Connect with us

Регион

14 радовишани ќе бидат казнети заради не почитување на мерката за носење заштита на лице

Виолета | Media Press

Published

on

И покрај казните, граѓаните од регионот продолжуват да не ја почитуваат мерката за носење заштна маска или прекривна на лица за заштита од корона вирус.

За не носење на заштитна маска во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (22/23јуни) по однос на уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 55 лицa направиле прекршок со тоа што не ја почитувале мерката.  Од нив 14 лица  биле евидентирани  на подрачје на Радовиш,  21 на подрачјето на Струмица, , 12 во Гевгелија и 8 во Валандово, Сите овие лица направиле прекршок односно не ја  почитувале мерката за заштитна маска и за нив ќе следуваат соодветни мерки.

 Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се констатирани непочитувања на мерката, информира СВР Струмица.

прикажи повеќе
Advertisement

Избори 2020

Што предвидуват во програмата и што ветуваат Заев и Мицкоски пред граѓаните во регионот

Виолета | Media Press

Published

on

Лидерите на двете најголеми политички партии СДСМ и ВМРО ДПМНЕ,  Зоран Заев и Христијан  Мицкоски кои го посетија Радовиш, на прашањето што да очекуваат граѓаните од регионот одговрија:

Заев: Овој наш земјоделски регион ќе го заштитиме еколошки, ќе ги подигнеме платите а ќе се качуваат и пензиите,земјоделството ќе се унапредува…

Мицкоски: Бизнисмените да очекуваат најнизок данок, вработување на невработените,  поврзување на Конче со Струмица преку Рич и Попчево, 1000 километри локални регионални патни правци, унапредување на земјоделието, инвестиции…

Continue Reading

Регион

Во два дена во струмичко изгореле околу 2 хектари сува трева и грмушки, оштетени се и лозови насади

Александар | Media Press

Published

on

Во два дена во струмичко изгореле околу 2 хектари сува трева и грмушки на две локации. Во пожарите оштетени се и лозови насади. Зачестуваат пожарите на отворено кои најверојатно се поради човечко невнимание или предизвикани со намера. Како што известуваат од ТППЕ Струмица, пожарите се случиле во атарите на населените места Водоча и Баница.

Во петокот околу 14:45 часот во атарот на селото Водоча, ТППЕ Струмица со три ПП возила и шест пожарникари интервенирале на гаснење на запалена сува трева, грмушки и лозови насади на површина од околу 1 хектар. Пожарот е успешно локализиран и ликвидиран.

Ден покасно, во сабота околу 19:30 часот во атарот на село Баница, ТППЕ Струмица со две ПП возила и пет пожарникари интервенирале на гаснење на запалена сува трева и грмушки на површина од околу 1 хектар. Со пламените јазици борбата траела околу 2 часа при што пожарот е успешно локализиран и ликвидиран околу 21:30 часот.

Continue Reading

Регион

Прво прскање против возрасни комарци по земјен пат на територијата на Југоисточниот плански регион

Виолета | Media Press

Published

on

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со десетте општини од регионот, согласно Одлуката на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, организира прво прскање против возрасни комарци по земјен пат. Првото прскање против возрасни комарци кое беше предвидено да се изврши на 10 и 11 Јуни 2020 година (среда и четврток) на територијата на сите општини во регионот, беше одложено поради неповолни временски услови т.е појава на врнежи во предвидениот период.


Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ги известува сите граѓани на 10-те општини во регионот дека првото прскање против возрасни комарци ќе се изврши на 24 и 25 јуни 2020 година, со следниот распоред:
1. На 24.06.2020 година (среда), во период од 18.00 до 02.00 часот во општините Конче, Радовиш, Ново Село, Василево, Босилово и Струмица и
2. На 25.06.2020 година (четврток), во период од 19.00 до 02.00 часот во општините Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово.
Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

Согласно набавката предвидени се вкупно две прскања за ларвициди и три прскања против возрасни комарци на територијата на Југоисточниот регион со вкупна површина од 5.376 ха.

Continue Reading
Advertisement