Connect with us

Спорт

Вардар 1961 ќе се натпреварува во Лига на шампиони, Еурофарм Пелистер влезе во Европската лига

Александар | Media Press

Published

on

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја објави листата имињата на сите клубови кои ќе се натпреваруваат во сезоната 2020/2021 во Лигата на шампионите.

Екипата на Вардар 1961 ќе биде единствениот претставник на нашата држава во ова елитно натпреварување. Сонот на Еурофарм Пелистер за пласман во Лигата на Шампионите се сруши откако тие не добија специјална покана за натпреварувањата.

На листата на Европската Ракометна Федерација покрај нашиот единствен претставник Вардар се најдоа и Мешков Брест, Загреб, Алборг, Барселона, Нант, ПСЖ, Фленсбург, Киел, Пик Сегед, Веспрем, Елверум, Кјелце, Порто, Целје, Мотор Запорожје.

Први јули е датумот одреден за извлекувањето за групната фаза на Лигата на шампионите.

На натпреварите ќе настапуваат и шест претходни освојувачи на титулата Шампион. Барселона има освоено 8 титули, Киел има 3, Вардар 2 и Фленсбург, Целје и Киелце по една. Почетокот на сезоната е закажан за 16-17 Септември.

прикажи повеќе

Радовиш

ППК Радовиш ја заврши сезоната на петто место на табелата, во тек е регистрацијата на тимовите за идната сезона

Александар | Media Press

Published

on

Поради вонредната состојба предизвикана од Ковид-19 вирусот на вонредното Собрание на клубовите на ППФСМ е донесена одлука доколу не се создадат услови за продолжување на првенството и негово завршување до 5 Јули, првенството за натпреварувачката 2019/20 сезона да се прекине. Нашиот тим „ППК Радовиш“ го заврши натпреварувањето на 5-то место.

Одлуката за наредната натпреварувачка сезона 2020/21 година е Супер Лигата да брои 10 клуба со што нашиот клуб и следната сезона ќе се натпреварува во најквалитетната лига во нашата земја т.е Супер Лигата.

Следната натпреварувачка сезона поради поголемиот број на екипи кои учествуваат допринесува за интересно првенство во борбата за што подобар пласман на прволигашката табела.

Обврски на клубовите пред почетокот на сезоната 2020/21

  • Клубовите од Супер и прва лига имаат обврска своето учество во лигите да го потврдат до 30 Јуни 2020 година.
  • Клубовите од Супер и прва лига во своите екипи мораат да имаат регистрирано играч помлад од 21 година, кој ќе треба да одигра 60% од натпреварите во првиот состав на екипата во текот на првенството.(поради техничка грешка во претходниот допис беше спомната само супер лига)
  • Преодниот рок е во периодот од 1 до 25 Август.
  • Сите клубови имаат обрска да достават ажурирани податоци за лице за контакт со федерацијата, Име и презиме, телефонски број и е-маил адреса, секој клуб можи да достави најмногу два контакти. Рокот за исполнување на оваа обврска е до 15 Август.
  • Сите клубови имаат обврска да достават податоци за големина на спортска опрема од сите свои членови, со уредно пополнет образец кој на клубовите им е испратен по е-маил Пополнувате само ИД број, сите големини се внесуваат со клик, паѓачка листа. Рокот за доставување на овие податоци е до 25 Август.

Continue Reading

Спорт

Релито „Дакар“ започнува на 3 Јануари и ќе се вози во Саудиска Арабија по втор пат

Александар | Media Press

Published

on

Релито „Дакар“ откако стана познато по возењата низ африканските пустини и Јужно Американските предели оваа година по втор пат по ред ќе се одржи во Саудиска Арабија.

Терминот за почеток на релитово Џеда на 3 јануари и ќе трае се до 15 јануари по извозени вкупно 12 етапи. Учесниците како рута ќе имаат да направат круг околу Саудиска Арабија, а на при возењето ќе уживаат во пустината како и возењето покрај Црвеното Море.

Оваа година релито ќе има само еден ден одмор, а организаторите со поставија мерки забавување на караванот, поради недоволното познавање на теренот. Дополнително, ќе бидат поставени и маркери за опасните области и „бавни зони“.

Од минатата година Шпанецот Карлос Саинз меѓу возачите на автомобили и Американецот Рики Брабец меѓу мотоциклистите ќе ги бранат титулите на теренот во Саудиска Арабија.

Continue Reading

Спорт

Автомобилизмот веројатно ќе биде единствениот македонски спорт кој ќе биде активен летово

Александар | Media Press

Published

on

Автомобилистичката федерација на Македонија и официјално го потврди стартот на новата сезона, која претрпе многу промени поради корона-кризата.

На официјалната интернет страница на Федерацијата беше објавен календарот за оваа сезона, кој како шо велат од АФМ, не е конечен, туку ќе зависи од мерките кои ќе ги донесе Владата во понатамошниот период. 

Исто така организаторите на трките се задолжуваат за време одржување на натпреварите во целост да ги спроведуваат сите мерки и препораки на Владата. Шампионатот треба да започне на 27 Јуни, со трката во Кула, која е меѓу 15-те закажани трки за оваа сезона. 

Датум Ридски натпревари Кружни натпревари Слалом Картинг
27/28.06.2020Кула
11/12.07.2020Кичево 1
25/26.07.2020Пробиштип
08/09.08.2020Кичево 2
22/23.08.2020 Ќустендил Ќустендил
05/06.09.2020Крушево – ЦЕЗ
19/20.09.2020Кавадарци Ќустендил
26/27.09.2020Скопје
03/04.10.2020Кочани
10/11.10.2020Прилеп
24/25.10.2020Струмица*
Битола
14/15.11.2020СересСерес

Continue Reading