Connect with us

Македонија

АВМУ предупредува за емитување на платено политичко рекламирање со учество на малолетници, кое е спротивно на законот

Виолета | Media Press

Published

on

Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) на првиот ден од мониторингот на изборното медиумско претставување од кампањата за Предвремените парламентарни избори 2020 година констатираше дека повеќе телевизии, емитуваа платено политичко рекламирање во кое учествуваат малолетници.

„Апелираме радиодифузерите веднаш да престанат да ги емитуваат овие спотови, а учесниците во изборната кампања да го усогласат нивното платено политичко рекламирање со законите. Радиодифузерите имаат уредничка одговорност за секоја одлука да емитуваат некоја содржина на нивниот програмски сервис. Затоа треба внимателно да ги прегледуваат сите содржини и да одбијат да ги емитуваат оние со коишто се прекршува не само Изборниот законик, туку и Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Ова особено се однесува на посебните забрани од членот 48, во кои спаѓаат и поттикнувањето и ширењето дискриминација, нетрпеливост и омраза врз која било забранета дискриминаторска основа“ стои во предупредувањето.

Економија

Работодавачите во медиумите можат да аплицираат за субвенционирање на придонесите на платите на вработените

Виолета | Media Press

Published

on

Управата за јавни приходи соопшти дека работодавачите во  медиумите можат да аплицираат за субвенционирање на придонесите на платите на вработените.

„За  секој осигуреник за месец јуни, јули и август 2020 година му  се субвенционира 100% од износот за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување согласно „Уредбата со законска сила за субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување за вработени во медиуми“, стои во соопштението.

За остварување на правото за субвенционирање, работодавачот- медиум, додаваат од УЈП треба да пополни и поднесе  комплетно Барање за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување (образец БС-ПЗСОМ) во Месечната пресметка за интергрирана наплата (МПИН образец) за осигуреникот за кој бара субвенционирање.

Continue Reading

Избори 2020

Мираковска пред пензионарите во Радовиш: Планираме да ја покачиме минималната пензија

Виолета | Media Press

Published

on

Носителот на листа во ИЕ 4 од СДСМ и коалицијата, Соња Мираковска денеска беше во посета на Општина Радовиш. Заедно со кандидатот за пратеник  од Радовиш Коле Чаракчиев, ја претстави програмата пред пензионрите од општината, притоа давајќи акцент на тоа што планираат за пензионерите но и за останатите граѓани, за подобрување на стандардот.

Continue Reading

Здравје

За 24 часа 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи

Виолета | Media Press

Published

on

Во последните 24 часа се направени 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на Ковид-19. Новозаразените се најголем број во Скопје -26, Куманово 4, Штип 17, Тетово 9, Струга и Пробиштип по 3, Гостивар и Свети Николе по 5, Битола, Дебар, Охрид, Крива Паланка, Кочани и Виница по .

Починати се 5 лица од вирусот во последното деноноќие. Тројца од пациенти  се од Скопје, еден од Куманово и еден пациент е од Струга.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 172 оздравени лица.

До сега во Македонија се направени вкупно 68.059 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7124, бројката на оздравени пациенти е 3199, на починати е 346, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3579

Continue Reading