Македонија

Бројот на новозаболени од Ковид-19 и понатаму троцифрен, 8 починати лица

Во последните 24 часа се регистрирани 134 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1.173 тестирања, соопшти Министерството за здравство. Од новите случаи, 97 се од Скопје, 11 од Тетово, 7 од Ресен, 5 од Куманово, 3 од Струга, по 2 од Крушево и Кичево и по 1 од Прилеп, Велес, Битола, Кавадарци, Валандово, Кратово и Неготино.Денеска се регистрирани и 8 починати пациенти.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа три лица од Скопје, пациент (68) хоспитализиран на 6 јуни, пациентка (65) хоспитализирана на 13 јуни и пациентка (76) хоспитализирана на 7 јуни. Во ГОБ „8 септември“ починаа две лица од Скопје, пациент (77) примен на 6 јуни и пациентка (77) хоспитализирана во болницата на 10 јуни.   На Клиниката за урологија почина пациент од Куманово (68). Во КБ Тетово починати се две лица на 13 јуни, пациент (67) и пациентка при прием (71). Позитивни резултати на КОВИД-19 на двајцата пациенти се потврдени постмортем.

Досега во земјата се направени вкупно 45.054 тестирање на КОВИД-19. Од направените тестирања во изминатото деноноќие, 95 се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Охрид, не се регистрирани позитивни резултати на КОВИД-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4.289, бројката на оздравени пациенти е 1757, на починати е 201.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago