Connect with us

Македонија

Од петок влез во Македонија без ПЦР тест и домашна изолација

Александар | Media Press

Published

on

Од петок, 26 Јуни 2020 целосно ќе бидат отворени сите гранични премини за непречено движење на патници и возила без приложување на PCR тестови, и без упатување до домашна изолација или спроведување во задолжителен државен карантин. Ова е одлуката на Владата по добиените препораки на Комисијата за Заразни Болести.

Владата донесе и одлука од 1 јули 2020 година, да бидат отворени за сообраќај и Меѓународниот аеродром Скопје и на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Дополнително, од 26 јуни стартуваат одлуките за да биде укината забраната за организиран превоз, угостителските објекти да можат да работат и во внатрешноста на објектите преку соодветен протокол за работа, се дозволува и работата на теретаните и вежбалните, а моловите, од истиот датум, ќе можат да работат и во неделите.

За сите овие одлуки до петок, 26 јуни 2020 година, кога започнува нивната важност, ќе бидат подготвени протоколи кои ќе бидат задолжителни за сите економски оператори и институции во чија надлежност се овие одлуки.

прикажи повеќе
Advertisement

Избори 2020

Заев од Конче: На 15 јули бираме дали земјоделците ќе добиваат 200 милиони евра годишно субвенции

Виолета | Media Press

Published

on

Последен ден од кампањата за предвремените парламентарни избори. Партиите ги претставуваат своите кандидати за пратеници, ја промовират програмата и ја барат подршката од граѓаните. Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска беше во Општина Конче. Тој заедно со градоначалникот на Општина Конче Благој Илиев и кандидатот за пратеник Коле Чаракчиев оствари средба со жителите од Конче и Дедино.

„На 15 јули, во среда имаме важни избори на кои се носи голема одлука. На 15 јули носиме одлука за сопствената иднина и за иднината на нашата татковина. Денес на последниот ден од кампањата, пред нас се исправени две спротивставени перцепции, два целосно спротивставени концепти“, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

„Едниот концепт на СДСМ и коалицијата „Можеме“ кој ја носи земјата напред, кон ЕУ и НАТО, другиот на ВМРО-ДПМНЕ кој нуди само обнова на режимот, обнова на криминалот и туркање кон изолација. Концептот кој носи пари кај граѓаните и концепт кој зема пари од граѓаните. На 15 јули бираме дали земјоделците ќе добиваат 200 милиони евра годишно субвенции и поддршка за рурален развој, или ќе добиваат лажни ветувања, манипулации и уцени со исплатата на субвенциите“ вели Заев.

Continue Reading

Избори 2020

Чулев: Сите прекршители на изборниот процес ќе бидат најстрого санкционирани

Виолета | Media Press

Published

on

Сите прекршители на изборниот процес ќе бидат најстрого санкционирани. Ова го порача министерот за внатрешни работи Наќе Чулев при денешната посета на Струмица . Тој најави дека се преземени сите мерки и активности за превенција на евентуални изборни нерегуларности. Чулев апелираше до полициските службеници да не подлегнуваат на било какви политички, односно партиски или пак притисоци од бизнис структури и нивните задолженија да си ги извршуваат согласно чесноста и професионализмот. Истото им го порача и на граѓаните, слободно да излезат и да гласаат според нивната волја и убедување.

,, Да не подлегнуваат на притисоците на локалните криминални структури. Истовремено да не подлегнуваат на притисоци на бизнис структурите, да не подлегнуваат евентуално на притисоци од полициски службеници, кои ќе бидат инволвирани во изборни нерегуларности. Избирачкото право да  си го остварат согласно нивните симпатии спрема одредена политичка опција,, рече Чулев

Министерот Чулев потенцираше дека секој што ќе биде инволвиран во кривично дело поврзано со изборни нерегуларности се соочува со казна затвор до 10 години. Затоа апелираше и до граѓаните но и полициските службеници доколку се најдат во ситуација некој да им врши притисок уцена или закана  за гласање или пак им биде понуден поткуп веднаш да го пријават до МВР со цел најстрого санкционирање.

Continue Reading

Земјоделие

Започна распределбата на картичките за новите корисници на зелена нафта по програма 2020 година

Виолета | Media Press

Published

on

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, беа во посета на Струмичкиот регион од каде што информираа за започнувањето на распределбата на картичките за новите корисници на зелена нафта.

Преку подрачните единици на МЗШВ,  ќе се поделат новите картички во сите региони во државата.

Оние кои веќе имаат картички од лани, по автоматизам ќе им бидат надополнети и  ќе  можат да почнат со користење на картичките, односно да точат „еуродизел  за земјоделска механизација“.

“Преку оваа мерка, во овој момент опфаќаме околу 51 илјада земјоделци. Вкупната поддршка за оваа мерка изнесува 224 милиони денари. Ова се сериозни средства кои ги враќаме кај земјоделците токму во време кога имаат и најмногу активности на поле. Со оваа мерка којашто за прв пат ја воведе Владата од минатата година, се придонесува за намалуваме на производствените трошоци, со тоа земјоделското производство е одржливо, а кај земјоделците остануваат повеќе пари“- изјави министерот Димковски.

Право на користење на оваа поддршка имаат сите кои биле корисници на субвенции по Програма  2019- та година. Финансиската поддршка на платежната картичка зависи од големината на површините и земјоделските култури за кои конкурирале земјоделците за субвенции во 2019 година.

“Со оваа мерка во овој момент опфатени се близу 51 илјада  земјоделци. Во струмичко зелена нафта ќе користат  5 илјади земјоделци. 

 Земјоделците кои имаат картички од лани, ќе можат да точат „еуро дизел гориво“  веќе од понеделник по 10 часот. Исто така и земјоделците кои прв пат годинава стекаа  право за добивање на картичка за  зелена нафта, веќе од понеделник ќе може да одат во Подрачните единици на МЗШВ и да  ги подигнат зелените картички. Во овој период земјоделците имаат најмногу трошоци за гориво затоа што сме во екот на берба, на жетва“- изјави директорот Бабовски

Безготовинската зелена картичка е персонализирана и е наменета за набавка на дизел гориво на било која бензинска станица на Макпетрол АД на целата територија на државата. Со картичката не може да се подигаат пари или да се купуваат други производи. Картичката може да се користи повеќекратно се до исцрпување на средствата. По првото точење на гориво, земјоделците добиваат сметка на која може да видат уште колку средства имаат на располагање на картичката, стои во известувањето од МЗШВ.

Continue Reading
Advertisement