Connect with us

Македонија

Завршува осумдневната вонредна состојба, последни подготовки за старт на предизборна кампања

Александар | Media Press

Published

on

Последната осумдневна вонредна состојба прогласена од претседателот на државата, Стево Пендаровски завршува денес. Таа беше прогласена со цел да се создадат услови за спроведување на неопходните подготовки за организација на предвремените парламентарни избори на 15 јули.

Изборната кампања за овие предвремени парламентарни избори започнува во Среда на 24 јуни. Поради ситуацијата со Ковид-19, партиите најавија водење на кампања која ќе биде со зголемено користење на онлајн ретставувања, социјални мрежи и медиуми се со цел да не се нарушува безбедноста на граѓаните.

За предвремените парламентарни избори, според ДИК ќе учествуваат 15 коалиции и партии со 1.598 кандидати и своите програми ќе можат да ги преставуваат до 12 јули во 24 часот кога завршува изборната кампања.

Гласањето на предвремените парламентарни избори ќе се реализира во три дена, а на изборниот ден ќе биде продолжено за два часа односно до 21 часот.

Лицата во домашен карантин и лицата со решение за изолација и самоизолација ќе гласаат на 13 јули, немоќните и болните лица ќе гласаат на 14 јули. Гласањето на изборниот ден како и вообичаено ќе биде отворено во 7 часот и ќе трае до 21 часот.

Избори 2020

Мираковска пред пензионарите во Радовиш: Планираме да ја покачиме минималната пензија

Виолета | Media Press

Published

on

Носителот на листа во ИЕ 4 од СДСМ и коалицијата, Соња Мираковска денеска беше во посета на Општина Радовиш. Заедно со кандидатот за пратеник  од Радовиш Коле Чаракчиев, ја претстави програмата пред пензионрите од општината, притоа давајќи акцент на тоа што планираат за пензионерите но и за останатите граѓани, за подобрување на стандардот.

Continue Reading

Здравје

За 24 часа 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи

Виолета | Media Press

Published

on

Во последните 24 часа се направени 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на Ковид-19. Новозаразените се најголем број во Скопје -26, Куманово 4, Штип 17, Тетово 9, Струга и Пробиштип по 3, Гостивар и Свети Николе по 5, Битола, Дебар, Охрид, Крива Паланка, Кочани и Виница по .

Починати се 5 лица од вирусот во последното деноноќие. Тројца од пациенти  се од Скопје, еден од Куманово и еден пациент е од Струга.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 172 оздравени лица.

До сега во Македонија се направени вкупно 68.059 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7124, бројката на оздравени пациенти е 3199, на починати е 346, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3579

Continue Reading

Избори 2020

Левица отвори канцеларија во Гевгелија

Виолета | Media Press

Published

on

Левица синоќа ја отвори својата 12та канцеларија, овојпат во Гевгелија.  На настанот свое обраќање имаше  претседателот на партијата, Димитар Апасиев, како и на носителот на кандидатската листа во ИЕ 4, Бранко Ристов.

 „Левица почна и сеуште делува „партизански“, се сеќавам на разговорот со Заев во Шарената револуција кога се обиде да не подмити, -еве вие ќе станете пратеници“ рече  меѓудругото Апасиев, пред присутните.

Continue Reading