Connect with us

Здравје

Се уште не стивнува корона вирусот, 90 новозаболени од 665 тестирања

Avatar

Published

на

Девет пациенти починаа како последица од компликации предизвикани од Ковид-19, а Министерството за здравство регистира 90 новозаболени од 665 тестирања од кои во Скопје се 36, информираат од Министерството.

Починати се 9 лица, пет од Скопје, двајца пациенти од Тетово, еден од Охрид и еден пациент од Гостивар.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 665 тестирања, а регистрирани се 90 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-36, Куманово-2, Штип-8, Тетово-4, Струга-10, Велес-2, Битола-2, Охрид-13, Гостивар-1, Крушево-1, Кочани-2, Пробиштип-1, Свети Николе-2, Ресен-6.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравени пациенти од: Скопје-9, Штип-30, Тетово-1, Велес-1, Гостивар-4, Струмица-1, Кочани-1, Пробиштип-1.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (90г), хоспитализиран на 15 јуни. На Институот за белодробни заболувања и ТБЦ е починат пациент од Скопје (64г).

Во ГОБ „8 септември“ починаа, пациентка (70г) од Скопје, хоспитализирана на 10 јуни, пациент (61г) од Гостивар, хоспитализиран на 17 јуни и пациент од Скопје (57г), примен на 17 јуни. На барање на семејството е испишан од болница пациент од Скопје (64г), кој починал во кола по заминувaњето. Хоспитализиран бил на 17 јуни во тешка состојба како сомнителен на ковид, а потврден позитивен по приемот.

Во КБ Тетово починати се две лица, пациент (60г), хоспитализиран на 20 јуни и пациентка (70г), хоспитализирана на 15 јуни. Во ОБ Охрид вчера е починат пациент (64г), чиј позитивен резултат е потврден денес.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.196, бројката на оздравени пациенти е 1.974, на починати е 247 а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2975. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 2534, активни 1721
• Куманово 694, активни 241
• Дебар 82, активни 30
• Штип 275, активни 188
• Прилеп 231, активни 18
• Тетово 538, активни 326
• Струга 180, активни 100
• Велес 167, активни 33
• Битола 42, активни 13
• Охрид 112, активни 92
• Кавадарци 11, активни 6
• Гостивар 83, активни 50
• Гевгелија 9, активни 5 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 10, активни 6
• Крива Паланка 11, активни 5
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 6, активни 3
• Кочани 61, активни 27
• Пробиштип 13, активни 10
• Демир Хисар 1, активни 0
• Македонски Брод 3, активни 1
• Пехчево 5, активни 2
• Берово 2, активни 1
• Валандово 6, активни 4
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 4, активни 2
• Свети Николе 16, активни 14
• Кичево 8, активни 5
• Ресен 65, активни 64
• Неготино 19, активни 8 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Досега во земјата се направени вкупно 51.885 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 13 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 106 пациенти. На кислородна поддршка се 49 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во монтажната болница се хоспитализирани 11 пациенти, во болницата во Козле еден возрасен пациент, позитивен на ковид-19.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 12 нови, а вкупно хоспитализирани 132 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 33 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 20 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 76 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Здравје

Како да ја ублажите кашлицата? РЕЦЕПТ

Avatar

Published

на

Кромидот е многу хранлива и здрава храна, а она што го прави толку лековито е содржината на витамините А, Б1, Б2, Ц и фитонциди, кои прават моќна комбинација кога е во прашање одбраната на вашето тело.

Витаминот А помага во одржувањето на правилното функционирање на имунолошкиот систем и заедно со витаминот Б2, обезбедува правилно функционирање на мукозната мембрана и респираторниот тракт. Витаминот Ц го зајакнува имунолошкиот одговор на телото, го скратува времетраењето на настинките и го промовира растот и ефикасноста на имуните клетки, а исто така промовира зголемување на количината на интерферон, кој има антивирусно дејство. Фитоцидите се карактеризираат со силни антибактериски својства, го спречуваат развојот и ширењето на вирусите во телото и успешно се борат дури и со туберкулозата.

Сирупот од кромид е многу лесен за подготовка, евтин е, здрав и може да се даде и на возрасни и на деца. Се препорачува при кашлица, намалување на слузта (количество на акумулирана слуз во органите за дишење), намалување на телесната температура и други воспалителни процеси, особено на горниот и долниот респираторен тракт. Кромидот ја забрзува циркулацијата, што го поттикнува потењето и исфрлањето на токсините и вирусите од телото.

Рецепт за сируп од кромид:

1 поголем кромид
2-3 лажици шеќер или кромид исечкајте ги на помали коцки и додадете шеќер или мед.

Оставете покриено неколку часа. По 3-4 часа, процедете 4-5 ml сируп. Најдобро е секој ден да правите нов сируп, бидејќи хранливата вредност исчезнува по стоењето.

Во сирупот од кромид можете да додадете и едно чешне мелено лук, што дополнително ќе помогне во борбата против вирусите и бактериите.

Конзумирајте го сирупот три пати на ден по лажичка (5 ml).

Прочитај повеќе

Здравје

Како сами да си помогнете во случај на срцев удар!

Avatar

Published

на

ИНФАРКЦИЈАТА е една од најчестите причини за ненадејна смрт, а се почесто кај младите! Главната причина за тоа е што луѓето не обрнуваат внимание на предупредувачките сигнали кои телото им ги испраќа, мислејќи дека тоа не е ништо сериозно.

Повеќето луѓе се беспомошни кога имаат срцев удар. Личноста чие срце чука неправилно и престанува да работи има само 10 секунди пред да ја изгуби свеста.

Сепак, лесно можете да си помогнете со силно и континуирано кашлање. Длабоко вдишувајте секој пат пред да кашлате. Кашлицата мора да биде длабока и продолжена, како кога искашлувате флегма.

Мора да го повторувате дишењето и кашлањето на секои две секунди без да престанете додека не пристигне помошта или додека не почувствувате дека вашето срце повторно чука во редовен ритам.

Длабокото дишење внесува кислород во белите дробови, а движењата предизвикани од кашлањето вршат притисок врз срцето и ја одржуваат циркулацијата. Притисокот врз срцето помага да се врати нормалниот ритам. На овој начин инфарктните навреме можат да стигнат до болница и да го преживеат нападот, пренесува „Крстарица“.

Прочитај повеќе

Здравје

Три најдобри начини да ја спречите настинката пред да се случи

Avatar

Published

на

Не постои трик што може да ве оддалечи од настинката, но постојат чекори што можете да ги преземете за да го намалите ризикот.

„Настинките се вируси на горните дишни патишта кои се шират преку капките што се создаваат кога некој кашла или кива“, вели д-р Делана Вардлоу, лекар за семејна медицина во Temple Health во Филаделфија, пишува Huff Post.

– Луѓето можат да го добијат ако стапат во контакт со други болни или со допирање на загадени површини и ставање на рацете на лицето – рече Вардлоу.

Еве што можете да направите за да спречите појава на настинка:

Миј ги рацете

По пандемија, се подразбира дека миењето раце е важен начин да се заштитите од кој било вирус.

Вирусите се шират со контакт (од човек на човек или лице допирајќи … предмети кои можат да ја носат инфекцијата на нивните површини), како и капки кои се пренесуваат со кивање, кашлање или друг близок контакт. Ова го прави миењето на рацете важен чекор во спречување на инфекција. Правилното миење на рацете се состои од миење на рацете со сапун и вода 20 секунди.

Дезинфицирајте ги површините кои се чувствителни на допир

Областите како што се кваките на вратите, мобилните телефони и прекинувачите за светла може да се контаминираат со капки од вирусот на настинка доколку ги допре некој што е болен. Може да биде корисно и деконтаминацијата на површините со голем допир во заедничките области.

Спијте доволно и практикувајте други паметни навики

– Сакаме да ги поттикнеме луѓето да практикуваат здрави навики… да се погрижиме да имаме соодветен сон, да се погрижиме да имаме соодветна исхрана, да се погрижиме да ги третираме нашите хронични медицински состојби – објасни Вардлоу.

Кога сте генерално поздрави, ризикот од настинка е намален. Дополнително, основната грижа за себе, како што се спиењето, вежбањето и исхраната може да ви помогне да го одржите вашиот имунолошки систем на најдобар можен начин.

Прочитај повеќе