Македонија
Левица ја започна својата кампања под официјалниот слоган : Државата за народот – Левица во парламент!
Објавено на
Од
Media Press
Политичката партија Левица, согласно Изборниот законик, вчера ја започнува својата изборна кампања како самостоен учесник, т.е. подносител на листи на кандидати за пратеници на Предвремените парламентарни избори 2020.
„ На претстојниве историски избори, кои се од суштинско значење за развојот и просперитетот на Република Македонија, Левица – согласно официјално потврдените листи од ДИК – ќе настапи под реден број 4 во сите шест изборни единици: носител на ИЕ 1 е претседателот на Левица – проф. д-р Димитар Апасиев.
Во оваа кампања, спроведувана во вонредни и кризни околности на пандемија, а во интерес на јавното здравје, Левица ќе се усмери кон водење креативна кампања, првенствено на социјалните мрежи и на медиумите, додека ќе избегнува масовни собирања и митинзи. Планирано е да се отворат и неколку наши локални канцеларии ширум Републикава, со доследно почитување на протоколите за заштита на населението од заразни болести. Официјалниот слоган на кампањата е: Државата за народот – Левица во парламент!
За сите наши централни и локални активности, било на републичко или на општинско ниво, благовремено ќе бидете брифирани и известени ден претходно – како би можеле истите медиумски да ги покриете, согласно законскиот принцип на пропорционалност и избалансираност во известувањето“, стои во известувањето од Левица.
Левица повикува на водење достоинствена и цивилизирана позитивна кампања, почитувајќи ги личноста и дигнитетот на политичките опоненти.
Поврзани содржини

„ИЗНЕНАДЕНИОТ“ ГУВЕРНЕР СЛАВЕСКИ ДА ЗАСТАНЕ ВО ЗАШТИТА НА ГРАЃАНИТЕ ОД БАНКАРСКАТА АЛЧНОСТ

ЛЕВИЦА: Две години МВР со Панче Тошковски не презема никакви дејствија за криминалот со фирмата за надзор над проектот со ,,Бехтел и Енка”

Левица: ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА СО НОВ ШАМАР ЗА УСТАВНИОТ СУД

Левица, Струмица: Годишниот план за вработување во ЈКП ” КОМУНАЛЕЦ” СТРУМИЦА за 2026

🚦Безбедно во сообраќајот од најрана возраст! Едукативно предавање во ОУ Никола Карев, Радовиш

Левица: Лозарите добија понижување наместо откупна цена

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

