Министерството за здравство информира дека во
последните 24 часа се направени 1279 тестирања, а регистрирани се 153 нови
случаи на ковид-19 во: Скопје-66, Куманово-13, Штип-13, Прилеп-2, Тетово-20,
Струга-7, Охрид-7, Битола, Крива Паланка,
Кочани, и Пробиштип-по1, Свети Николе-3, Кичево-6, Ресен-12.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 75 оздравени
пациенти од: Скопје-47, Штип-13, Прилеп-1, Тетово-3, Струга-2, Велес-1,
Охрид-3, Кавадарци-1, Гевгелија-2, Кочани-1, Пробиштип-1.
Починати се 6 лица, еден пациент од Скопје, двајца од Штип,
еден од Тетово, еден пациент од Охрид и еден од Ресен.
Во ГОБ „8 септември“ по прием е починат пациент (53г) од
Ресен. Починат е пациент од Скопје (61г), лекуван болнички до 23 јуни. Во
болницата во Штип починаа две лица, пациент (80г) хоспитализиран на 5 јуни и
пациент (75г) хоспитализиран на 24 јуни.
Во ОБ Охрид почина пациент (68г) години, хоспитализиран на 23
јуни. Денеска институтот евидентира и претходно починат пациент од Тетово (79г).
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од
почетокот на епидемијата изнесува 5595, бројката на оздравени пациенти е 2166,
на починати е 265, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува
3164. Од вчерашните тестирања три се контролни.
Направените 1279 теста се преку: ИЈЗ –634, ЦЈЗ
Скопје-0, Авицена –105, Биотек –140, МАНУ -109, Жан Митрев (Филип Втори) -164,
Судска медицина-5, Систина со PCR метода -109 и ЦЈЗ Битола-13. Досега во
земјата се направени вкупно 55.735 тестирања на ковид -19. Денеска нема
тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6
пациенти. Вкупно се хоспитализирани 98 пациенти. На кислородна поддршка се 51
пациент, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се
хоспитализирани 2 деца сомнителни на ковид и 11 возрасни позитивни пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 14 нови, вкупно
хоспитализирани се 135 пациенти. На респираторна машина се 7 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 44, а во болницата
во Штип се хоспитализирани 22 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово,
Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 81 пациент – позитивни и
сомнителни на ковид-19.