Connect with us

Македонија

Од понеделник започнуваат со работи и хотелите според посебни протоколи

Виолета | Media Press

Published

on

Владата на последната седница го донесе Протоколот за работа на угостителски објекти за сместување (хотели и други угостителски објекти за сместување), и тој започнува да важи од понеделник, 22 јуни, оваа година.

Протоколот ги уредува процедурите за хотелско-сместувачкиот дел на објектите, потоа препораките и мерките за прием и сместување на гостите, ресторанските процедури, употребата на тоалетите, како и препораките за гостите и за постапување при појава на случај со симптоми на КОВИД-19.

Владата го утврди и го донесе Протоколот за работа на базените за пливачките клубови во Република Северна Македонија, кој утврдува дека базените се отвораат само за членови на пливачките клубови, а не и за рекреативно пливање.

Владата даде согласност и  за преземање на обврски во програмите опфатени со развојниот дел од буџетот, за чие плаќање е потребно користење на буџетските средства во наредните 2020, 2021 и 2022 година на Министерството за здравство, за Реконструкција, пренамена и адаптација и доградба на ЈЗУ Општа Болница Кичево.

прикажи повеќе
Advertisement

Избори 2020

ВМРО -ДПМНЕ од Штип: Доаѓаат најдобрите 4 години во историјата на државата

Виолета | Media Press

Published

on

Лидерот на ВМРО -ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Штип. „Зборувавме со претставниците од реалниот сектор, од бизнисот. Луѓето се прилично задоволни од сето она кое што ВМРО-ДПМНЕ го има вклучено во овие 1000 решенија содржани во 360 страни „Проект – обнова“. Се повеќе луѓе се приклучуваат и застануваат позади Обновата. Тоа се чувствуваше и првиот ден, уште од Охрид. Но, еве и потврда тука во Штип дека поддршката е голема за реформите коишто ги предвидува ВМРО-ДПМНЕ, вели Мицкоски.

„Денеска сме во посета на Штип, на последниот ден од кампањата, што туку завршивме со трибината со здравствени работници, односно со медицинскиот персонал, ни се придружија и огромна благодарност со проф. д-р Сашко Кедев и доцент доктор Игор Николов.

Разговаравме овде со медицинскиот персонал кои се пред се проблемите со кои се соочуваат последните неколку години, но и  секако да им ја претставиме докторите и медицинскиот персонал што е она што новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ планира да го направи во здравството и целиот здравствен систем, која ќе биде визијата, како ќе се движи развојот и да кажам трансформацијата во здравството.

Она што имам да го порачам на штипјани, она што имам да го порачам на сите граѓани од Република Македонија, луѓе кренете ги главите исправете ја кичмата, буквално ставете ги насмевките на  вашите лица бидејќи доаѓаат најдобрите 4 години во историјата на државата“ вели Игор Јанушев, во изјава за медиумите .

Continue Reading

Избори 2020

Заев од Конче: На 15 јули бираме дали земјоделците ќе добиваат 200 милиони евра годишно субвенции

Виолета | Media Press

Published

on

Последен ден од кампањата за предвремените парламентарни избори. Партиите ги претставуваат своите кандидати за пратеници, ја промовират програмата и ја барат подршката од граѓаните. Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска беше во Општина Конче. Тој заедно со градоначалникот на Општина Конче Благој Илиев и кандидатот за пратеник Коле Чаракчиев оствари средба со жителите од Конче и Дедино.

„На 15 јули, во среда имаме важни избори на кои се носи голема одлука. На 15 јули носиме одлука за сопствената иднина и за иднината на нашата татковина. Денес на последниот ден од кампањата, пред нас се исправени две спротивставени перцепции, два целосно спротивставени концепти“, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

„Едниот концепт на СДСМ и коалицијата „Можеме“ кој ја носи земјата напред, кон ЕУ и НАТО, другиот на ВМРО-ДПМНЕ кој нуди само обнова на режимот, обнова на криминалот и туркање кон изолација. Концептот кој носи пари кај граѓаните и концепт кој зема пари од граѓаните. На 15 јули бираме дали земјоделците ќе добиваат 200 милиони евра годишно субвенции и поддршка за рурален развој, или ќе добиваат лажни ветувања, манипулации и уцени со исплатата на субвенциите“ вели Заев.

Continue Reading

Избори 2020

Чулев: Сите прекршители на изборниот процес ќе бидат најстрого санкционирани

Виолета | Media Press

Published

on

Сите прекршители на изборниот процес ќе бидат најстрого санкционирани. Ова го порача министерот за внатрешни работи Наќе Чулев при денешната посета на Струмица . Тој најави дека се преземени сите мерки и активности за превенција на евентуални изборни нерегуларности. Чулев апелираше до полициските службеници да не подлегнуваат на било какви политички, односно партиски или пак притисоци од бизнис структури и нивните задолженија да си ги извршуваат согласно чесноста и професионализмот. Истото им го порача и на граѓаните, слободно да излезат и да гласаат според нивната волја и убедување.

,, Да не подлегнуваат на притисоците на локалните криминални структури. Истовремено да не подлегнуваат на притисоци на бизнис структурите, да не подлегнуваат евентуално на притисоци од полициски службеници, кои ќе бидат инволвирани во изборни нерегуларности. Избирачкото право да  си го остварат согласно нивните симпатии спрема одредена политичка опција,, рече Чулев

Министерот Чулев потенцираше дека секој што ќе биде инволвиран во кривично дело поврзано со изборни нерегуларности се соочува со казна затвор до 10 години. Затоа апелираше и до граѓаните но и полициските службеници доколку се најдат во ситуација некој да им врши притисок уцена или закана  за гласање или пак им биде понуден поткуп веднаш да го пријават до МВР со цел најстрого санкционирање.

Continue Reading
Advertisement