Министерот за здравство, Венко Филипче, по објавениот
датум за избори упатува апел до сите политички партии одговроно да се однесуваат за спроведување на целиот изборен процес без загрозување на
здравјето на граѓаните.
„Во врска со договорениот датум за изборите, би сакал да испратам порака до сите политички партии и чинители кои учествуваат во изборниот процес. Барам апсолутно сите кандидати, партии, активисти, сите кои ќе бидат дел од камапањата да бидат одговорни и да ги почитуваат, без исклучок, сите протоколи за заштита од коронавирусот. Жарот на политичката битка не смее да го надвладее разумот и во ниту еден момент политиката не смее да се исправи пред здравјето на граѓаните. Барам секоја активност да биде целосно прилагодена на препораките. Очекувам сите политички партии да постигнат согласност околу начинот на водење на кампањата каде ќе се даде целосен приоритет единствено на активности кои нема да го загрозат здравјето на граѓаните“, – вели Филипче.
„Мораме сите да бидеме одговорни, да се спречи ширењето на
вирусот, да се намали притисокот врз здравствените институции, коишто ги
третираат овие пациенти заболени од КОВИД-19 вирусот, за да може што поскоро да
се отворат сите болници и клиники за граѓаните коишто имаат потреба и
пациентите. Со неодговорно однесување, со непочитување на мерките за заштита,
бројот на нови случаи нема да застане. Повторувам дека не постои друг начин за
спречување на ширење на епидемијата, ниту има каде било во светот. На тоа,
укажаа и најновите случувања во околните земји. Соочување со нови бројки на
нови случаи на пациенти по попуштање на рестриктивните мерки. Маска, дистанца и
апсолутно почитување на протоколите за работа е нешто кон што сите треба да се
придржуваме“, изјави министерот Филипче и додаде дека враќањето кон
рестриктивните мерки не е добра опција, заради тоа што, кое било следно
попуштање, без почитување на мерките, повторно ќе нѐ соочи со ова“ додава Филипче