Connect with us

Економија

Македонците потрошиле 10,1 милиони евра во домашните онлајн продавници

Avatar

Published

на

Пандемијата со корона вирусот имаше огромно влијание кон промена на навиките на домашните купувачи, кои голем дел од онлајн купувањето го пренасочија кон домашни е-продавници, наместо кон странски земји и странски онлајн продавници, што се потврдува со огромниот раст на трансакциите реализирани кон домашни е-трговци.

Како што соопшти Асоцијацијата за електронска трговија на Македонија (АЕТМ), повикувајќи се на податоците од Народната Банка на Република Македонија за безготовински платежни трансакции, влијание кон зголемување на е-трговијата има и затворањето на границите и проблемите со доцнењето со испораките на производи купени од странските земји и продавници, како и стравот од нарачка на производи кои потекнуваат, пред сè, од земји кои беа со голем број заразени лица од вирусот ковид-19.

Во текот на првото тромесечие од 2020 година, граѓаните на Македонија со домашни платежни картички кон македонски онлајн продавници потрошиле околу 28,9 милиони евра онлајн, што претставува пораст од 17,9 милиони евра или 61,5% во однос на истиот период претходната година.

Само во месец Април во споредба со просечниот месечен број на е-трговци има 4,5 пати повеќе регистрирани е-трговци, велат од Асоцијацијата и истакнуваат дека во текот на март и април до нашите банки се доставени 346 барања за отворање е-продавници, од кои пак не се сите регистрирани во е-трговци, бидејќи дел не биле комплетни.

прикажи повеќе
Advertisement

Економија

Се зголемуваат цените на горивата од ноќеска на полноќ

Avatar

Published

на

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,979 ден/кг и сега ќе изнесува 44,776 ден/кг.

Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува.

Спред тоа, од 26.3.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 95 – 85,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 98 – 87,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) -77,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) -76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС- 44,776 (денари/килограм)

Прочитај повеќе

Економија

По зголемувањето од 78% повторно зголемување на платите на функционерите од 300 до 500 евра

Avatar

Published

на

Ново покачување на функционерските плати. Ова зголемување ќе биде во зависност од позицијата а се работи за средства од 300 до 500 евра.

Со новото зголемување, претседателот на државата ќе зема околу 3 илјади евра плата, слична сума ќе има и премиерот, додека пратениците над 2 илјади евра.

Зголемување  на функционерските плати ќе има редовно секоја година бидејќи Уставниот суд ја укина фиксната основица, па сега, како расте просечната плата, така ќе растат и платите на министрите, судиите, обвинителите, градоначалниците, односно на вкупно 1.060 функционери.

Додека повеќето граѓани земаат минимална плата од околу 400 евра функционерите земаат пет пати повисока плата од обичниот работник, а цените во трговските и во услужните дејности се за сите исти. Затоа постои незадоволство кај граѓаните, кое го изразуваат само во меѓусебни разговори и во коментари на социјалните мрежи. Младите таквиот револт го изразуваат со иселување во странство, во потрага по подобар живот.

Прочитај повеќе

Економија

Од утре поевтинуваат бензините и дизелот

Avatar

Published

на

ЕУРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1) од полноќ поевтинуват за три, а бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за 2,50 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Според тоа, новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 83 денари, на Екстра лесното масло за домаќинство 82 денара. ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 81, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 83,00 денари за литар.

За 0,886 денари се намалува и цената на Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 45,087 денари.

Прочитај повеќе