Connect with us

Економија

Континуирано опаѓање на просечната плата во Македонија

Александар | Media Press

Published

on

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во април 2020 година, во однос на април 2019 година, изнесува 104.8. Индексот за просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април 2020 година, во однос на април 2019 година, изнесува 104.2.

Ваквото зголемување на исплатената бруто-плата се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Образование (13.1 %), Други услужни дејности (7.5 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (7.2 %) додека пак зголемувањето на исплатената нето-плата се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование (12.0 %), Други услужни дејности (6.9 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (6.4 %).

Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (8.6 %), Транспорт и складирање (6.8 %) и Преработувачка индустрија (6.7 %), додека пак намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (9.0 %), Стручни, научни и технички дејности (6.9 %) и Транспорт и складирање (6.6 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во април 2020 година, изнесува 38 567 денари, а просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2020 година, изнесува 25 830 денари.

Просечната нето-плата во нашата држава постепено се намалува. Државниот завод за статистика покажува дека во април просечната нето плата изнесува 25.830 денари, односно 600 денари помалку од претходниот месец Март.

Во Јануари просечната нето-плата изнесуваше 27.540 што е за 1.710 денари повисока од просечната нето-плата во Април која изнесува 25.830

Економија

Од вечерва на полноќ се зголемуваат цените на горивата

Виолета | Media Press

Published

on

Регулаторната Комисија за Енергетика објави дека од вечерва ќе се зголемат цените на горивата.

Во согласност со методологијата за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 2.37%.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат по два денари, па еден литар од овие горива ќе чини 60.50, односно 62.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за половина денар, и еден литар дизел ќе чини 49.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила од вечерва на полноќ.

Continue Reading

Економија

Од вечерва на полноќ, се намалуват цените на горивата

Виолета | Media Press

Published

on

Малопродажната цена на горивата од вечерва на полноќ ќе биде намалена, соопштува Регулаторната комисија за енергетика . Во согласност со методологијата за одредување на цените на нафтените деривати, цената се намалува во просек за 2,93% во однос на минатата недела, информира РКЕ .

Според новата одлука, цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 ќе се намали за еден денар по литар гориво. А цената за Еуродизел се намалува за 1,50 денар. Во согласност со тоа, Еуросупер БС-95 од вечерва на полноќ ќе се точи за 58,50 денари од литар, Еуросупер БС-98 ќе чини 60,50 денари, додека пак Еуродизелот ќе се продава за 49 денари по литар гориво.

Continue Reading

Економија

Во текот на следните денови ќе се знае точниот датум на почеток на обесштетувањето на осигурените депозити од Еуростандард банка

Александар | Media Press

Published

on

Фондот за осигурување на депозити ги известува депонентите – физички лица (резиденти и нерезиденти) на „Еуростандард банка“ АД Скопје во стечај дека е склучен договор со банките-исплатувачи. Во текот на следните денови, Фондот преку соопштение до медимуите и јавноста ќе ги извести депонентите за точниот датум на почетокот на исплатата на обесштетувањето на осигурените депозити кај банките – исплатувачи и за распоредот на депоненти по банки – исплатувачи.

Потврдите за сопственост на депозит ќе се издаваат директно во банките – исплатувачи, кога депонентот ќе дојде во банката за да го оствари правото на обесштетување. Со тоа се постигнува депонентите да не чекаат одделно за подигнување на потврдите од „Еуростандард банка“ АД Скопје во стечај.  

Банките – исплатувачи ќе вршат исплата на средствата само на сопственикот на сметката/законскиот застапник/старател наведен во Потврдата, со приложување на важечки документи за идентификација.  Полномоштвата/овластувањата кои депонентите веќе ги имаат издадено за располагање со средствата на своите полномошници/овластени лица за депозитот во “Еуростандард банка” АД Скопје ќе важат и при исплата на обесштетувањето во банките-исплатувачи и нема потреба да издаваат нови полномоштва/овластувања за оваа намена.

Во случај на спреченост депонентот лично да го оствари своето право на обесштетување, Банките – исплатувачи ќе вршат исплата на средствата и на лице овластено врз основа на Полномошно заверено од нотар.

Предмет на обесштетување се главнината на депозитот, договорената пресметана и припишана камата и непристигнатата камата до 12 август 2020 година. Во случај кога депонентот има обврски кон банката, вкупниот износ на депозити на депонентот коишто се предмет на обесштетување се намалува за износот на неговите вкупни обврски кон банката.

Банките-исплатувачи преносот на средствата на обесштетување ќе го вршат на следниот начин:

–      Доколку износот на обештетувањето е еднаков или поголем од 5.001,00 денар, банката-исплатувач ќе изврши пренос на средствата за обесштетување на трансакциската сметка на депонентот во банката-исплатувач.

–      Доколку депонентот нема отворено трансакциска сметка во банката-исплатувач, истата ќе биде отворена согласно законските прописи. По отвoрање на сметката, банката-исплатувач ќе изврши пренос на средствата за обесштетување на трансакциската сметка на депонентот.

–      Доколку износот на обесштетувањето е еднаков или помал од 5.000,00 денари, банката-исплатувач од наменската сметка на Фондот во банката-исплатувач ќе изврши готовинска исплата на средствата за обесштување, доколку депонентот до тој момент нема отворено трансакциска сметка во банката-исплатувач. 

Во случај депоненот да има активни блокади евидентирани во Единствениот регистар на трансакциски сметки, банката-исплатувач независно од износот на обесштетување, нема да изврши готoвинска исплата на средствата за обесштетување и ќе отвори трансакциска сметка на име на депонентот на којашто ќе изврши пренос на средствата за обесштетување.

Банките – исплатувачи ќе вршат исплата на обесштетувањето во рок од 36 месеци од денот на почеток на исплатата.

По истекот на овој временски период депонентите односно нивните наследници кои од различни причини не можеле да го остварат своето право на обесштетување, исплатата на обесштетување ќе може да ја остварат преку Фондот за осигурување на депозити кој останува посветен да обезбеди обесштетување независно кога депонентот ќе достави барање за да го оствари своето право на обесштетување. 

Continue Reading