Connect with us

Економија

Финансиска помош за пчеларите преку мерката 121

Александар | Media Press

Published

on

Од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој информираат дека располагање се нови средства преку мерката „121 Инвестиции во модернизација на земјоделски стопанства“ од Програмата за Рурален развој.

Право на аплицирање за добивање на оваа финансиска поддршка имаат сите земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства, (ЕРЗС) во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој.

Финансиската поддршка за набавка на пчелини матици е до 600.000 денари по корисник, додека за набавка на педигрирани чистокрвни или хибридни свињи финансиската поддршка е до 6.500.000 денари по корисник.

Финансиската поддршка за Мерката 121, се исплаќа по принцип на ко-финансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестиции.

Ставката за ко-финансирање се зголемува во случаите кога:

-Инвестицијата ја реализирал млад земјоделец. За оваа категорија баратели кофинансирањето изнесува 55%..
-за инвестиции во подрачја со ограничени можности на земјоделско производство кофинансирањето е до 60% ,
-за инвестиции во подрачја со ограничени можности на земјоделско производство кога носителот на инвестицијата е млад земјоделец кофинансирањето е до 65% и
– инвестиции во недостапни рурални заедници се кофинансираат со 75% од средствата кои се прифатени.

Барањата се поднесуваат електронски по извршена регистрација на веб страната на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој www.ipardpa.gov.mk , e-baranje.ipardpa.gov.mk.

Барателите на финансиска поддршка, потребно е да креираат електронско барање за исплата. Со бараните податоци да ги прикачат и задолжителните електронски документи. Електронски пополнетото барање за исплата од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2020 година, уредно заверено со потпис и печат од барателот, заедно со целокупната потребна документација оригинал се доставуваат во затворен плик со назнака на предната страна на пликот во горниот лев агол “НЕ ОТВАРАЈ“ Барање за исплата и Архивски број на Барањето (0220-12125-XXXX/1). Барањето може да се достави по пошта или лично во писарницата на Агенцијата.

Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу две барања за користење на поддршка по различни мерки, земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2020 година.

Краен рок за достава на барањата е 15.07.2020 година.

Барателите кои ги исполниле условите за користење на средства се рангираат со бодување утврдено во Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките за рурален развој.

• Барањата со ист број на бодови ќе се рангираат според датумот и времето на поднесување на електронското барање на e–baranje.ipardpa.gov.mk
• Барањата кои не поднесени електронски на e–baranje.ipardpa.gov.mk нема да се разгледуваат.

Корисниците на средства треба да ги имаат намирено сите финансиски обврски кон Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како и финансиските обврски кон Јaвното претпријатие за стопанисување со пасишта и воден надоместок кон водостопанските претпријатија.

Економија

Од вечерва на полноќ се зголемуваат цените на горивата

Виолета | Media Press

Published

on

Регулаторната Комисија за Енергетика објави дека од вечерва ќе се зголемат цените на горивата.

Во согласност со методологијата за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 2.37%.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат по два денари, па еден литар од овие горива ќе чини 60.50, односно 62.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за половина денар, и еден литар дизел ќе чини 49.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила од вечерва на полноќ.

Continue Reading

Економија

Од вечерва на полноќ, се намалуват цените на горивата

Виолета | Media Press

Published

on

Малопродажната цена на горивата од вечерва на полноќ ќе биде намалена, соопштува Регулаторната комисија за енергетика . Во согласност со методологијата за одредување на цените на нафтените деривати, цената се намалува во просек за 2,93% во однос на минатата недела, информира РКЕ .

Според новата одлука, цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 ќе се намали за еден денар по литар гориво. А цената за Еуродизел се намалува за 1,50 денар. Во согласност со тоа, Еуросупер БС-95 од вечерва на полноќ ќе се точи за 58,50 денари од литар, Еуросупер БС-98 ќе чини 60,50 денари, додека пак Еуродизелот ќе се продава за 49 денари по литар гориво.

Continue Reading

Економија

Во текот на следните денови ќе се знае точниот датум на почеток на обесштетувањето на осигурените депозити од Еуростандард банка

Александар | Media Press

Published

on

Фондот за осигурување на депозити ги известува депонентите – физички лица (резиденти и нерезиденти) на „Еуростандард банка“ АД Скопје во стечај дека е склучен договор со банките-исплатувачи. Во текот на следните денови, Фондот преку соопштение до медимуите и јавноста ќе ги извести депонентите за точниот датум на почетокот на исплатата на обесштетувањето на осигурените депозити кај банките – исплатувачи и за распоредот на депоненти по банки – исплатувачи.

Потврдите за сопственост на депозит ќе се издаваат директно во банките – исплатувачи, кога депонентот ќе дојде во банката за да го оствари правото на обесштетување. Со тоа се постигнува депонентите да не чекаат одделно за подигнување на потврдите од „Еуростандард банка“ АД Скопје во стечај.  

Банките – исплатувачи ќе вршат исплата на средствата само на сопственикот на сметката/законскиот застапник/старател наведен во Потврдата, со приложување на важечки документи за идентификација.  Полномоштвата/овластувањата кои депонентите веќе ги имаат издадено за располагање со средствата на своите полномошници/овластени лица за депозитот во “Еуростандард банка” АД Скопје ќе важат и при исплата на обесштетувањето во банките-исплатувачи и нема потреба да издаваат нови полномоштва/овластувања за оваа намена.

Во случај на спреченост депонентот лично да го оствари своето право на обесштетување, Банките – исплатувачи ќе вршат исплата на средствата и на лице овластено врз основа на Полномошно заверено од нотар.

Предмет на обесштетување се главнината на депозитот, договорената пресметана и припишана камата и непристигнатата камата до 12 август 2020 година. Во случај кога депонентот има обврски кон банката, вкупниот износ на депозити на депонентот коишто се предмет на обесштетување се намалува за износот на неговите вкупни обврски кон банката.

Банките-исплатувачи преносот на средствата на обесштетување ќе го вршат на следниот начин:

–      Доколку износот на обештетувањето е еднаков или поголем од 5.001,00 денар, банката-исплатувач ќе изврши пренос на средствата за обесштетување на трансакциската сметка на депонентот во банката-исплатувач.

–      Доколку депонентот нема отворено трансакциска сметка во банката-исплатувач, истата ќе биде отворена согласно законските прописи. По отвoрање на сметката, банката-исплатувач ќе изврши пренос на средствата за обесштетување на трансакциската сметка на депонентот.

–      Доколку износот на обесштетувањето е еднаков или помал од 5.000,00 денари, банката-исплатувач од наменската сметка на Фондот во банката-исплатувач ќе изврши готовинска исплата на средствата за обесштување, доколку депонентот до тој момент нема отворено трансакциска сметка во банката-исплатувач. 

Во случај депоненот да има активни блокади евидентирани во Единствениот регистар на трансакциски сметки, банката-исплатувач независно од износот на обесштетување, нема да изврши готoвинска исплата на средствата за обесштетување и ќе отвори трансакциска сметка на име на депонентот на којашто ќе изврши пренос на средствата за обесштетување.

Банките – исплатувачи ќе вршат исплата на обесштетувањето во рок од 36 месеци од денот на почеток на исплатата.

По истекот на овој временски период депонентите односно нивните наследници кои од различни причини не можеле да го остварат своето право на обесштетување, исплатата на обесштетување ќе може да ја остварат преку Фондот за осигурување на депозити кој останува посветен да обезбеди обесштетување независно кога депонентот ќе достави барање за да го оствари своето право на обесштетување. 

Continue Reading