Connect with us

Радовиш

Чаракчиев во посета на „Здравствен Дом“-Радовиш, тим од вработени ќе бидат ангажирани во борбата со Ковид-19, согласно потребите

Media Press

Објавено на

Претседателот на Советот на Општина Радовиш  Коле Чаракчиев заедно со Секретарот на општината Драги Стојанов, денеска извршија посета на ЈЗУ „Здравствен Дом“ – Радовиш, со цел да се направи  увид на состојба посебно во време на корона кризата која владее во државата. Чаракчиев во разговор со директорката Лимонка Илиевска, рече дека Општина Радовиш со градоначалникот Герасим  Конзулов, ќе излезат во пресрет на сите барања на Здравствениот Дом за било каква потреба.

Тој уште еднаш упати апел до граѓаните да ги почитуваат мерките, да се заштитат самите себе, и своите најмили!

Претседателот на Советот на Општина Радовиш  Коле Чаракчиев заедно со Секретарот на општината изврши посета на здравствен дом во Радовиш, со цел да се направи  увид на состојба посебно во време на корона кризата која владее во државата. Чаракчиев во разговор со директорката Лимонка Илиевска рече дека Општина Радовиш со градоначалникот  Конзулов, ќе излезат во пресрет на сите барања на Здравствениот Дом за било каква потреба. Тој уште еднаш упати апел до граѓаните да ги почитуваат мерките, да се заштитат самите себе, и своите најмили!

Директорката Лимонка Илиевска рече дека вработените од „Здравствениот Дом“ од Радовиш ќе бидат ангажирани да помагаат на своите колеги во ГОБ „8 Септември“ или на Инфективна клиника во Скопје, согласно потребите од Министерството за здравство, во грижата на болните со Ковид -19.

Радовиш

Малолетник физички ја нападнал неговата мајка

Media Press

Published

на

На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА

Avatar

Published

на

МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:

ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)

УСЛОВИ ЗА РАБОТА:

Пријатна и колегијална работна средина

Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа

3 слободни дена во неделата

Одлична / Екстра плата

Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:

078/314-801

МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.

Прочитај повеќе

Радовиш

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш

Media Press

Published

на

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.

Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.

Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.

Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.

Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Прочитај повеќе