министерот за здравство, Венко Филипче, на прес конференција од детската клиника Козле

„Денеска е донесена дозвола да се организираат јавни настани со тоа што местото треба да биде пополнето не повеќе од 50 проценти од капацитет каде што ќе се организира настанот.

Здруженијата на музичари и организатори ќе преземат и обврска самите да го контролираат спроведувањето на превентивните мерки на местата каде што ќе има настани.

Оваа одлука за враќање на јавните настани поврзани со музиката дојде по состанокот на министерот со Здружението на музичари. Од здруженијата на музичари и на организатори на настани велат дека одлуката за протоколите на Комисијата за заразни болести ќе ја разгледаат и доколку имаат забелешки, дополнително ќе реагираат.

Музичките настани ќе се организираат со исполнетост на објектот до 50 проценти, картите за настаните да се продаваат само онлајн и сите кои присуствуваат на настанот да носат заштитни маски. 

прикажи повеќе
Advertisement

Избори 2020

Чулев: Сите прекршители на изборниот процес ќе бидат најстрого санкционирани

Виолета | Media Press

Published

on

Сите прекршители на изборниот процес ќе бидат најстрого санкционирани. Ова го порача министерот за внатрешни работи Наќе Чулев при денешната посета на Струмица . Тој најави дека се преземени сите мерки и активности за превенција на евентуални изборни нерегуларности. Чулев апелираше до полициските службеници да не подлегнуваат на било какви политички, односно партиски или пак притисоци од бизнис структури и нивните задолженија да си ги извршуваат согласно чесноста и професионализмот. Истото им го порача и на граѓаните, слободно да излезат и да гласаат според нивната волја и убедување.

,, Да не подлегнуваат на притисоците на локалните криминални структури. Истовремено да не подлегнуваат на притисоци на бизнис структурите, да не подлегнуваат евентуално на притисоци од полициски службеници, кои ќе бидат инволвирани во изборни нерегуларности. Избирачкото право да  си го остварат согласно нивните симпатии спрема одредена политичка опција,, рече Чулев

Министерот Чулев потенцираше дека секој што ќе биде инволвиран во кривично дело поврзано со изборни нерегуларности се соочува со казна затвор до 10 години. Затоа апелираше и до граѓаните но и полициските службеници доколку се најдат во ситуација некој да им врши притисок уцена или закана  за гласање или пак им биде понуден поткуп веднаш да го пријават до МВР со цел најстрого санкционирање.

Continue Reading

Земјоделие

Започна распределбата на картичките за новите корисници на зелена нафта по програма 2020 година

Виолета | Media Press

Published

on

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, беа во посета на Струмичкиот регион од каде што информираа за започнувањето на распределбата на картичките за новите корисници на зелена нафта.

Преку подрачните единици на МЗШВ,  ќе се поделат новите картички во сите региони во државата.

Оние кои веќе имаат картички од лани, по автоматизам ќе им бидат надополнети и  ќе  можат да почнат со користење на картичките, односно да точат „еуродизел  за земјоделска механизација“.

“Преку оваа мерка, во овој момент опфаќаме околу 51 илјада земјоделци. Вкупната поддршка за оваа мерка изнесува 224 милиони денари. Ова се сериозни средства кои ги враќаме кај земјоделците токму во време кога имаат и најмногу активности на поле. Со оваа мерка којашто за прв пат ја воведе Владата од минатата година, се придонесува за намалуваме на производствените трошоци, со тоа земјоделското производство е одржливо, а кај земјоделците остануваат повеќе пари“- изјави министерот Димковски.

Право на користење на оваа поддршка имаат сите кои биле корисници на субвенции по Програма  2019- та година. Финансиската поддршка на платежната картичка зависи од големината на површините и земјоделските култури за кои конкурирале земјоделците за субвенции во 2019 година.

“Со оваа мерка во овој момент опфатени се близу 51 илјада  земјоделци. Во струмичко зелена нафта ќе користат  5 илјади земјоделци. 

 Земјоделците кои имаат картички од лани, ќе можат да точат „еуро дизел гориво“  веќе од понеделник по 10 часот. Исто така и земјоделците кои прв пат годинава стекаа  право за добивање на картичка за  зелена нафта, веќе од понеделник ќе може да одат во Подрачните единици на МЗШВ и да  ги подигнат зелените картички. Во овој период земјоделците имаат најмногу трошоци за гориво затоа што сме во екот на берба, на жетва“- изјави директорот Бабовски

Безготовинската зелена картичка е персонализирана и е наменета за набавка на дизел гориво на било која бензинска станица на Макпетрол АД на целата територија на државата. Со картичката не може да се подигаат пари или да се купуваат други производи. Картичката може да се користи повеќекратно се до исцрпување на средствата. По првото точење на гориво, земјоделците добиваат сметка на која може да видат уште колку средства имаат на располагање на картичката, стои во известувањето од МЗШВ.

Continue Reading

Здравје

Рекордни 205 заболени од Ковид -19 и 6 лица починати

Виолета | Media Press

Published

on

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1728 тестирања, а регистрирани се 205 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-60, Куманово-13, Дебар-17, Штип-10, Прилеп-2, Тетово-13, Струга-12, Велес-3, Битола-3, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-23, Струмица-1, Крушево-1, Пробиштип-2, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Берово-1, Свети Николе-29, Кичево-7, Ресен-3.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 336 оздравени лица од: Скопје-113, Куманово-28, Дебар-8, Штип-15, Прилеп-1, Тетово-40, Струга-52, Велес-1, Охрид-57, Кавадарци-1, Гостивар-8, Крива Паланка-4, Кочани-1, Пробиштип-1, Валандово-2 и Ресен-4.
Починати се 6 лица, четири пациенти од Скопје и два од Гостивар.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа тројца пациенти на возраст од 62, 68 и 94 години. Во ГОБ „8 Септември“ починати се двајца пациенти на возраст од 65 и 70 години. Во ОБ Гостивар е почината пациентка на возраст 80 години.

Continue Reading
Advertisement