Connect with us

Радовиш

Претставници од Општина Радовиш во посета на ООУ Крсте Петков Мисирков, новата канализација веќе функционира

Виолета | Media Press

Published

on

Градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов заедно со претседателот на Советот Коле Чаракчиев и секретарот Драги Стојанов како и  и  просветниот инспектор при Министерството за образование од Радовиш Викица Манолева,  беа во посета на ООУ Крсте Петков Мисирков со цел да се информираат како се врши упис на првачиња и дали се почитуваат сите мерки и препораки.

Во оваа прилика директорката на училиштетото Лујза Спасова  се заблагодари за решавањето на долгогодишниот проблем со фекалната канализација.

Градоначалникот Конзулов констатира дека повеќе во улилиштето не се чивствува непријатната миризба и учениците ќе учат во чиста и здрава животна средниа

Конзулов во оваа прилика спомна дека е при крај реконструкцијата на ООУ Орце Николов во Ињево и ова ќе биде првото енергетски ефикасно училиште во општината.

 Градоначалникот Конзулов упати апел до граѓаните на општина Радовиш да ги почитувааат мерките и препораките за заштита од Ковид 19 кој последните денови белеи пораст на бројот на заболени.

Радовиш

Изграден новиот паркинг простор за потребите на училишниот и општинскиот линиски превоз во Општина Радовиш

Виолета | Media Press

Published

on

Заврши изградбата на новиот паркинг простор за потребите на училишниот и општинскиот линиски превоз во Општина Радовиш, со што конечно  се решава проблемот со паркирањето на комбињата на такси превозниците кои вршат превоз на патници и ученици од населените места од општината. Со паркингот кој го изгради Општина Радовиш со сопствени средства, се зголемува безбедноста во сообраќајот и заштитата на учениците.

Такси превозниците, сеуште го користат паркинг просторот  пред Здравствениот дом во Радовиш, за што често беа критикувани дека го окупираат паркингот наменет за вработените во здравствениот дом и за пацинетите.

 Неколку пати беа и преместувани на други локации, покрај реката и пред спортската сала, но тоа не им одговараше на патници и повторно се враќаа на паркингот пред Здравствениот дом во Радовиш.

Тие деновиве прашуваат од кога ќе можат да го користат новоизградениот паркинг, притоа поздравувајќи го овој потег на општината и на градоначалникот Герасим Конзулов што конечно им се решава проблемот со паркирањето.

Од Општината велат дека се потребни некои завршни активности околу обележувањето на паркингот и истиот наскоро ќе можат да го користат превозниците за потребите на училишниот и локалниот линиски превоз

Со изведбата на паркингот кој е во непосредна близина на СОУ „Коста Сусинов“ ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот пред училиштето и заштитат учениците кои користат организиран училишен превоз, а сепак е во близина и на здравствениот дом за што најчесто имаат потреба граѓаните кои доаѓаат од населените места.

Continue Reading

Радовиш

Повредени припадници на армијата во сообраќајна несреќа на патот Радовиш-Штип

Виолета | Media Press

Published

on

Утринава  околу седум часот на патот Штип-Радовиш, кај местото викано „Осми километар“, се случила сообрачајна несреќа во која учествувале автобус и комбе.

Станува збор за автобус во кој се превезувале припадници на Армијата, кои од своите градови патувале на работните места во Скопје.

Неофицијално според очевидци на несреќата, околу 15-тина лица биле повредени и се хоспитализирани во болницата во Штип. Според првичните информации повредните не се во животна опасност.

Continue Reading

Радовиш

ЦЕФЕ Македонија реализира тридневни обуки во Радовиш за претрпиемништво и бизнис планирање

Виолета | Media Press

Published

on

 Во рамките на проектот “Креирање на центри за претприемништво во Источна Македонија“ во Радовиш  се реализира тридневни  обуки за претприемништво и бизнис планирање. Обуките  се одржуваат во организација на ЦЕФЕ Македонија, а под покровителство на американската амбасада во Скопје.Главна цел на овие обуки е да ги обучи  младите и да им даде знаења  за започнување самостоен бизнис.

Главан цел на овие обуки е да ѓи обучи и да им даде знаења и вештини за бизнис активностите како и подигање на свеста на кандидатите за можностите кои ги нуди започнувањето самостоен бизнис“, рече Пр. Д-р Оливера Ѓоргиева Трајковска, декан на Економски факултет во Штип.

Обуките се наменети за сите потенцијални и постоечки претприемачи (за да ги надоградат своите бизнис перформанси), вработени во организации кои го помагаат претприемништвото (за да можат да ги разбираат потребите на прпетприемачите и да овозможуваат подобра околина за нив), едукатори, креирачи на политики, родители, вработени, студенти, средношколци, невработени, како и лица со помалку можности!

На обуката по претприемништво,  се усовршуваат вештини од генерирање и селекција на идеи, преку организација, маркетинг, истражување на пазарот, финансирање, се до креирање на бизнис план.

„Според досегашното искуство и направените истражувања, ЦЕФЕ методологија, која што веќе 30 години се реализира, покажува дека праксата е најдобриот учител за стекнување бизнис компетенции и отварање на нови работни места. Околу 45% од учесниците на овие обуки отвориле сопствен бизнис“, вели Емилија Митева Кацарски професор на Економски факултет при УГД -Штип

Младите кои на крајот од обуките се стекнаа и со  сертификат за претприемништво и бизнис планирање, задоволно од ваквите обуки кои им  овозможуваат да ги остварат своите бизнис идеи.

Continue Reading