Connect with us

Македонија

ГП „Богородица“ од денеска отворен за транзит, од Грција ги враќаат назад странските државјани

Виолета | Media Press

Published

on

Граничниот премин „Богородица“ од денеска официјално е отворен само за транзит на странци. За разлика од „Евзони“, рампите на граничниот премин „Богородица“ беа кренати за сите странски државјани.

 Километарски колони на граница но наместо на грчките плажи, обиколка низ Македонија, и повторно назад.

 ова им се случуваше на странските државјани кои денеска решија да заминат на одмор во Грција. Согласно владината уредба  за нив беше дозволен непречен транзит низ македонска територија, но проблемот се јави на грaничниот премин „Евзони“. Од таму сите возила беа вратени со образложение дека се уште немаат одлука за отворање на границите.

Најголемиот дел од туристите беа австриски и српски државјани. Веста дека може да патуваат во Грција ја слушнале од нивните домашни медиуми.

Тие  имаат право на транзит низ нашата држава, но нивното задржување не смее да биде подолго од пет часа од моментот кога ќе го остварат влезот.

До кога ќе бидат спуштени рампите на „Евзони“ за сега не е познато. Македонските погранични органи во текот на денот немаа добиено  никакво официјално соопштение.

 Според изјавите на туристите грчките службеници им соопштиле  дека влез преку во грција ќе биде можен од 1 јули.

Македонија

Потпишан меморандум за разбирање за безбедност на 5G технологии, помеѓу премиерот Заев и потсекретарот на САД Крач

Виолета | Media Press

Published

on

Претседателот на Владата Зоран Заев и Потсекретарот за економски раст, енергија и животна средина во Владата на Соединетите Американски држави Кеит Крач, денеска во 17.00 часот потпишаa меморандум за разбирање за безбедност на 5G технологии.

Continue Reading

Економија

Утврден Предлог на Законот за исплата на платите за месеците октомври, ноември и декември 2020 година

Виолета | Media Press

Published

on

Владата на последната седница го утврди Предлог на Законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено економската криза предизвикана од вирусот КОВИД-19, заради исплата на платите за месеците октомври, ноември и декември 2020 година.

Со овој закон, се уредуваат условите и постапката за добивање на финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот КОВИД-19, заради исплата на платите на работниците за месеците октомври, ноември и декември 2020 година.

На предлог на Министерството за финансии, денеска е утврден и предлогот за Закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, кој исто така како и Предлог законот за финансиска поддршка на работодавачите е дел од Пакетот 4 за справување со економската криза предизвикана од вирусот КОВИД-19.

Со денот на влегувањето во сила на измените и дополнувањата од Законот за данокот на додадена вредност од 1 јануари ќе се изврши ослободување од данок на додадена вредност за донации дадени кон буџетски корисници за справување со коронавирусот КОВИД-19. Исто така ќе се одложи рокот за плаќање ДДВ заради ликвидносна поддршка на компаниите.

Заради олеснување на процесот на издавање, пренос и прием на фактура, ќе се даде можност за користење на фактура во електронска форма (pdf или друг електронски формат).

Од 01 јануари 2021 година, се пропишува одредба за примена на повластена даночна стапка од 10% за продавањето храна и пијалаци за консумација на лице место и кетеринг услуги, со исклучок на алкохолни пијалаци.

Исто така од 01 јануари 2021 година, се пропишува одредба за примена на повластена даночна стапка од 5% за определени занаетчиски услуги коишто се вршат од страна на занаетчии коишто се запишани во занаетчиски регистар.

Continue Reading

Македонија

Честитка од претседателот Пендаровски по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Виолета | Media Press

Published

on

Претседателот Стево Пендаровски упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. Во рамки на одбележувањето на државниот празник, делегации од Кабинетот на Претседателот, денеска положуваат свежо цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје и Спомен куќата на Петар Поп Арсов во с. Богомила.

„Почитувани сограѓани, Ви го честитам 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. На овој ден се потсетуваме на основоположниците на македонското револуционерно движење, кои беа водени од праведни идеали и принципи што, во нашиот регион, беа пред своето време. Тоа беа идеали за слободна македонска република, втемелена врз демократски принципи, во која ќе има соживот меѓу различните етнички, верски и јазични заедници. На нив се надоврзаа илинденците и антифашистите кои се бореа и се изборија за нашата слобода и државност. 

Денес, 127 години подоцна, наша генерациска должност не е само да ги чуваме придобивките на нашите предци, туку и да го направиме следниот чекор. Да ја градиме Република Северна Македонија во напредна европска држава со функционални и одговорни институции, со владеење на правото и со слободно и инклузивно општество.

Годинава, празникот го одбележуваме во услови на глобална пандемија со КОВИД-19, која нè потсети колку е испреплетена нашата судбина и колку ние луѓето сме ранливи, независно од нашите етнички, верски, политички и социјални разлики. Овој предизвик што ги надминува нашите разлики е истовремено и можност преку солидарноста да постигнеме граѓанско помирување кое ни е толку непходно. Солидарноста мора повторно да стане наша врвна индивидуална и општествена доблест. Нека ни е честит 23 Октомври!“ стои во честитката од претседателот Пендаровски.

Continue Reading