Connect with us

Радовиш

Уписи во средните училишта по азбучен рад, СОУ Коста Сусинов од Радовиш, подготевено ги дочека учениците

Media Press

Објавено на

Завршените деветооделенци во државата денеска ќе поднесуваат документи за упис во средните училишта во рамките на првиот уписен рок.

СОУ Коста Сусинов од Радовиш, подготевено ги дочека сите ученици кои одлучиле да се запишат во прва година во ова училиште.  Согласно  препораките од Комисијата за заштита од заразни болести, кој е проследен до сите училишта, учениците беа упативуни од страна на вработените на соодветни места за побрзо да завршат со пријавувањето.

Според директорот Гоце Лазаров учениците ги  почитуваат препораките  кои се јасно испишани  и на банер на влезот во училиштето и ги доставуваат документуите по азбучен ред за да не се ствараат гужви.

Училиштата се обврзани да обезбедат редари и е ограничен бројот на ученици кои во исто време ќе влезат во училиштето за да поднесат документи. Не е дозволена придружба од родител/старател, освен од оправдани причини. Училиштата имаа обврска во рамки на утврдениот период да определат интерен временски период за прием на документите, да подготват распореди за прием на документите според азбучен ред од презимето на ученикот и нив требаше до петокот да ги објават на јавно место во училиштето.

Ранг-листите со запишани ученици ќе бидат објавени на 19 јуни по 15 часот. Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 24 и 25 јуни, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 26 јуни. Третото пријавување и запишување ќе се врши на 29 јуни, а резултатите и слободните места ќе се објават наредниот ден – на 30 јуни.

Од СОУ Коста Сусинов се надеваат дека новата учебна година во септември, ќе започне во нормални услови со редовна посета на настава во училиште.

Радовиш

Малолетник физички ја нападнал неговата мајка

Media Press

Published

на

На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА

Avatar

Published

на

МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:

ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)

УСЛОВИ ЗА РАБОТА:

Пријатна и колегијална работна средина

Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа

3 слободни дена во неделата

Одлична / Екстра плата

Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:

078/314-801

МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.

Прочитај повеќе

Радовиш

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш

Media Press

Published

на

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.

Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.

Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.

Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.

Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Прочитај повеќе