Connect with us

Македонија

Одржана работна средба помеѓу Набљудувачката мисија за избори на ОБСЕ/ОДИХР и Државната изборна комисија

Виолета | Media Press

Published

on

Претставници на Канцеларијата на ОБСЕ/ОДИХР, на чело со Шефот на Набљудувачката мисија за избори на ОБСЕ/ОДИХР, Лаима Андрикине, денес, 22 јуни 2020 година, беа на работен состанок со членовите на Државната изборна комисија, во седиштето на Комисијата.

„Поради фактот дека Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, 15 јули 2020 година, се одржуваат во специфични околности кои ги предизвика новонастанатата состојба со Коронавирусот, целта на овој состанок беше да се разгледаат сите активности кои ќе бидат преземени од страна на Државната изборна комисија за да се овозможи фер и демократски процес, како и изборен процес кој ќе ги заштити сите учесници.

Имајќи го предвид тоа, Државната изборна комисија истакна дека доследно ќе работи согласно законската рамка, со сите донесени акти од страна на Комисијата, кои ги опфаќаат сите изменувања и дополнувања на Изборниот законик, како и согласно мерките и препораките донесени од Владата на Република Северна Македонија и протоколите донесени од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски, ги информираше Претставниците на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, дека е донесен Ревидиран роковник за продолжување на изборните дејствија за спроведување на предвремените избори, како и дека се продолжени активностите за ажурирање на Избирачкиот список. По однос на спроведување на гласањето за овие избори информираше дека истото ќе трае три дена, односно започнува на 13 јули 2020 година, каде ќе гласаат лицата кои се наоѓаат во домашен карантин поради позитивен тест на  COVID  – 19 и лицата кои со решение издадено од Државниот здравствен и санитарен инспекторат се наоѓаат во домашна самоизолација. За спроведување на гласањето на 13 јули 2020 година, Државната изборна комисија ќе формира посебни избирачки одбори составени од здравствени работници предложени од Министерството за здравство и лица предложени од политичките партии. На 14 јули 2020 година ќе гласаат болни и немоќни лица, како и хронично болните лица. На 15 јули 2020 година ќе се спроведе гласањето кое ќе трае до 21:00 часот. Лицата кои после 8 јули 2020 година се тестирани и позитивни на COVID -19 нема да можат да го остварат правото на глас. За оваа цел Државната изборна комисија врши проверка на избирачките места, како би се обезбедиле поголеми простории за денот на гласањето, онаму каде што постои можност, а таму каде што не постои таа можност да се обезбедат услови согласно мерките, препораките и протоколите, за заштита од Коронавирусот.

Истовремено, Оливер Деркоски, претседател на Државната изборна комисија, информираше дека се продолжува со задолжителна обука на изборната администрација и повторно ги истакна резултатите кои овие обуки ги имаа на претходните избори.

Меѓу другите теми се разговараше и за прашањето за начинот на распределба и користење на финансиските средства за платено политичко рекламирање, обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија, за радиодифузерите, печатените медиуми и електронските поратли (Интернет порталите) кои ќе обезбедуваат платено политичко рекламирање за учесниците во изборната капмања.

Претставниците на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР, укажаа дека нивната задача е набљудување на изборите и на овие избори ќе работат согласно мерките и препораките за заштита од Коронавирусот. Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР ќе биде присутна до 27 јули 2020 година кога ќе дадат извештај и следни препораки за понатамошните избори“ стои во известувањето од ДИК.

Македонија

Одобрени согласностите за организирање настава со физичко присуство во училиштата, по барања поднесени од 2 до 14 септември

Виолета | Media Press

Published

on

Владата на на својата 5-та седница, одржана на 22 септември, го усвои и Извештајот за работата на Комисијата за разгледување на поднесени барања од страна на основачи на училиштата за организирање на настава со физичко присуство, за период од 2.09.2020 година до 14.09.2020 година.

Владата го прифати предлогот на Комисијата согласност за настава со физичко присуство да добијат 169 училишта од кои: 6 државни училишта за деца со посебни образовни потреби, 1 приватно средно училиште со одобрение за експериментална настава во основно образование, 15 централни општински основни училишта, 147 подрачни основни училишта.

Извештајот констатира дека не ги исполниле условите 32 централни општински основни училишта, 11 подрачни основни училишта и 2 приватни училишта.

Според извештајот, за организирање настава со физичко присуство во средните училишта биле доставени вкупно 66 барања, од кои Комисијата предлага согласност да добијат 4 училишта од кои: 2 државни училишта за деца со посебни образовни потреби, 1 приватно средно училиште, 1 општинско средно училиште. Делумна согласност за реализација само на стручните предмети и практичната настава да добијат 10 училишта (5 уметнички, 4 општински училишта и 1 државно училиште – Спортска академија).

Согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение добија следните училишта од општините од Југоистокот:

Во Општина Валандово согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение во различни смени со учениците од прво до трето одделение добија ПУ с. Чалакли; ПУ с. Казан Дол; и ПУ. с. Брајковци, а ПУ во Дедели, Башибос и Грчиште добија согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение.

Општина Василево доби согласност за ПУ с. Доброшинци за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение во две смени; за ПУ с. Чанаклија и за ПУ с. Сушево, ПУ с. Владевци за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение, и за реализација на настава во две смени со учениците од прво до петто одделение; ПУ с. Едрениково и во с. Седларци, и ПУ с. Радичево за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение, додека за ПУ с. Дукатино е одобрена согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение со укажување наставата да се реализира во две смени со учениците од прво до петто одделение.

Во Општина Конче согласност добија ПУ с.Габревци, ПУ с.Ракитец, ПУ с.Долни Липовиќ, ПУ с.Горни Липовиќ, и ПУ с.Дедино за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение.

Општина Богданци доби согласност за ПУ с.Ѓавото и ПУ с.Селемли за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение.

Во Општина Гевгелија ООУ „Климент Охридски“ во с. Миравци ќе организира настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение, како и ПУ с.Давидово, ПУ с.Богородица, ПУ с.Мрзенци и во ПУ с.Прдејци, додека во ПУ с.Милетково, во ПУ с.Моин и во ПУ с.Смоквица настава со физичко присуство ќе има за учениците од четврто одделение.


Continue Reading

Македонија

Именувани замениците-министри во Владата, на предлог на претседателот Заев

Виолета | Media Press

Published

on

На предлог на претседателот  Зоран Заев, Собранието ги именуваше замениците-министри во Владата.

– Башким Хасани, е избран за заменик на министерката која раководи со Министерството за одбрана,
– Назим Буши, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за внатрешни работи,
– Димитар Ковачевски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за финансии,
– Агим Нухиу, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за правда,
– Илхан Рахман, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците,
– Фатмире Исаки, за заменичка на министерот кој раководи со Министерството за надворешни работи,
– Зоран Маневски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за економија,
– Трајан Димковски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,
– Илир Хасани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за здравство,
– Арафат Шабани, за заменик на министерката која раководи со Министерството за образование и наука,
– Енвер Хусејин, за заменик на министерката која раководи со Министерството за труд и социјална политика,
– Зоран Димитровски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за локална самоуправа,
– Седат Сулејмани, за заменик на министерката која раководи со Министерството за култура,
– Александар Бајдевски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за информатичко општество и администрација,
– Беким Реџепи, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за транспорт и врски и
– Христина Оџаклиеска, за заменичка на министерот кој раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање.

На именувањето на замениците на министрите во Владата, му претходеше обраќање на претседателот на Владата Зоран Заев, во кое тој образложувајќи ја предлог-листата со 16 заменици-министри, изрази уверување дека предложените кандидати, совесно и со најголема посветеност и одговорност, ќе ги извршуваат своите работни обврски согласно законот и определбите на Владата на РС Македонија за остварување на нејзината Програма и за остварување на стратешките интереси на држвата, како и интересите на сите нејзини граѓани.

„Сега е време да доработиме и да сработиме. Да ја исполниме нашата обврска да го испорачаме ветеното. Заедно со вас пратениците, со граѓаните, да продолжиме да пишуваме успешни страници за иднината, на нашата демократија и заедно да го чекориме патот до подобра иднина за сите“, истакна премиерот Заев на собраниската седница, на која ја претстави листата на заменици-министри во Владата.  

Continue Reading

Македонија

[Левица]: Поднесени осум тужби против Собранието на РМ

Виолета | Media Press

Published

on

Политичката партија Левица со Соопштение до јавноста за поднесените тужби пред Управен суд за поведување управен спор заради непочитување на процедурата за верификација на мандатите на осум пратеници во кое се вели:

„Политичката партија Левица и нашите двајца пратеници во Собранието на Република Македонија, во законски предвидениот рок од 30 дена, поднесоа осум поединечни тужби пред Управниот суд против Собранието на РМ, како јавен орган, за поведување управен спор заради непочитување на процедурата за верификација на мандатите на следниве осум пратеници: Бедри Фазли и Фисниќе Бектеши Шаќири од ДУИ, и Драгица Ѓавочанова, Зеќир Рамчиловиќ, Белкиса Зеќири, Славјанка Петровска, Снежана Калеска Ванчева и Мирослав Богдановски од владејачката коалиција „Можеме“.

Тужбите, со кои се бара поништување на овие спорни поединечни управни акти и враќање одново на процедурата за верификација, се поднесени врз освнова на чл. 3, ст. 1, ал. 4–5, а во врска со чл. 4, ст. 1, ал. 1 од Законот за управните спорови (2019), а како причина за утужувањето се наведени и документирани апсолутно суштествени и неотстранливи процесни повреди на постапката – т.е. бидејќи во постапката која му претходеше на носењето на актите флагрантно се прекрши процедурата за верификација на мандатот на нов пратеник за остаток од мандатот, кој доаѓа на местото на друг пратеник од истата кандидатска листа и воопшто не се постапи според правилата на постапката кои се детално регулирани со закон и со Деловникот на Собранието.

Во прилог на оваа наша теза, дека има неотстранливи „грешки во чекори“ во процедурата, говори и фактот што самото Собрание на РМ, по нашите процедурални интервенции на пленарната седница, си ја увиде својата флагрантна грешка и повреда на чл. 17 од Деловникот, па после првата спорна тура на вакви осум контроверзни верификации, веќе во следните два идентични случаја на верификација на остаток на мандат (на пратениците Емилија Рамбабова и Диме Велковски) – го поправи своето недопустливо однесување, доставувајќи не коректен Извештај од непостоечката Верификациона комисија, туку од надлежната Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања – што, пак, доведува до еклатантна повреда на уставното начело на владеење на правото и правната сигурност, затоа што за една иста пропишана фактичка и правна ситуација недозволиво се воведува различна парламентарна пракса, т.е. два сосема различни механизми на верификација“, стои во Соопштението од Левица.

Continue Reading