Connect with us

Македонија

Запленети девизи, гориво, разна стока, ОТКРИЕН ИЛЕГАЛЕН ПАТНИК

Виолета | Media Press

Published

on

Во текот на минатите две недели, царинските службеници откриле еден илегален патник и повеќе обиди за криумчарење стока, при што се задржани девизи, гориво, свежа риба, автоделови, велосипеди, технички производи, производи за електронски цигари, инсектициди, ѓубриво и рачен часовник.

Според извештајот од Царинска Урава, привремено се задржани

– 15.000 евра, откриени во соработка со полициските службеници, при контрола на грчко товарно комбе управувано од грчки државјанин, пријавено за излез од државата на граничниот премин Богородица. Во кеса сместена во фиока пред совозачкото седиште биле пронајдени 35.000 евра, од кои на возачот и сопатникот им биле вратени по 10.000 евра, износ што нерезидент може слободно да го изнесе од државата.Проив возачот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

160 литри дизел гориво и 40 литри бензин, откриени се при контрола  на македонски камион, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавеното гориво, пронајдено во вкупно 12 пластични канти сместени под долниот кревет и пред совозачкото седиште во кабината на возилото. Привремено се задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

– Околу 30 килограми свежа риба, откриени при контрола на македонски камион, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Ќафасан.

велосипеди, автоделови (гуми со бандажи за вилушкар и патнички возила, сетови гуртни и дискови, сет автомеханичарски алат, сајли за рачна кочница иламбда сонда), техничка стока (фрижидер, столна ламба, лаптоп-компјутери, компресор, пумпа за базен, iPad Pro 12,  тастатура и печатар), филтри за цигари, течност и испарувач за електронски цигари, рачен часовник, инсектициди, ѓубриво и плински скари, откриени во 5 одвоени случаи од страна на мобилните царински тимови.

Во првиот случај, во соработка со Одделението за истраги, била извршена контрола на стока со потекло  од Швајцарија, наменета за увозник од с. Слепче, Демир Хисар,

Во вториот случај, на граничниот премин ГП Ново Село била извршена контрола на македонски камион управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата.

Во третиот случај, на граничниот премин Блаце бил извршен детален преглед на македонски камион за превоз на возила, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата.

Во четвртиот случај, на граничниот премин Дојран, била извршена контрола на македонски камион, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата.

Во петтиот случај, на граничниот премин Табановце автопат, бил извршен детален преглед на македонски камион, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата. Притоа, во просторот за сместување палети, зад празни пластични туби, како и во кабината на камионот, биле пронајдени непријавени 450 килограми инсектицид Galition Ekstra, 5 литри течно ѓубриво Leaf-MT и 2.250 милилитри суспоемулзија DuPont Exirel.

Во сите случаи, горе наведените непријавени производи се привремено задржани, а против прекршителите ќе бидат поднесени барања за поведување  прекршочни постапки.

Според извештајот на 04.06.2020 година околу 15 часот, на граничниот премин Ќафасан, за влез во државата се пријавил македонски камион управуван од македонски државјанин. При преглед на возилото, во кабината зад горниот кревет кој бил подигнат, мобилните царински тимови откриле сокриена албанска државјанка, која се обидела нелегално да влезе на територијата на Македонија Лицето е предадено на службеници од гранична полиција за понатамошна  постапка.

Македонија

Важна информација за членовите и корисниците на сервисните служби на РЦПЛИП – ПОРАКА!!!

Виолета | Media Press

Published

on

„Владата на Република Северна Македонија се уште нема донесено одлука за повторно отпочнување со работа на дневните центри за деца/лица со интелектуална попреченост. Во изминатиот период, РЦПЛИП – ПОРАКА ги спроведе сите пропишани мерки за безбедно започнување со работа на своите сервисни служби, согласно усвоениот протокол. Сервисните служби на РЦПЛИП – ПОРАКА се подготвени да почнат со реализација на програмски активности со физичко присуство на корисници веднаш штом Владата ќе донесе таква одлука.

За сите нови информации, родителите на корисниците на сервисните служби на РЦПЛИП – ПОРАКА ќе бидат директно контактирани“, стои во известувањето од Порака.

Continue Reading

Македонија

Владата донесе уредба за начинот на организирање и реализирање на наставата во вонредни околности

Виолета | Media Press

Published

on

На предлог на Министерството за образование и наука, на вчерашната седница е донесена Уредба за начинот на организирање и реализирање на наставата во вонредни околности во основните и средните училишта, со одлуки за времетраењето на часовите и на одморите, за почетокот на учебната година, како и Одлука за утврдување на максималниот број на ученици во паралелка во основните училишта и средните во услови на вонредни околности, за оние училишта кои добиле согласност за организирање настава со физичко присуство.

Уредбата за начинот на организирање и реализирање на наставата во вонредни околности во основните и средните училишта ги опфаќа и сите други активности како што се проверката на постигањата на успехот на учениците, организирањето на практичната настава, и другите наставно-образовни активности.

На оваа седница е усвоена и Информацијата, и беа усвоени протоколите за постапување на посебните основни училишта за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2020/21 година за посебните училишта ПОУ „Иднина“-Скопје, ПОУ „Маца Овчарова“- Велес, ПОУ „Д-р Златан Сремец“- Скопје, ЗРДОСГГДПР „Кочо Рацин“- Битола, ПОУ „Св.Климент Охридски“- Ново Село, Струмица, ДУРДМОВ „Димитар Влахов“- Скопје, и ЈУ Завод за заштита и рехабилитација „Бања Банско“- Струмица.

Владата денеска ја разгледа и усвои и Информацијата за реализација на наставата во средните училишта за ученици со посебни образовни потреби во учебната 2020/2021 година, и ги усвои поединечните протоколи за постапување во средно образование за ученици со посебни образовни потреби.

На седницата беа усвоени и протоколите за работа во услови на справување со вирусот КОВИД-19 во јавните ученички домови и во државните студентски домови и други објекти за сместување, во академската 2020/21 година.

Continue Reading

Македонија

Сопругата на Претседателот со поддршка за подигнување на свеста за ракот на дојката

Виолета | Media Press

Published

on

Сопругата на Претседателот, Елизабета Ѓоргиевска денеска присуствуваше и се обрати на настанот за подигнување на свеста за ракот на дојката “Race for the cure“ во Градскиот парк, информираат од кабинетот на претседателот Пендаровски.

„Имаме двојна обврска во врска со едукацијата, превенцијата и лекувањето не само на ракот на дојката, туку и на вирусот кој се заканува да ја загрози жената која е веќе засегната од друга болест “, истакна Ѓоргиевска, додавајќи дека е потребно да се обезбедат средства за сите центри за грижа за заболените жени, кои освен нега, нудат и она што е многу важно, а тоа е психолошката поддршка.

„Во текот на месецот октомври многу светски знаменитости ќе светат во розова боја, а со тоа да привлечат внимание за важноста од раната дијагностика од ракот на дојката и затоа денес ќе потсетам на главното правило во животот, подобро да се спречи отколку да се лечи. Ве молам практикувајте самопрегледување на градите, редовни посети кај лекарите и годишни мамографии.

Розовата панделка е симбол на борбата против оваа  болест и симбол на поддржување на сите што се засегнати. Розовата панделка ја носат излечените, но и сите оние кои сакаат да ја подигнат свеста за оваа болест којашто е всушност, една од најсмртоносните болести кај жените. Исто така, сакам да го свртам внимание на потребата од собирање на средства за донирање во сите центри за грижа за заболените жени, кои освен нега, нудат и она што е многу важно, а тоа е психолошката поддршка.

Ќе нагласам уште нешто: ни  оваа, како и сите други болести не треба да ги гледаме како  нешто што му се случува на некој друг. Особено ние, медицинските лица, секојдневно и секаде каде што е можно, треба да го нагласуваме тоа. Има уште многу да се стори, а само заедно можеме да направиме промени во колективната свест и поддршка во едукацијата и охрабрување на жените на секаков можен начин.

И, да не заборавиме: никогаш не е премногу доцна  за промени  кон здрав живот. Не е важно колку години имаме, промените во животот кон добро здравје не знаат за возраст. Да бидеме најдобри пријатели со своето тело и да ги слушаме неговите  предупредувања“ рече Ѓоргиевска.

На настанот се обратија и министерот за здравство, Венко Филипче и американската aмбасадорка во земјава, Кејт Брнс.

Организатор на настанот е Здружението „Борка“, коешто се приклучи на кампањата која се одвива речиси во многу европски држави и градови, а кај нас кампањата и финалните настани освен во Скопје ќе се одржат во 13 градови, стои во соопштението.

Continue Reading